Спорт
Гнабри за драматична победа на Баерн, Менхенгладбах се израмни со Лајпциг (видео)
Баерн Минхен со два гола во судиското продолжение успеа да стигне до тешко извојувана 3:1 победа на гостувањето кај Фрајбург, додека Борусија Менхенгладбах со лесни 2:0 го победи фенерџијата Падерборн за да се израмни со бројот на поени со лидерот РБ Лајпциг.
Баерн поведе против Фрајбург уште во 16. минута преку Роберт Левандовски, меѓутоа домаќините израмија преку Винченцо Грифо во 59. минута. Кога се очекуваше Баерн да направи нов „кикс“, во 92. минута Серж Гнабри го пронајде Џошуа Циркце за 2:1, за во 95. минута самиот Гнабри да ги постави конечните 1:3.
Со победата Баерн се искачи на третото место на табелата со 30 поени, пред Борусија Дортмунд (со ист број на поени, но со послаба гол-разлика) и четири поени зад лидерот РБ Лајпциг и Борусија Менхенгладбах, која без проблеми со 2:0 го совлада Падерборн. Мешаницата на врвот на Бундеслигата во најизрамнетиот шампионат по повеќе години го надополнува и Шалке, кој со 1:0 победата над Волфсбург е на петтото место со 29 поени.
БУНДЕСЛИГА, 16.КОЛО
Баер Леверкузен – Херта Берлин 0:1
Борусија Менхенгладбах – Падерборн 2:0
Ајнтрахт Франкфурт – Келн 2:4
Фрајбург – Баерн Минхен1:1
Волфсбург – Шалке 0:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.
Спорт
Капитенот на Реал го напушта клубот на крајот од сезоната
На капитенот на Реал, Начо Фернандез (34) му истекува договорот на крајот од сезоната. „Марка“ објави дека Начо го известил Флорентино Перез дека нема да потпише нов договор туку дека ќе го напушти клубот по истекот на постоечкиот.
Начо оваа сезона забележа 36 настапи и главно беше стартер, акумулирајќи 2497 минути на теренот. Сепак, тоа се должи на повредите на Давид Алаба, Едер Милитао и Антонио Ридигер.
Анчелоти претходно изјави дека случајот на Начо е идентичен со оној на Лука Модриќ и Тони Крос. Поточно, тој му порачал дека доколку како клупска легенда сака да потпише нов договор и да остане во Реал, може да го стори тоа. Очигледно тој решил поинаку.
Начо целата своја кариера е во Реал, со клубот освои 24 трофеи и одигра вкупно 348 натпревари, на кои постигна 16 гола, иако никогаш не беше прво име на одбраната.
Начо има 24 настапи и за шпанската репрезентација со која лани ја освои Лигата на нации. „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на пет милиони евра.
Според медиумите, Начо, кариерата ќе ја продолжи во Серија А, наводно прв фаворит за неговиот потпис е Интер.
Спорт
Пиоли ќе добие отказ, постои список со пет имиња за негов наследник
Стефано Пиоли ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, пишуваат италијанските медиуми. Тоа ќе биде крај на петгодишната соработка која на Милан му ја донесе првата титула во Серија А по 11 години во 2022 година. На „Сан Сиро“ веќе размислуваат кој ќе биде нов тренер, а моментално се издвојуваат пет кандидати.
Според „газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги.
Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома. Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Вулверхемптон, во минатото тој беше тренер на Реал и Севилја и селектор на Шпанија.
Како резервни опции се споменуваат Кристоф Галтиер, поранешниот тренер на ПСЖ кој сега го води катарскиот Ал-Духаил и Марсело Гаљардо, долгогодишниот тренер на Ривер Плата, кој моментално го тренира саудискиот Ал-Итихад.
Во потрагата по нов тренер се приклучи и клупскиот советник Златан Ибрахимовиќ, а „Тутоспорт“, пишува дека тој го предложил Марк ван Бомел. Ван Бомел е актуелен тренер на Антверпен, со кој беше и шампион на Белгија, а во Милан играше во сезоната 2011/12 кога му беше соиграч Ибрахимовиќ.