Спорт
Ѓоковиќ останува „крал“ во Мелбурн – осма титула по драматични пет сета против Тим!

Новак Ѓоковиќ ја освои својата 17. гренд слем титула, откако по осми пат го крена трофејот од Австралија опен, враќајќи се во драматични пет сета за 6:4/4:6/2:6/6:3/6:4 победа над Доминик Тим, продолжувајќи ја доминацијата на големата тројка на гренд слем турнирите.
А изгледаше дека е „готов“ и дека нервите конечно го „фатија“ откако влезе во беспотребна расправија со судијата на столче поради двете предупредувања кои ги доби, а во исто време 26-годишниот Австриец успеа да стигне до водство од 2:1 во сетови откако го загуби првиот сет. Покрај тоа, статистиката беше против него, во седум гренд слем финалиња во кои губел со 2:1 во сетови, Србинот ги имаше загубено сите.
Меѓутоа, кога беше најпотребно, во петтиот сет, тој направи ран брејк за да дојде до предност со малку среќа.
Even the best need a little luck!
Djokovic looks relieved as he takes a 2-1 lead in the fourth set after a touch of fortune…
?? Watch the #AusOpen final LIVE
? Eurosport 1
??? Eurosport Player: https://t.co/0Fa7uXMVB9 pic.twitter.com/hCk9I2mWWD— Eurosport UK (@Eurosport_UK) February 2, 2020
Веќе во следниот гем тој ја одбрани предноста спасувајќи две брејк-топки, за потоа да изддржи до крај за уште една историска победа.
Со трофејот, Ѓоковиќ дефинитивно покажа дека со право беше избран за најдобар тенисер на минатат деценија во изборот на АТП, бидејќи во Мелбурн има 8-0 скор во финалињата и покрај некои драматични мечеви. Со својот 17-ти голем трофеј, Ѓоковиќ се приближи на најдобрите – Рафа Надал со 19 и Роџер Федерер со 20 гренд слем титули, и ако продолжи вака, само прашање на време е кога ќе го помине и овој рекорд.
Како „шлаг на тортата“ доаѓа фактот што во понеделник, тој ќе се врати на првото место на АТП листата, симнувајќи го Надал.
За Австриецот, но и за другите (по)млади тенисери кои сакаат да ја симнат големата тројка Ѓоковиќ/Надал/Федерер од тронот, ова е уште еден „удар“, покажувајќи дека ветераните не мислат лесно да се предадат. Тим губи второ гренд слем финале, откако лани загуби од Рафа Надал во финалето на Ролан Гарос.
Новак ги губи нервите и мечот, виновен му е судијата (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ундав е решението за неефикасноста на германската репрезентација?

Денис Ундав играч на Брајтон, на позајмица во Штутгарт, ќе добие повик во репрезентацијата на Германија. Селекторот Јулијан Нагелсман е убеден дека со него ќе ја реши неефикасноста на националниот тим. Германија има само една класична деветка, тоа е играчот на Борусија Дортмунд, Никлас Филкруг.
Ундав, оваа сезона игра брилијантно, како и целиот тим на Штутгарт. Постигна девет гола на 12 натпревари.на крајот од сезоната „швабите“ ќе можат да го откупат од Брајтон за 12 милиони евра.
Ундав е роден во Ахин, Долна Саксонија. Неговите претци се од Турција, но се етнички Курди.
27. годишникот во малдинските категории не настапувал за ниту една репрезентација. Решил да го прифати повикот на Јулијан Нагелсман.
Спорт
Македонија У-19 доби противниците за пласман на ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години дозна со кои селекции ќе се соочи во елитните квалификации за пласман на ЕП во 2024 година.
Македонија во групата 7 ќе игра против Швајцарија, Украина и Летонија.
Само победниците на групите и домаќинот Северна Ирска ќе настапат на завршниот турнир.
Натпреварите во групата 7 ќе се играат од 18. до 26.март наредната година. Македонија од УЕФА ја доби организацијата на натпреварите во групата. ФФМ дополнително ќе реши дали тие ќе се играат во Скопје или во Струмица.
Спорт
Де Брујне на списокот на Сити за Светското клупско првенство

Белгискиот фудбалер Кевин де Брујне наскоро би можел да се врати на терените. Тој се најоѓа на списокот на играчи на Манчестер сити за претстојното Светско клупско првенство во Саудиска Арабија.
ФИФА денеска ги објави составите од 23 играчи за турнирот кој започнува на 12 декември, а името на Де Брујне привлече особено внимание бидејќи се очекуваше тој да се врати на терените во јануари, а не во декември.
32-годишниот белгиски фудбалер нема играно откако беше опериран во август. Тој се повреди во финалето на Лигата на шампионите против Интер на почетокот на јуни и се опорави за време на првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата против Барнли на 11 август.
Неодамна изјави дека закрепнувањето му оди добро, но дека не очекува да се врати пред крајот на годината.
Манчестер сити, кој ја претставува Европа како победник во Лигата на шампионите, натпреварувањето на Светското клупско првенство го започнува од полуфиналето. Противник на Сити во полуфиналето, на 19 декември, ќе биде или мексиканскиот клуб Леон или Урава од Јапонија.