Контакт

Спорт

Ѓоковиќ со поддршка до Лина и најава за меч со неа и Калин Ивановски во Македонија

Објавено пред

Од специјалниот известувач од Вимблдон, Ненад Живановски – Столиќ

Новак Ѓоковиќ многу пати изјавувал дека го следи тенисот во регионот и се обидува, колку е во негови можности, да ги поддржи останатите тенисери. Известувачот на „Макфакс“ од Вимблдон, на воведната прес конференција го праша Новак дали е запознат дека на овој турнир по прв пат во македонската тениска историја, Македонија ќе има и свој претставник на главниот турнир, Лина Ѓорческа и дали би сакал да ѝ даде совет и поддршка пред првиот меч?

„Да, го пратев нејзиниот настап од пред два дена кога се квалификуваше, така што големи честитки за неа и за македонскиот тенис, кој, како што рековте, ја испишува својата историја на овој Вимблдон. Се надевам дека ова може да биде еден голем успех на највисокото ниво на тенисот, кој ќе им ги отвори вратите на младите и ќе им покаже на луѓето во Македонија, кои имаат желба и аспирација да се бават со тенис, дека е можно да се успее. Слично беше и со Србија, која, сепак, го имаше Слободан Живојиновиќ и Моника Селеш, како тенисери кои успеале на светско ниво, но, потоа, долги низ години немаше никој. Поради војната, тоа беа едни тешки и предизвикувачки години за српскиот народ, така што тенисот како скап и поприлично непристапен спорт, во однос на некои други тимски спортови, едноставно не произведуваше тенисери од нашиот регион кои можеа да се пробиваат на светско ниво, освен, можеби, од Хрватска.

Многу ми е драго за Македонија, и мене ми се наближува моментот кога ќе ја посетам Македонија, и јас се надевам дека тој момент ќе дојде во многу блиска иднина, бидејќи навистина имам голема желба да ја посетам вашата земја. Можеби и нешто би организирале со Лина и со Калин Ивановски, со кого имав можност да тренирам сега пред Вимблдон во Грција.

Секако дека следам, и се обидувам, како што спомнавте, со совети и на други начини да ги поддржам и потстрекнам на поголем развој на тенисот во сите земји од регионот. До сите ми е станато, и сакам да имаме што повеќе успешни тенисери од нашите земји“ – изјави Ѓоковиќ за Макфакс на Вимблдон.

Најново

Регион1 час

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви....

Македонија2 часа

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна...

Забава2 часа

Три едноставни тестови откриваат дали доматот е навистина квалитетен

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја...

Македонија3 часа

(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека...

Регион3 часа

Хотелиерите на Халкидики и Солун ќе ги сместат погодените од големиот пожар во Сивири

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак...

Топ3 часа

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информира Министерството за внатрешни...

Свет4 часа

Унгарија итно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето...

Регион4 часа

(Видео) „Изгубивме сè“ – маж и жена од Сивири го изгубија домот во шумскиот пожар

Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил целосно уништен од шумскиот пожар...

Регион5 часа

(Видео) Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија...