Спорт
Халанд може да замине од Сити за сума од 200 милиони евра

Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд ова лето го засили Манчестер Сити, но другите европски великани уште отсега планираат да го купат во наредниот период. Најзаинтересиран се чини дека е Реал Мадрид.
Откриени се двете откупни клаузули во договорот на Халанд со „граѓаните“.
Првата откупна клазула може да биде активирана во 2024 година, тогаш Халанд може да замине ако некој клуб за него плати 200 милиони евра.
Втората клазула важи една година подоцна и за неа откупната клазула е 175 милиони евра. Англиските закони не дозволуваат класична откупна клазула, но тие се поврзани со одреден ефект на теренот, а поставените услови за Халанд се лесно остварливи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Брест го сопна Олимпик Марсеј

Фудбалерите на Брест и Олимпик Марсеј ремизираа 1:1 во последниот натпревар од второто коло на француската Лига 1. Гостите предводени од Игор Тудор дојдоа во Брест по три бода, но не успеаја во својата цел.
Добро почнаа и поведоа во 38. минута преку Нуно Тавареш. Португалецот одлично реагираше во шеснаесетникот и погоди по корнер.
Брест дојде до изртамнување во 61. минута, кога Пјер Лис-Мело со фантастичен удар од 20 метри ја погоди мрежата на гостите.
Големото засилување на Олимпик Марсеј, Алексис Санчез, го одигра целото второ полувреме.
Олимпик Марсеј сега има четири бода, додека Брест го освои првиот бод во сезоната.
Спорт
Рома го прескокна Салерно со голот на Кристанте

Рома ја стартуваше сезоната во Серија А со минимална победа (0:1) на гости против Салернитана. Брајан Кристанте беше стрелец на победничкиот гол за „волчицата“ во 33.минута.
Тимот на Жозе Мурињо имаше доминација, Заниоло не реализираше неколку убави можности, но Кристанте по половина час игра го скрши отпорот на домаќинот.
Салернитана се обиде да стигне до израмнување, но одбраната на Рома беше непроодна.
Специја славеше против Емполи со 1:0 со голот на Мбала Нзола во 36.минута.
Спорт
Брегалница реагира: Стојчевски не ни досуди чист пенал!

Македонскиот прволигаш Брегалница реагира на судењето на Игор Стојчевски на денешниот меч против Струга ТЛ (0:1). Штипскиот клуб смета дека е оштетен за пенал.
„Главниот судија на натпреварот од 2. коло во ПМФЛ меѓу Брегалница и Струга ТЛ, Игор Стојчевски од Скопје не досуди очигледен пенал за Брегалница во 56. минута по акцијата на Борха Кордоба и играта со рака на гостинскиот дефанзивец. Одлука која очигледно влијаеше на целокупниот тек на натпреварот и крајниот резултат во Штип, велат од Брегалница.
„Крајно зачудувачки е што истиот судија во финишот на минатата сезона 2021/22, пак, значително ја оштети Брегалница со измислено досуден пенал против „сините“ на натпреварот од 27. коло со Македонија ЃП во Ѓорче Петров кога само поради неговата одлука беше „украдена“ победата на ФК Брегалница.
Која е причината за ваквиот однос на судијата Стојчевски кон ФК Брегалница, кој во континуитет сега и очигледно ја дели правдата на штета на „сините“, прашуваат од штипскиот тим.