Спорт
Годишнина од смртта на Аиртон Сена
На денешен ден пред точно 27 години, на трката за Големата награда на Сан Марино, смртно страдаше легендарниот бразилски возач Аиртон Сена.
Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, животот го загуби на 34-годишна возраст.Тој ден, на патеката „Енцо и Дино Ферари“, при брзина од преку 300 километри на час, на откажа управувачот во болидот на „Вилијамс“. Во полна брзина Сена удри во ѕидот во свиокот „Тамбурело“.
Ден претходно, на истата патека, за време на квалификациите, речиси на истото место смртно страдаше и младиот Австриец, Роланд Раценбергер.
Овие две трагедии, засекогаш ги сменија работите во Формула 1.
Аиртон Сена, во кариерата, победил на 41 трка, а уште 39 пати се искачувал на победничкиот пиедестал. Освоил три шампионски титули (1988, 1990, 1991) сите како возач на Мекларен.
Запаметен е како кралот на квалификациските сесии. Никој како Сена не возел на трките во врнежливи услови.
И сега, по 27 години, многумина се прашуваат што ќе се случуваше со овој спорт, доколку не се случеше оваа трагедија.
Сена беше еден и единствен, различен од сите по начинот на возење.
Некои не го сакаа, на многумина им беше идол, но едно е сигурно, беше и остана недопирлив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.