Спорт
Ѓоковиќ: Си земаат слобода да ме прашаат дали сум вакциниран

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, призна дека е можно да го прескокне Австралија опен во јануари и додаде дека нема намера да открие дали е вакциниран против Ковид-19 откога за неговата одлука се крена многу прашина.
Иако претходно српските медиуми објавија дека тој се вакцинирал, српскиот тенисер зборуваше за плановите за Австралија опен во Мелбурн, каде што се очекува австралиските власти да постават одредени услови за настап.
„Засега планирам да играм во Париз, на мастерс-купот во Торино и во Дејвис-купот. Ја следам ситуацијата за Австралија и колку што разбрав, конечната одлука ќе ја донесат за две недели, односно во ноември. Не верувам дека ќе има многу промени од тоа што го знаеме и ќе има рестрикции“, вели Ѓоковиќ за српски „Блиц“.
За можноста вакцината да стане задолжителна, како што направија некои клубови во НБА-лигата, тој не сакаше да коментира.
„Го имам истиот став како и секогаш. Не сакам да откријам дали сум вакциниран или не. Тоа е лична работа и според нашиот закон, ти можеш да тужиш некого за такво прашање. Многу луѓе си земаат слобода да прашуваат такви работи и да те осудуваат. Што и да одговориш, тие ќе те злоупотребат“, додава Ѓоковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дмитровиќ повеќе нема да брани за Србија

Србија ги започна подготвките за престојните квалификациски натпревари со Литванија и Црна Гора, за пласман на Европското првенство.
Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, во своето прво појавување пред новинарите по Мундијалот во Катар, откри дека голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ решил да се повлече од националниот тим.
Дмитровиќ (31), го известил селкеторот дека сакал да им се посвети на клупските обврски во Севилја.
Дел од српските медиуми пренесуваат дека Дмитровиќ не бил задоволен од третманот што го има кај селекторот и дека поради тоа решил да се повлече. Наводно, на Пикси дополнително го ставил Дмиторвиќ на спискот, кога дознал дека ФИФА се уште не го одбрила настапот на Владан Ковачевиќ, инаку Србин од Босна и Хрцеговина, кој го прифатил повикот да го смени спортското државјанство.
Дмитровиќ во кариерата бранел на 19 натпревари за Србија.
Спорт
Карвахал тргна да се тепа со третиот голман на Барселона

Барселона вчера во „Ел Класико“ го победи Реал Мадрид со 2:1 и го направи клучениот чекор кон освојувањето на шампионската титула.
Барселона победи со голот на Франк Кеси постигнат во самиот финиш на натпреварт,
Десниото бек на Реал, Дани Карвахал, по натпреварот ги загуби нервите, видно исфрустриран од поразот, па влезе во конфликт со третиот голман на Барселона, Арнаут Тенас.
Тенас не не се повлече пред искусниот фудбалер, беше подготвен физички да се пресмета со Карвахал.
На крајот ситуацијата ја смируваа нивните соиграчи Тибо Куртоа и Роналд Араухо, кои ја задржаа ладнокрвноста и навреме реагираа за да ги разделат.
Arnau Tenas (Barca B Goalkeeper) pic.twitter.com/ElHaJt6zYW
— BarçaVerse (@_BarcaVerse_) March 20, 2023
Спорт
Свирежите за Меси од „Паркот на принцовите“ се слушнаа до Каталонија
Лионел Меси минува низ најтешкиот период во ПСЖ. Аргентинецот беше исвиркан пред и по натпреварот со Рен, кој „светците“ го загубија (0:2). За разлика од Меси, неговиот поранешен клуб, Барселона ги живее најдобрите моментит уште од неговото заминување во Париз.
Навивачите на ПСЖ го означија Меси за најголем виновник, за лошите изданија и елиминацијата во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Во контекст на ова одат и медиумските шпекулации дека во ПСЖ се премислиле и дека нема намера да му понудат нов договор на Аргентинецот.
Еден од капитените на Барселона и херојот на синоќешното „Ел Класико“, Серхи Роберто јавно му порача на Меси дека со раширени раце го чека соблекувалната.
„Кој не би бил подготвен за враќање на Лео? Не зборуваме многу за тоа, бидејќи тоа е тема за која одлучуваат тренерот и претседателот, но ние играчите ќе го пречекаме со раширени раце. Меси не го заслужуваат третманот што го добива во Париз“, рече Роберто.
PSG 0-2 Rennes
Mbappe dkk berikan applause fans PSG yang hadir dan menyaksikan kekalahan PSG di Std. Parc des Princess
Sementara itu, Messi langsung menuju lorong ganti. Dari gesturnya Messi udah enek tapi gaji gak dong. pic.twitter.com/nqcoEWXmlV— Siaran Bola Live (@SiaranBolaLive) March 20, 2023