Спорт
Гвардиола: Мора да го почитувате Сити, бидејќи ние секогаш се бориме за титула

Пеп Гвардиола вели дека Манчестер сити заслужиле почит како врвен клуб поради тоа што постојано се борат за титулата во Премиер лигата, за разлика од другите големи англиски клубови кои честопати не влегуваат ниту во Лигата на шампионите.
Сити може да направи голем чекор до трета титула од Премиер лигата во последните четири години доколку во градското дерби го совладаат второпласираниот Манчестер јунајтед, а веќе се во финалето на Карабао купот, во четврт-финалето на ФА купот и имаат 2:0 предност од првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах.
„Најубава работа која ја направи клубов во последната деценија е што секогаш кога ја освојувавме титулата, следната сезона повторно бевме во борба за титула. Најниска позиција по освојување на титулата беше второ место. Ако ги погледнете другите шампиони, тие се борат за место во топ 4 и тоа покажува дека ние ја имаме постојаноста цело време. Не е важно во кое натпреварување, ние одиме на победа и само на победа. Една титула се освојува, но кога си постојано во борба за титулата, цела деценија, тоа е нешто што носи гордост. Затоа сме врвен клуб“, вели Гвардиола.
Ова доаѓа откако минатогодишиот шампион Ливерпул е на седмото место во Премиер лигата и ги очекува битка за пласман во ЛШ. Челси во 2017/18 и 2015/16, Лестер во 2016/17 и Манчестер јунајтед во 2013/14 не успеаја да влезат во топ 4 една година откако ја освоија титулата. Сити, пак, се единствениот клуб во 12 години кој освои две титули во низа (2017/18 и 2018/19) и влегоа во ЛШ 10 сезони во низа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јаја Туре со писмо се извинил на Манчестер сити и Гвардиола!

Јаја Туре, иако има статус на легенда на Манчестер сити, останува во „незгодни“ односи со англискиот клуб, иако самиот вели дека се обидува да ги поправи односите, почнувајќи со писмо со извинување до Пеп Гвардиола, кого претходно го обвини дека не ги сака африканските фудбалери.
Туре има освоено три титули од Премиер лигата со Манчестер сити, а сега на 37 години, признава дека големиот дел од вината е кај него. Тој вели дека не бил во посета на Сити по повлекувањето во 2018 година и покрај тоа што има доживотен билет и еден терен за тренинг кој го носи неговото име.
Но, во Сити не го заборавиле бурното интервју за „Франс фудбал“ еден месец по неговото заминување. Туре открива дека минатата година пратил писмо до клубот, нудејќи целосно извинување за неговото однесување. Засега, тој не добил одговор и не знае дали тоа стигнало до Гвардиола.
„Тоа интервју беше мојата голема, огромна грешка. Кога ќе му дадеш доверба на некој друг, тогаш таа може да се претвори во нешто што не си посакувал. Знам дека луѓето не беа среќни. Пратив писмо до некои важни луѓе во кои признавам дека бев нечесен кон клубот, но не добив одговор. Сакам мир, не караници. За фановите, за клубот, понекогаш работите мора да се средат“, вели Туре.
Туре, кој сега работи како тренер во Украина со тимот на Олимпик Доњецк, признава дека односите на неговиот агент Дмитриј Селук со Сити не биле најдобри и дека требал да се дистанцира навреме.
„Беше тешко – изгледам како лоша личност поради негативните работи околу мене. Не е во ред да се каже дека сум лоша личност. Не сакав да одговарам, бидејќи фудбалот беше најважен за мене. Но, морав да се справам со работите на поинаков начин. Многу работи можеа да бидат подобри“, додава Туре.
Спорт
Лапорта сигурен дека Меси ќе остане во Каталонија

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта вели дека е сигурен дека Лионел Меси ќе потпише продолжување на договорот и дека преговорите се движат одлично и според планот.
Договорот на Меси со клубот каде што ја помина целата професионална кариера завршува за нешто повеќе од два месеци, откако минатото лето тој ги шокираше сите со барањето за трансфер по лошата сезона и катастрофалниот пораз од 8:2 од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Пари Сен-Жермен и Манчестер сити, според шпекулациите уште се заинтересирани за неговиот потпис, но Лапорта верува дека тој ќе ја продолжи 17-годишната кариера на „Ноу Камп“.
„Работите се движат според планот. Јас ќе направам се што е можно според капацитетот на клубот да го убедам да остане. Тоа го правиме цело време. Меси е мотивиран, а исто така е и неверојатна личност која сака да продолжи со Барселона“, изјави Лапорта за „Депортес Куатро“.
Спорт
Голем човек! Манџукиќ се откажа од платата за март бидејќи не помогнал на Милан!
Хрватскиот ветеран Марио Манџукиќ направи чин што малкумина професионални фудбалери се подготвени да го направат – се откажал од платата за месец март бидејќи во тој период бил повреден и не можел да му помогне на Милан. Наместо тоа, претседателот на клубот, Паоло Скарони ги донирал парите во добротворни цели.
Според новинската агенција „АНСА“, Манџукиќ бил разочаран што не успеал да помогне минатиот месец во борбата за скудетото и за место кое води во Лигата на шампионите.
„Исклучителен гест. Тоа само ја покажува етиката и професионализмот на човек како Марио Манџукиќ и неговата почит кон Милан. Клубот ја искористи ситуацијата за да помогне на фондацијата на Милан за помош на млади луѓе во економски проблеми, каде што со спортот може да се помогне“, изјави Скарони.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш