Спорт
Грнчаров: Самсоненко е виновен за она што се случува во Вардар
Најторфејниот македонски фудбалски клуб Вардар се наоѓа во тешка ситуација откако Сергеј Самсоненко реши клубот да му го врати на град Скопје. Рускиот бизнисмен фудбалскиот клуб го презеде пред шест години.
На оваа тема, синоќа гостувајќи на телевизијата „ТВ 21“, говореше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Она што ние го знаеме е дека Вардар должи повеќе од два милиони евра. Познато е дека Вардар може да му биде вратен на град Скопје само со нула долгови. Сергеј Самсоненко без долгови го презеде клубот од градот пред шест години“, рекол меѓу другото Шилегов.
Коментар за актуелниот момент во Вардар има и поранешниот капитен Бобан Грнчаров, тој се огласи преку својот профил на „Фејсбук. Според него Сергеј Самсоненко е единствениот виновник за ситуацијата во која се наоѓа клубот.
„Многу ми е смешно кога гледам коментари Град Скопје да помогне на ФК Вардар. Као прво Вардар бара помош од Град Скопје затоа што должи над 2 милиони евра. Зошто кога земаа пари од Европа, повеќе од 5 милиони евра, не кажаа ај ќе ги поделиме со Град Скопје, за утре-задутре ако ни требаат да ни помогнат тие. Вардар е приватен клуб и кога зема пари и кога треба да се дадат пари. За ова што се случува единствено е виновен еден човек, и тој треба да го реши тоа сам (се надеваме дека денеска ќе го реши и Вардар ќе добие лиценца). А второ парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар, така да сега нека бараат помош од таму“, пишува на „Фејсбук“ Грнчаров.
Шилегов за ТВ 21: Самсоненко треба да го подмири долгот после може да го врати Вардар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.