Спорт
„Хабиб ќе се врати ако види нешто спектакуларно“

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, ги објави деталите од состанокот што го имал со Хабиб Нурмагомедов. Вајт и борецот од Дагестан кој замина во пензија, се сретнале во петокот во Абу Даби.
Вајт открил дека не успеал да го убеди Нурмагомедов да се врати во октагонот, меѓутоа непоразениот во лесна категорија, рекол дека ќе размисли и ќе реши дали ќе се врати, по борбите што следат, а во кои ќе се соочат Конор Мекгрегор и Дастин Поирие, односно Ден Хукер и Мајкл Чендлер.
„Ќе ги гледа тие борби кои ќе се одржат наредниот викенд. Доколку направат нешто спектакуларно, тогаш можеби ќе се врати“, открил Вајт.
„Смета дека Чарлс Оливеира бил одличен против Тони Фергусон, а доколку момците наредниот викенд приредат спектакл, Хабиб би можел повторно да влезе во октагонот“.
Хабиб кариерата ја заврши без пораз, со 29 победи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Што би правеле без него? Меси со два гола сам го победи Елче

Лионел Меси го помина својот поранешен соиграч Луис Суарез на листата на стрелци во шпанската Ла Лига постигнувајќи го својот 17. и 18. гол во 2020/2021 за да ги предводи Каталонците до тешка 3:0 победа над Елче.
По првото полувреме без голови, капитенот во 48. минута со одлично проигрување на Мартин Брејтвајт ја помина целата одбрана на гостите за да постигне гол, а во 69. минута да добие убава топка од Френки де Јонг за 2:0. Ако тоа не беше доволно, тој ја инспирира и акцијата за 3:0 нафрлајќи за Жорди Алба да постигне гол во 73. минута.
Иако ова беше одложен натпревар од првото коло во Ла Лига, Барса сега е трета со 50 поени, два помалку од второпласираниот Реал Мадрид (со ист број одиграни натпревари) и пет зад лидерот Атлетико (со натпревар помалку). Елче останува претпоследн со 21 освоен поен.
Спорт
Вардар го скрши малерот, на крајот до победа над Елверум

Со одличен камбек во последните неколку минути од мечот Вардар ја забележа втората победа во ЕХФ Лигата на шампионите, овој пат со 34:32 над норвешкиот Елверум, истиот тим со кој пред неколку дена им избега победата во последните секунди од мечот. Ова е прва победа за двократниот европски шампион во ЛШ од далечниот октомври откако многу мечеви им беа одложени или откажани поради Ковид-19.
Елверум имаше предност од три гола на полувремето (20:17), но Вардар, по десетина минути, успеа да израмни по што во интересна завршница стигна до победа, со што го прати Елверум на последното место на табелата во групата А со 5 поени, еден помалку од „црвено-црните“.
Тимур Дибиров беше најдобар со 9 постигнати гола, а Гоце Георгиевски додаде шест гола.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ГРУПА А
Елверум – Вардар 32:35 (20:17)
Табела: 1. Кјелце 17, 2. Флензбург 15, 3. ПСЖ 12, 4. Мешков 11, 5. Пик Сегед 10, 6. Порто 8, 7. Вардар 6, 8. Елверум 5
Фото: РК Вардар
WATCH: Casual assist from Stojanche Stoilov + 🚀by Filip Taleski = 🔥@HCVardar #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/zgwj6AROyP
— EHF Champions League (@ehfcl) February 24, 2021
WATCH: Thorsten Fries, wondering if the ball he just saved is ever going to appear again⛔️@ElverumHandball #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/jL8XogP0N8
— EHF Champions League (@ehfcl) February 24, 2021
WATCH: 😮 How does Timur Dibirov do this?@HCVardar #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/JMwjU4JAWc
— EHF Champions League (@ehfcl) February 24, 2021
Спорт
Али со луд гол со ножички, Тотенхем убедлив против Волфсбергер

Тотенхем без мака го потврди пласманот во осмина-финалето на Лига Европа откако на реваншот со австрискиот Волфсбергер стигна до 4:0 победа кога на гости тримфира со 4:1.
Деле Али, малку подзаборавената ѕвезда на Тотенхем под Жозе Мурињо, постигна спектакуларен гол со ножички во 11. минута од мечот за рано водство на Спарси, а потоа во второто полувреме тие целосно доминираа над противникот.
Карлос Винисиус постигна голови во 50. и 83. минута, а во листата на стрелците се запиша и Герет Бејл во 73. минута по асистенцијата на Али.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер