Спорт
Гранит Џака – мета за потсмев на Островот (видео)

Новиот капитен на Арсенал, Швајцарецот Гранит Џака стана мета за потсмев во Англија по неговата млитава и плашлива реакција при постигнувањето на голот за Манчестер Јунајтед на синоќешното дерби со „топчиите“.
МекТоминај шутираше силно кон голот на Де Хеа од дваесетина метри по средина, а топката одеше право во главата на Џака. Иако се чинеше дека Швајцарецот ќе го изблокира ударот, тој сепак ја наведна главата, топката помина над него и заврши во горниот дел од голот на Арсенал за водство за домаќините во последните секунди од првиот дел.
Се чини дека Обамејанг со својот гол за реми на „Олд Трафорд“ го „извади“ својот капитен кој од неодамна е со капитенската лента на раката. Прашање е дали и понатаму Џака ќе биде предводник на „топчиите“
Погледнете:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Берзански шок – вредноста на Јунајтед преку ноќ падна за 200 милиони долари

Берзанските движења (акциите) конкретно за Манчестер јунајтед даваат најдобар одговор на прашањето зошто клубовите сакаат да се „откачат“ од УЕФА и да направат свое натпреварување.
Пред три дена, кога беше јасно дека ќе се формира Суперлигата, цената на акциите на „црвените ѓаволи“ од 16,17 долари скокнаа на 17,60, што веднаш ја зголеми вредноста на клубот за околу 200 милиони долари.
Сепак, синоќешните случувања откако стана јасно дека нема ништо од формирањето на Суперлигата (барем засега) направија нова промена на берзата.
Акциите на Јунајтед наеднаш паднаа на истото ниво како и пред некој ден, дури и пониско.
Ако е точно тоа што го пишува шпански „Мундо депортиво“, англиските клубови сепак најдобро ќе поминат. Шпанскиот весник пишува дека УЕФА им дала огромни пари на Премиерлигашите за да ја напуштат Суперлигата.
Спорт
Дебакл на Македонија во Скопје–Неагу и колешките со стил се пласираа на СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија со нов убедлив пораз од Романија, овојпат на домашен терен во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“ со 20-35 го заврши баражот за пласман на Светското ракометно првенство. И по 9 години нашите најдобри ракометарки не успеваат да се пласираат на едно големо натпреварување.
Се беше познато уште по првиот меч одигран во Букурешт, во кој Романките славеа со +11 (33-22).
Девојките предводени од Симе Симовски го загубија првото полувреме со 18-10 иако воведот на мечот навестуваше поинаков расплет.
За кратко по стартот Македонија поведе со 3-1, но сето останато потоа во триесетте минути од првиот дел беше во знакот на феноменалната Кристина Неагу (која во второто полувреме доби поштеда од селекторот Василе) и нејзините репрезентативни колешки. Набрзо со серија од 4:0 Романија го презеде водството.
Предноста за Романија постепено растеше за највисоки +8 по крајот на првиот дел.
Слична поставеност на теренот и во второто полувреме.
Македонските ракометарки грешеа во нападот, а Романките од контри и полуконтри ја казнуваа секоја наша грешка за конечни 20:35.
Најпрецизни во победничката селекција беа Моиса со 8 гола и Пинтеа со 4 гола.
Најпрецизни кај Македонија беа Герогиевска со 6 и Ливриниќ со 5 гола.
Освен Романија, пласман на Мундијалот преку бараж дуелите досега обезбедија и селекциите на Русија, Чешка, Австрија, Унгарија, Германија и Црна Гора.
Спорт
Шок вест за Нетси – Харден нема да игра сѐ до плејофот

Бекот на Бруклин Нетс, Џејмс Харден – Брадата, има проблеми со закрепнувањето од повредата на задниот мускул на ногата. Иако изгледаше дека закрепнувањето оди како што треба и сѐ поблиску е враќањето на паркетот, од клубот информираат дека дошло до влошување на состојбата и сега останува дилемата кога кошаркарот ќе се врати во стројот.
Харден е надвор од терените од 5 aприл кога се повреди на мечот против Њујорк Никс.
„Се вративме на почетокот на рехабилитацијата. Ќе се врати кога ќе може да се врати. Можеби тоа да е за плејофот, а можеби и пред тоа“, рече тренерот на екипата, Стив Неш.
Минатиот викенд генералниот менаџер на екипата, Шон Маркс, беше многу оптимистичен и рече дека Брадата ќе почне со тренинзи за 4-5 дена, но сега ситуацијата е поинаква.
Харден е деветкратен НБА-олстар, троен најдобар стрелец на лигата и МВП за сезоната 2017/2018.
Пред сезонава да дојде во Бруклин Нетс, настапуваше за Хјустон, односно за Оклахома.
Пред повредата се сметаше дека тој е еден од најсериозните кандидати за МВП-титулата. Откако ги засили „мрежичките“, има 25,4 поени, 8,7 скока и 11 асистенции од меч.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?