Спорт
Голманот на Ајакс суспендиран оти испил погрешна таблета
Голманот на Камерун, Андре Онана, открива поради што беше надвор од фудбалот цели 12 месеци.
Голманот на холандски Ајакс беше на чекор до трансфер во Челси, играше полуфинале во ЛШ, а тогаш еден погрешен потег го одвои од теренот.
Во текот на репрезентативната пауза настапувајќи за националниот тим, Онана добил позитивен тест на корона. Лекарите во неговата крв пронашле „фуросемид“, а голманот истакнува дека до тој момент никогаш не слушнал за тој лек.
„По разговорот со луѓето во Ајакс, ја викнав девојка ми Мелани. Бев убеден дека е некоја грешка, а тогаш таа рече: `Андре, тој лек… е оној што докторите ми го дадоа во текот на бременоста’“, раскажал Онана за „Плејерс трибјун“.
Од клубот експресно реагирале, а кога чуварот на мрежата дошол дома, проверил и се уверил дека дошло до грешка. Во неговиот орман, покрај таблетите за главоболка, биле и апчињата што ги користела неговата девојка.
„Се вратив од Камерун, па клупскиот доктор дојде кај мене. Потврди што сѐ има во орманот. Ги измешав кутиите. Изгледаа идентично, мала пилула од 40 мг“, рекол Онана.
Им објаснил за што станува збор, но УЕФА не се смилувала на него и не му ја намалила суспензијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.