Спорт
ГРК Охрид се исплаши од победата, Вардар 1961 го освои Купот на Македонија
Вардар 1961 ја освои титулата во Купот на Македонија, откако во драмаѕичното финале, во Струмица го победи ГРК Охрид со 24:23 (13:12). Црвено-црните 18-ти пат го кренаа трофејот наменет за победникот во Купот.
Финалниот меч понуди голема борба, пресврт на Вардар 1961 во последните 15 минути и незивесна завршница, во која ракометарите на Охрид имаа 35 секунди, но не успеаја да изборат продолженија.
Црвено-црните подобро влегоа во натпреварот, водеа со 6:2, 8.4, Охриѓани полека фаќаа ритам, дојдоа до 12:12, а на полувреме црвено-црните заминаа со гол предност.
Второто полувреме, започна израмнето, во 39-та минута беше 17:17, кога во серија одбрани влезе голманот Пилиповиќ и му овозможи на својот тим предност 20:17, потоа 21:18.
Од тој момент започнаа проблемите во играта на Охрид, како да се исплашија од победата играчите на тренерот Ројевиќ. Голема улога во пресвртот на Вардар 1961 имаше голманот Валах, со неколку брилијантни интервенции.
До крајот на натпреварот постигнаа само два гола, еден од игра еден од седум метри, промашија два седмерци, а кога имаа шанса да изборат продолженија, цели 35 секунди одиграа ужасен напад.
Малус го предводеше скопскиот тим со со осум гола, два помалку постигна Хориха, голманот Валах на крајот собра 10 интервенции, една повеќе од колегата Пилиповиќ на спротивната страна. Стрелците кај ГРК Охрид ги предводеа Ѓукиќ и Јасухира со по пет гола.
Foto/ facebook.com/rkvardar
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата
Драмата околу враќањето на кошаркарскиот клуб од Дубаи во татковината продолжува. Клубот од Обединетите Арапски Емирати се заканува дека ќе ја напушти АБА лигата.
Дубаи се пресели да игра во Сараево поради војната на Блискиот исток, но по испаѓањето од Евролигата одлучи да се врати во Обединетите Арапски Емирати.
„Во договор со лигата, испративме писмо до Клуж и Будуќност за да разјасниме дали имаат административни пречки да патуваат во Дубаи, бидејќи тие не одговорија до вторник напладне, објавивме дека се враќаме дома. Будуќност подоцна зазеде став дека не се согласува со тоа, односно дека не сака да игра натпревари во Дубаи затоа што некои играчи не сакаат да дојдат“, тврди неименуван извир на „Спортал“.
Тимот се врати во ОАЕ, а во меѓувреме, АБА лигата одлучи Дубаи да продолжи да игра на неутрален терен.
Наводно, клубот верува дека челниците на АБА лигата направиле грешка затоа што наместо писмо, требало да организираат состанок со клубовите, каде што ќе разговарале за враќањето на Дубаи во татковината.
Соговорникот на споменатиот извор тврди дека Дубаи очекува промена на одлуката, и дека доколку тоа не се случи, сигурно ќе ја тужат лигата, што би довело до потенцијална разделба.
Foto/ ABA league
Спорт
Нојер ќе брани за Германија на СП
Легендарниот германски голман Мануел Нојер (40) е на проширениот список на Јулијан Нагелсман за претстојното Светско првенство, а според германските медиуми, договорено е неговото враќање во репрезентацијата по пензионирањето во 2024 година.
Наводно, селекторот и голманот на Баерн се сретнале и се согласиле Нојер да се врати во репрезентацијата.
Сепак, ова наводно не му гарантира место меѓу 26-те патници на Светското првенство, а конечниот список треба да биде објавен на 21 мај.
Нојер се збогува со репрезентацијата во 2024 година откако беше елиминиран од Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство.
Тешко е да се очекува дека Нојер ќе оди на СП за да биде втор или трет голман и ако е на списокот, јасно е дека ќе биде „единицата“ на Германија.
Во тој случај, цехот би го платил голманот на Хофенхајм, Оливер Бауман, кој беше виден како стартер за „Панцерите“ на Светското првенство.
Германците ќе бидат дел од групата Е на Светското првенство, а нивни ривали ќе бидат Брегот на Слоновата Коска, Еквадор и Курасао.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Бекам е првиот британски спортист милијардер
Дејвид Бекам стана првиот британски спортист кој станал милијардер, според листата на најбогати Британци за 2026 година објавена од „Сандеј Тајмс“.
Заедничкото богатство на Бекам и неговата сопруга Викторија се проценува на 1,185 милијарди фунти. Со тоа, тие го зазедоа второто место меѓу спортските личности, зад семејството на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, чие богатство се проценува на две милијарди фунти.
Бекам, поранешниот капитен на Англија, е ко-сопственик на американскиот клуб Интер Мајами, кој се проценува дека е највредната франшиза на МЛС лигата со вредност од 1,45 милијарди долари.
Педесет и едногодишниот Бекам, кој беше прогласен за витез минатиот ноември, работи и како амбасадор за брендови како што се Адидас и Хуго Бос.
Голем дел од богатството на Викторија Бекам доаѓа од нејзиниот моден бренд, откако таа се здоби со глобална слава како членка на Спајс Грлс.
На листата на најбогати спортски личности во Велика Британија се наоѓа и голферот Рори Мекилрој со проценети 325 милиони фунти по освојувањето на втората последователна Мастерс титула.
Промоторите Бери Ерн и Еди Ерн исто така влегоа во британскиот „клуб на милијардери“, со вкупно богатство од 1,035 милијарди фунти. Нивната компанија „Мехрум Спорт“ е еден од лидерите во светот на боксот, пикадото и снукерот.
Меѓу најбогатите спортисти се и Ентони Џошуа со 240 милиони фунти и неговиот ривал Тајсон Фјури со 162 милиони.
Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, е на петтото место со 435 милиони фунти, додека капитенот на Англија, Хари Кејн, и двократниот шампион на Вимблдон, Енди Мареј, се на десеттото место со по 110 милиони фунти.
Foto/ Depositphotos
