Контакт

Спорт

Ѓоковиќ преку Нишиока до осмина-финалето

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ со максимална победа над Јапонецот Јошихито Нишиока избори пласман во осмина-финалето на Австралија опен.

Бранителот на трофејот против Јапонецот на теренот мина нешто помалку од 90 минути. Ѓоковиќ победи со 6/3, 6/2, 6/2.

Во осмина-финелто Ѓоковиќ за противник ќе го има Диего Шварцман. Аргентинецот во третото коло со 3:0 го порази сонародникот на Ѓоковиќ, Душан Лајовиќ.

Покрај Ѓоковиќ и Шварцман досега пласман во осмина-финалето избори уште само Унгарецот Мартон Фучович.

Унгарскиот тенисер до најголемиот успех на грен-слем турнирите дојде за еден час и 47 минути игра против Американецот Томи Пол.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Замина уште една легенда – почина Радомир Антиќ

Објавено пред

Радомир Антиќ, српскиот тренер кој останува единствениот кој ги водел трите шпански гиганти, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона починал денеска на 72 години.

Легендарниот тренер живееше во Шпанија, а први веста за неговата смрт ја објавија Атлетико Мадрид, клуб со кој ја освои титулата во Шпанија.

„Семејството на Атлетико Мадрид жали по смртта на еден од нашите легендарни тренери, Радомир Антиќ. Тој секогаш ќе биде во нашите срца. Почивај во мир“, напишаа од Атлетико.

Антиќ како фудбалер играше во Партизан, Фенербахче и Сарагоса, а во својата богата тренерска кариера работеше и со Сарагоса, Овиедо, Селта, српската репрезентација и кинеските Шандонг Луненг и Хебеи Чајна Фортјун. Тој беше болен подолго време и последните денови од животот ги помина во болница.

Прикажи повеќе...

Спорт

По многуте критики, Ливерпул се откажа од владината помош

Објавено пред

Ливерпул официјално потврди дека ќе ги плаќа своите вработени 100 отсто и дека се откажува од владината програма со која овој клуб ќе добиваа 80 отсто помош од државата по големиот број критики од страна на поранешните фудбалери.

Лидерите во Премиер лигата беа остро критикувани за одлуката да ја искористат оваа можност на британската влада и покрај профитот од над 40 милиони фунти во 2019, а реагира дури и нивната навивачка група „Спирит оф Шенкли“, која побара да се објасни оваа одлука.

Извршниот директор на клубот, Питер Мур, објасни дека таа одлука е сменета.

„По консултацијата со нашите акционери, ги разгледавме опциите за најдобар исход за сите вклучени. Беше размислувано за повеќе сценарија вклучувајќи го и влегувањето во шемата на владата со плаќање 80 отсто од платата, но и поинакво финансирање на платите. Како резултат на оваа консултација, решивме да најдеме алтернативно решение за плаќање на нашите вработени. Сметаме дека минатата недела дојдовме до погрешен заклучок и се извинуваме за тоа. Нашата цел останува да се осигури безбедноста на сите вработени во клубот“, вели Мур во официјално соопштение на веб-страницата на клубот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тотенхем потврди: Сон ќе отслужи војска додека трае паузата

Објавено пред

Тотенхем потврди дека Сон Хеунг-Мин ќе ја комплетира четиринеделната задолжителна воена служба во Јужна Кореја додека трае паузата во Премиер лигата поради коронавирусот.

Вообичаено е мажите до 28 години во Кореја да отслужат 21-месечен воен рок, но Сон е изземен од оваа обврска откако беше капитен на фудбалската репрезентација,, која освои златен медал на Азиските игри во 2018 година.

Тој планираж да го отслужи своето во текот на летото, но сега, по рехабилитацијата на скршената рака, која ја доби на последниот меч од Премиер лигата, тој ќе оди во војска.

„Напаѓачот се врати во својата татковина на крајот на март и во моментовт е во карантин. Сони имаше операција на раката пред да се врати во февруари во Англија, но сега ќе ја отслужи воената служба во мај“, се вели во соопштението на Тотенхем.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

Борис Џонсон преместен на интензивна нега, му се влошила состојбата

Британскиот премиер Борис Џонсон е преместен на интензивна нега откако неговата состојба се влошила, соопшти Даунинг стрит. Тој синоќа беше...

Свет2 часа

Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од...

Македонија3 часа

На годишен одмор не мораат сите вработени во приватните компании, Инспекторатот за труд ја појасни уредбата

Неискористените годишни одмори од 2019 година, како и првиот дел од одморот за 2020 година, задолжително треба да ги користат...

Македонија6 часа

Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Еден од пациентите е од...

Свет7 часа

Во Русија создаден тест кој го открива коронавирусот за 40 минути

Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија...

Македонија7 часа

Од среда полицискиот час ќе почнува во 16 часот, а за време на викендите 24 часовна забрана за движење

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе одлука...

Топ8 часа

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на...

Македонија9 часа

(Видео) Сијарто му ја предаде на Чулев унгарската донација од 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи...

Македонија9 часа

АХВ препорачува да се избегнува користење автомати за кафе и апарати за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Македонија10 часа

(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО. На...

Регион10 часа

Брнабиќ: Србија за 10 дена почнува со лечење на заболените со крвна плазма

Во Србија за десетина дена ќе почне таканаречената плазна терапија за заболените со коронавирус, објави српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа...

Македонија11 час

Препораки за трудниците за време на пандемијата со коронавирус

Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во текот на бременоста? Што доколку здрава трудница има позитивен тест? Дали ако...

Македонија11 час

Мицкоски ѝ заблагодари на Унгарија за помошта: „Пријателите се познаваат во тешките моменти“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи упати благодарност до унгарската влада за помошта од 100.000 маски и 5.000...

Македонија12 часа

Унгарскиот шеф на дипломатијата во Македонија донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Со специјален воен каргоавион, унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сијарто, допатува во земјава директно до Унгарија со пакети помош...

Регион12 часа

Хрватска се подготвува да воведе пократка работна недела

Хрватскиот министер за труд, Јосип Аладровиќ, не ја исклучува можноста земјата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на...

Македонија13 часа

Казни за 30 лица кои за време на полицискиот час се шетале низ Скопје

Скопското обвинителство  достави до Основниот кривичен суд Скопје 28 предлози за издавање казни со кои се опфатени вкупно 30 лица,...

Свет13 часа

Тигар од зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирус

Надија, четиригодишна женка тигар од зоолошката градина во Њујорк, е позитивна на коронавирусот. Ова е првиот потврден случај на заразено...

Свет14 часа

„Не ги следев советите што им ги давав на другите“ – главната советничка за здравство во Шкотска поднесе оставка

Главниот советник за здравство на шкотската влада, Кетрин Калдервуд, поднесе оставка откако беше откриено дека ги прекршила советите за ограничувања...

Македонија14 часа

Филипче: Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите

Министерот за здравство, Венко Филипче, сподели фотографии на социјалните мрежа и порача дека треба да се одговара точно  на прашањата...

Свет24 часа

Премиерот на Британија повторно во болница, откако беше заразен од коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва бил пренесен во болница за да му бидат извршени дополнителни испитувања,  откако пред 10 дена...

Досие