Спорт
Грилиш постигна гол по 392 дена, Сити го декласира Салфорд
Манчестер сити доминантно избори пласман во четвртото коло во ФА купот. „Граѓаните“ со 8:0 го победија Салфорд, клуб чии газди се Рајан Гигс, Гери и Фил Невил, Пол Сколс и Ники Бат.
Се започна со голот на Џереми Доку во осмата минута, на асистенција на Џек Грилиш.
Во 20. минута погоди дебитантот Дивајн Мубама, а младиот Нико О’Рајли во 43. минута го постигна третиот гол.
Грилиш, во вториот дел реализираше пенал, тоа е негов прв гол (во кое било натпреварување) од 16 декември 2023 година, кога постигна гол против Кристал Палас. Од тој натпревар поминаа 392 дена.
Манчестер сити има постигнато осум или повеќе голови на еден натпревар од ФА Купот за прв пат во 92 години. Џејмс Мекати е првиот Англичанец кој постигнал хет-трик во ФА Купот за Сити по Роби Фаулер во 2006 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ИХФ парично го казни РФМ и ја предупреди Македонија дека може да игра и без публика на СП
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Светската ракометна федерација (ИХФ) ја казни Ракометната федерација на Македонија, но и Ракоментниот сојуз на Хрватска за случувањата по завршувањето на натпреварот Македонија-Холандија, во Вараждин.
Натпреварот заврши со победа на Холандија 37:32. Македонските навивачи, незадовлни од судењето на данската двојка Хансен-Мадсен, во финишот на натпреварот фрлаа предмети на теренот, а откако натпреварот заврши продолжија поради што Холанѓаните веднаш се повлекоа во соблекувалната.
ИХФ соопшти дека Ракометната федерација на Македонија е казнета со 10.000 швајцарски франци за инцидентот кој го иницираа македонските навивачи. Со 10 швајцарски франци е казнет и Ракометниот сојуз на Хрватска како организатор на натпреварот.
Во соопштението ИХФ потенцира дека дека секој сличен инцидент ќе значи бркање на македонските навивачи од натпреварите, а Хрватска како домаќин ќе остане без организација на натпревари во Вараждин.
ИХФ му налоѓи на организаторот , да го затвори просторот за гледачи зад тимските клупи.
Спорт
(Видео) Арсенал испушти предност од два гола, Астон Вила освои бод во Лондон
Арсенал и Астон Вила ремизираа 2:2 во Лондон во возбудливото дерби од 22. коло на англиската Премиер лига.
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, повторно беше кобен за својот поранешен клуб, откако минатата сезона буквално ги остави без титула, тогаш со неговиот тим победи во Лондон. Од тој натпревар Манчестер сити го презеде првото место и ја задржа предноста.
Сега тој повторно ги оддалечи „топчиите“ од трофејот што го чекаат од 2004 година, бидејќи Арсенал е на второто место со шест бода помалку и натпревар повеќе од Ливерпул.
Ниту водството од 2:0 во 55. минута, кое го обезбедија Мартинели во 35. и Хаверц во 55.минута, вечерва не му беше доволно на Арсенал.
Тимот на Микел Артета го шокираа Тилеманс во 60. и Воткинс во 68.минута.
По ова реми, Вила е седма на табелата со 36 бодови, но е на само два бода помалку од позицијата која води во Лигата на шампионите.
Спорт
(Видео) Јувентус за пет минути го реши Милан
Фудбалерите на Јувентус славеа против Милан во дербито од 21. коло на Серија А со 2:0 Головите за старата дама ги постигнаа Ембангула во 59. минута и Тимоти Веа во 64. минута.
Ова е втор триумф на Јувентус во последните девет натпревари. Во оваа серија Јувентус седум пати одигра нерешено.
По оваа победа Јувентус го прескокна Лацио и сега е на четвртото место на табелата со 37 бодови, додека Милан и покрај поразот остана на осмото место со 31 бод.
Јувентус и Милан по овој натпревар ги очекуваат предизвици во Лигата на шампионите. Црно-белите ќе играат против Клуб Бриж на гости, додека Милан на домашен терен го очекува дуел против Џирона.