Контакт

Спорт

Ѓоковиќ: Не ме интересира АТП-листата

Објавено пред

Откога стана тенисерот со најмногу недели минати на првото место на АТП-листата и продолжи да го подобрува сопствениот рекорд, Новак Ѓоковиќ изјави дека повеќе не го интересира пласманот на листата.

„Доаѓа до смена на генерациите, тоа го говорат и резултатите. Овие момци играат секоја недела. Тука се Рубљов, Беретини, Зверев, Циципас и другите играат одлично, освојуваат важни поени. Тука е Медведев, Тим е неколку години при врвот. Неизбежно е да ме симнат од врвот. Промените доаѓаат, дали тоа ќе биде за еден месец или за една година, тоа не го знам. Знам дека промените доаѓаат“, им изјавил Ѓоковиќ на новинарите во Рим и дополнил.

„Првото место повеќе не ме интересира. Сега ме интересираат само гренд слем трофеите“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Роналдо ја тргна „Кока-кола“, Погба истото го направи со „Хајнекен“

Објавено пред

Откако Кристијано Роналдо, на прес конференцијата пред мечот со Унгарија, ги тргна шишињата „Кока-кола“ и им порача на сите дека треба да пијат вода, сличен потег повлече и Пол Погба, по мечот со Германија.

Потегот на Роналдо, предизвика загуба на берзите за „Кока-кола“ од четири милијарди евра. Прашање е дали слично ќе помине и „Хајнекен“, чие шише, безалкохолно пиво, го трга Погба од масата.

Погба во 2019 година е муслиман. Оваа религија строго го забранува алкохолот.

„Исламот ме натера да сменам и да разберам некои работи во животот. Беше тоа добра промена во мојот живот, бидејќи јас не сум роден како муслиман“, рекол Погба.

Прикажи повеќе...

Спорт

Германија по ЕУРО ќе остане без Крос и Гундоган?

Објавено пред

Германија, со пораз од Франција (0:1), го започна настапот на ЕУРО 2020. Тековното првенство е последно на кое Германија ја предводи Јоаким Лев.

Веднаш по завршувањето на натпреварот, „Билд“, објави дека ова првенство може да биде последно и за големите германски ѕвезди, Тони Крос и Илкај Гундоган.

Според овој извор, новиот селектор, Ханс-Дитер Флик, во редот за врска планира да игра со Џошува Кимих и Леон Горецка. Ова значи дека Крос и Гундоган би биле резерви што никако не им се допаѓа.

„По ЕУРО, овие двајца ќе размислат дали и понатаму ќе играат за репрезентацијата“, пишува „Билд“.

Во текстот се наведува дека Матс Хумелс и Томас Милер, од репрезентацијата ќе се простат по завршувањето на Светското првенство во Катар.

Прикажи повеќе...

Спорт

Погба: Покажавме дека треба да се плашат од нас

Објавено пред

Актуелните светски шампиони, репрезентативците на Франција, со победа го почнаа Евро 2020. Франција во првото коло во Ф-групата ја победи Германија со 1:0.

Најголемите фаворити за првото место ја демонстрираа својата моќ, тактички одиграа совршен натпревар. Еден од најдобрите на теренот беше Пол Погба.

„На сите им е јасно што значи првиот меч на турнирот. Тоа е дуел што ви дава темпо за целиот турнир. Беше тешко, но на крајот мислам дека на нашите ривали им покажавме дека треба да се плашат од нас“, рекол Погба.

Франција во второто коло ќе игра против Унгарија. Натпреварот се игра в сабота на 19 јуни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет2 часа

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион2 часа

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија3 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет4 часа

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија4 часа

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет4 часа

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ19 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија21 час

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија23 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија24 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет1 ден

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија1 ден

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија1 ден

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија1 ден

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет1 ден

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет1 ден

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет1 ден

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија2 дена

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Досие