Спорт
Ѓоковиќ полуде и ја „поздрави“ со пцовка публиката во Рим

Новак Ѓоковиќ го победи Феликс Оже-Алијасим со 7:5, 7:6 во одличен меч од четврт-финалето на Мастерсот во Рим и го задржа првото место на АТП листата најмалку до почетокот на Роланд Гарос.
Сепак, имаше и неочекувани проблеми за српскиот тенисер за време на мечот. Тој екстремно се налути по гласниот говор на еден фан на трибините, полуде и го „поздрави“ со пцовка. Ова откако го упати топчето во аут, без потребната концентрација.
Novak opsovao nepristojne navijače pic.twitter.com/XDSR6KNvYo
— sportsscandals (@sportsscandals1) May 14, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ по НБА кариерата сака да стане дресер на коњи

Никола Јокиќ, двократниот МВП на НБА лигата при посетата на Шведска откри дека неговиот сон по крајот на кошаркарската кариера е да биде дресер на коњи.
Јокиќ е во Шведска за „Елитлопет“, елитната коњичка трка, и вели дека по пензионирањето сака да се врати во својот Сомбор во Србија и да се посвети на својата втора љубов, коњите.
„Сонувам да се вратам во Србија и да бидам дресер. Мојата земја, за жал, е една од најлошите во ваквите тротинг трки и има можеби 150 такви коњи. Но, многу е забавно“, изјави Јокиќ.
Не е голема тајна дека Јокиќ има огромна љубов кон коњите. Тренерот на Денвер нагетс, Мајк Мелоун беше на гости во Србија овој месец за да му ја додели втората МВП награда, која Јокиќ ја доби во својата штала.
Alessandro Gocciadoro & Nikola Jokic på Solvalla 🔥🐴 pic.twitter.com/qSI2bZvLTk
— 🅿️eter Andersson 🇺🇦🎤 (@startsnabb) May 28, 2022
NBA 🏀 MVP Season 20-21 and 21-22 Nikola Jokić is warming up Vitruvio🐴 Participating in Sweden Cup during Elitloppet 2022!#elitloppet #elitloppet22 #Solvalla #viärsporten #nba #jokic #basketse @NBA pic.twitter.com/xXjfI9rFEr
— Solvalla (@Solvalla) May 28, 2022
Спорт
Марсело потврди дека заминува од Реал Мадрид со неверојатни 25 трофеи

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело по триумфот на „кралевите“ во финалето на Лигата на шампионите потврди дека си заминува од клубот, како фубалер со најмногу титули во дресот на „кралевите“, неверојатни 25 трофеи.
Тој почека да ја прослави титулата со своите соиграчи, по што потврди дека си заминува.
„Чувствувам голема радост и емоции. Тешко ми е да зборувам кога ги гледам семејството и моите соиграчи. Оваа сезона целосно ја заслужувавме. Ја освоив титулата од Лигата на шампионите пет пати, нешто што е тешко да се објасни. Ова е момент за младите момци кои го играа првото финале, а покажаа голема зрелост“, изјави Марсело.
Марсело покрај петте титули од ЛШ освои и четири трофеи од Светскиот клупски шампионат, три Европски суперкупови, шест трофеи од Ла лига, два од Копа дел реј и пет од Шпанскиот суперкуп.
Спорт
Зошто голот на Карим Бензема беше (правилно) поништен од ВАР?

Еден од моментите на вчерашното финале на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул предизвика огромен интерес и многу контроверзи, откако голот на Карим Бензема во финишот на првото полувреме беше поништен поради офсајд.
Французинот ја смести топката во мрежата, откако според францускиот судија Клемен Турпан беше во офсајд позиција и покрај тоа што топката до него пристигна од Фабињо. Уште почудно, зад линијата на Бензема беше Енди Робертсон.
Судијата и ВАР проценија дека топката ја упатува Федерико Валверде, иако последниот допир доаѓа од Фабињо. Покрај тоа, Робертсон не се смета како играч кој би го поништил офсајдот, бидејќи Бензема е зад голманот, односно Робертсон во оваа ситуација се смета за голман – уште поточно, кога голманот не е на своја позиција, мора да има барем двајца дефанзивци зад стрелецот на голот.