Спорт
Гризман: Меси знае дека го почитувам и дека му се восхитувам

Антоан Гризман пред 18 месеци направи трансфер во Барселона. Атлетико за него доби 126.000.000 евра, а Барса, според многумина, лошо засилување. Гризман е третиот најскап фудбалер во историјата на клубот од „Камп ноу“.
Од првиот ден е изложен на критики, медиумите до детаљ го анализираат неговиот однос со Лионел Меси, односот со тренерите, статистиката…
Францускиот репрезентативец си ја отвори душата во шоуто на Хорхе Валдано, ѕвездата на Реал и Аргентина од 80-тите години на минатиот век.
Гризман денес е главна тема во шпанските медиуми, кои вадат делови од интервјуто.
„Тешко и депресивно е тоа што секое утро гледам и читам лоши вести за себе и тимот. Зад нас е тешка година, но верувам дека имамем тим што е способен да оствари големи резултати. Тоа мораме да го докажеме на теренот, како поединци и како тим. Сигурно дека фактот што играме на неколку дена во Шпанија и Европа нема многу да ни помогне во тоа поради тоа имаме многу повредени играчи“, рекол Гризман.
Проговорил и летниот преоден рок во 2018 година кога реши да остане во Атлетико иако им ветил на челниците на Барселона дека ќе го напушти Мадрид. Трансферот го реализира една година подоцна.
„Првиот ден кога дојдов во Барселона разговарав со Лео. Ми кажа дека сум го за…в бидејќи годината претходно одбив да се преселам во Барселона. Тој од челницте на клубот побарал да ме донесат на ‘Камп ноу’. Исто така, ми кажа дека е со мене и тоа го покажува секој ден. Лео знае дека јас многу го почитувам и дека му се восхитувам“.
Францускиот ас појаснил дека кога ја одбил Барселона во 2018 година, имал проблеми со целото семејство бидејќи сите сакале да игра за Барса. Една година подоцна, одлуката да замине ја донел кога од клубот заминале Лукас Ернандез (Баерн Минхен) и Диего Годин (Интер).
Неодамна неговиот поранешен менаџер Ерик Олтхас за лошата форма на Гризман во Барселона го обвинил Меси. Гризман му објаснил на Валдано кој е Олтхас.
„Со поранешниот менаџер Олтхас немам контакт откако се оженив. Го поканив на свадбата, тој не се појави и оттогаш немам никаков контакт со него. Новинарите секогаш го бараат за коментар бидејќи мојот татко и мојата сестра не сакаат да даваат изјави. Мојот вујко Емануел Лопез не знае како функционира фудбалот. Секој негов разговор со новинарите изгледа како тие да ги вадат речениците од него. Му кажав на Лео дека не разговарам со мојот вујко, дека немам ниту негов телефонски број“.
Напаѓачот на Барселона е свесен дека игра во лоша форма, смета дека за тоа е виновна смената на тренерите.
„За 18 месеци, сменивме тројца тренери. Секој од нив имаше поинаква визија. Валверде ме ставаше на крилото, таа позиција не е моја. Кај Сетиен еден меч играв, еден не. Мојот татко му се јави еднаш да го праша зошто така се однесува со мене. Јас не сакав да се мешам. Летово дојде Куман. Мислам дека е јасно оти немав време да се приспособам на сограчите. И, капак е смената на претседателот, а сите кандидати за нов претседател расправаат на темата дали сум јас играч за Барселона или не. Мислам дека тоа не е нивна работа“, заклучил Гризман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
СПАЛ и Бреша заинтересирани за Несторовски

Илија Несторовски до крајот на преодниот рок би можел да замине од Удинезе. Несторовски, од почетокот на сезоната, има одиграно само 252 минути за Удинезе.
Удинезе, во саботата, одигра 0:0 против Интер, а Несторовски мечот го мина на клупата за резерви.
Италијанските медиуми пренесуваат дека неколку клубови се заинтересирани за услугите на напаѓачот.
Според шпекулациите најголем интерес за Несторовски има кај два клуба од Серија Б, СПАЛ и Бреша.
Спорт
Червар поднесе оставка: Заминувам, време е за нов човек

Селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска, Лино Червар, по шокантниот пораз од Аргентина (19:23), ја понуди својата оставка. Червар во целост ја презеде одговорноста за катастрофалното издание на неговите избраници. Хрватска по овој пораз има минимални шанси да се пласира во четврт-финалето.
„Не игравме добро и поради тоа сум изненаден. Бев убеден дека денес ќе бидеме добри. За мене ова е големо разочарување. Морамме да ја преземеми одговорноста. За мене ова е недозволиво. Мислам дека е време некој да ме замени на ова место. Не можам повеќе понатаму. 250 натпревари има со репрезентацијата. Одговорноста е моја. Не бегам од тоа. Жал ми е што заминувам, но ова е моја конечна одлука. Му давам целосна поддршка на новиот селектор. Жал ми е поради овој натпревар. Се беше во пристапот. Аргентина имаже повеќе желба, ние не чувствуваме глад за победите. Во животот има подеми и падови, Сојузот ќе мора да најде нов селектор. Нема да ја сменам одлуката, време е за нов човек. Можеме да се извлечеме против Данска, но ова го зборувам за она што ја очекува репрезентацијата во иднина“, рекол Червар.
Спорт
Аталанта го прегази Милан, кикс на Интер против Удинезе

Аталанта, во Милано, го декласира Милан со 3:0, во 19.коло. Поразот на Милан не го искористи Интер кој одигра 0:0 кај Удинезе. Ремито „Фриули“, македонскиот репрезентативец од Удинезе, Илија Несторовски, го гледаше од клупата за резерви.
Аталанта целосно го надигра лидерот на табелата Милан, а до победата тимот од Бергамо го предводеа Јосип Иличиќ и Дуван Запата.
Екипата на Џанпјеро Гасперини до победата дојде со головите на Ромеро во 26., Иличич со гол од пенал во 53. и Запата во 77.минута.
Милан и покрај вториот пораз во сезоната останаа лидери на табелата со 43 бода, два повеќе од Интер. Аталанта се проби на четвртото место со 36 бода.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот