Спорт
Големото засилување на Црвена звезда зад себе има мрачно минато
Фудбалерот Силас Катомпа Мвумпе пристигна како големо засилување на Црвена звезда од германски Штутгарт, а зад него има неверојатна приказна. Неговата кариера на почетокот ја обележаа измами и манипулации.
Пролетта во 2021 година, Силас, самиот призна дека бил жртва на измама од поранешниот менаџер и дека играл под лажно име и идентитет. На почетокот на јуни 2021 година, фудбалерот на челниците на Штитгарт им открил дека тој не е Силас Вамангитука роден 1999 година, туку дека е Силас Катомпа Мвумпе, роден во октомври 1998 година во Киншаса, ДР Конго.
Менаџерот измамата ја започнал во 2017 година кога фудбалерот бил на прба во Андерлехт. Иако бил пред трансфер во Андерлехт, менаџерот го советувал да се врати во ДР Конго пред да му истече визата и повторно да аплицира за влез во Европа.
Како млад играч без искуство и поддршка, Силас имал целосна доверба во менаџерот кој цело време го лажел. Во овој период, Мвумпа немле пристап до неговите финансии и документи.
Кога го направил лажниот идентитет менаџерот издејствувал трансфер во ФК Париз.
Пред три години Штутгарт објави дека му верува на фудбалерот и дека измамата менаџерот ја направил за да ги раскине врските помеѓу фудбалерот и неговиот матичен клуб од ДР Конго, со цел ФК Париз да не плати обесштетување. Силас потоа од ФК Париз се пресели во Шутугарт.
Блесна во вториот дел од сезоната 2020/2021, кога и реши да открие дека цело време играл со лажен идентитет.
Штутгарт и фудбалерот за ова потоа ги информирале Бундес лигата и Фудбалскиот сојуз на Германија, кој му изрече три месечна суспензија и парична казна од 30.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Туван го лансираше Удинезе на челната позиција во Серија А
Фудбалерите на Удинезе со пресврт победија во Парма со резултат 3:2 (0:2) и по четвртото коло се искачија на челната позција на табелата во Серија А.
Парма на полувреме имаше предност од два гола, но победата ја однесоа гостите од Удине.
Дел Прато во втората минута им донесе предност на домашните, додека Бони ја удвои во 43. минута. Во двете ситуации, словенечкиот стопер Јака Бијол реагираше многу слабо.
А потоа во паузата на „Енио Тардини“ се се смени и „зебрите“ одиграа сосема поинаку отколку во првите 45 минути.
Најпрвин Лука веќе во 49. минута ја намали негативата на гостинскиот тим, а потоа на сцена стапи Флоран Туван.
Французинот најпрвин го израмни резултатот во 68. минута, а во 77. погоди за 3:2.
Парма во 73.минута остана со играч помалку, поради два жолти каротни Кеита беше исклучен.
Удинесе со три победи и еден нерешен резултат ја предводи Серија А со 10 поени, еден повеќе од Наполи и два повеќе од Интер, Јувентус и Торино.
Спорт
„Ферстапен е најдобриот возач во историјата на Формула 1“
Герхард Бергер, поранешниот возач на Ферари во Формула 1, нема дилема кој е најдобриот на сите времиња.
Австриецот во преден план го стави актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.
„Тој ја има таа неверојатна способност да го избере вистинскиот момент за претекнување. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон“, изјави Бергер.
На пофалбите за Холанѓанецот им немаше крај.
„Макс е секогаш на вистинското место во вистинско време. На стартот, во првиот свиок, во дуел. Никој не го прави тоа подобро од него. Затоа мислам дека тој е најдобриот кој некогаш ја возел формулата“, вели Бергер.
Ферстапен досега има остварено 61 победа во кариерата и има три светски шампионски титули со добри шанси да освои четврта. Сепак, тој е се уште далеку од Хамилтон и Шумахер по бројот на вкупни победи и титули, кои освоија по седум пехари наменети за најдобриот во генералниот пласман.
Спорт
„Ѓоковиќ гоат? Лудо е да се дискутира за тоа“
Руската тенисерка Дарија Касаткина проговори за „големата тениска тројка“ во која се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Таа истакна дека тројцата немаат конкуренција, прво рече дека не можат да ги споредуваат Рафаел Надал и Карлос Алкарас, но дека единственото нешто што им е заедничко е тоа што двајцата се од Шпанија, а потоа беше прашана за „големата тројка“.
„Тие тројца се недостижни“, рече Касаткина, по што брзо беше прашана дали Новак е чекор понапред.
„Знаете, кога некој има идол, го сака без разлика на резултатите и дали се споредливи и во мојот случај, бидејќи почнав од детството“, рече Русинката чиј идол е Рафаел Надал и продолжи:
„Објективно, гледајќи ги резултатите, Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, лудо е да се дискутира за тоа. Се друго е прашање на вкус“.