Спорт
Халанд: Останувам во Дортмунд, одиме по шампионската титула

Напаѓачот на Борусија Дпртмунд Ерлинг Халанд рекол дека планира да остане во овој клуб до крајот на договорот. Норвежанецот има договор со „милионерите“ до 2024 година.
Халанд во јануари оваа година од Салцбург премина во Дортмунд за 20 милиони евра. Во дресот на Борусија оваа полу-сезона одигра 18 натпревари на кои постигна 16 голови. Во Бундеслигата постигнувал гол на секои 82 минути.
Во сезоната 2019/2020 за Салцбург и Борусија Халанд одиграл 40 натпревари, постигнал 44 голови.
„Имам повеќегодишен договор, до 2024 година, Целта ми е да ја освојам титулта со Борусија и тој успех да го прославам со навивачите. Имаме квалитет да бидеме шампиони, но само тоа не е доволно. Баерн се константни, играат импресивно. Мораме да го продолжиме нашиот развој што го покажавме во вториот дел од сезоната.“, рекол Халанд во интервју за „Билд“.
Борусија Дортмунд последен пат ја освоиле во 2012 година, оттогаш до оваа сезона шампион е Баерн. Сезонава Дортмунд со 13 бодови помалку од Баерн го освоија второто место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди заигра по три месеци, Леванте со 2:2 реми против Валјадолид

Енис Барди по три месеци надвор од стројот поради повреда, доби шанса да влезе во последните десетина минути од мечот на неговиот Леванте со Валјадолид, кога резултатот беше 2:2, како што заврши мечот од 20-тото коло на шпанската Ла лига.
Даниел Гомез ги донесе Леванте во водство во 62. минута, но гостите направија пресврт за пет минути, преку Алкараз (73.) и Плано (78.), пред во 83. Роџер да израмни на 2:2. Барди влезе во игра во 84. минута, но Леванте не успеа да стигне до шестата победа оваа сезона.
Леванте се на 10. место во Ла лига со 23 поени, додека со три поени помалку Валјадолид се на 15-тото место.
Спорт
Мбапе, Нејмар и Икарди дадоа три гола за три минути, ПСЖ го „здроби“ Монпелје

Пари Сен-Жермен се одвои на три поени од Лил на врвот на табелата во Франција, откако лесно со 4:0 ги совлада Монпелје во меч од 21. коло во Лига 1.
Текот на мечот беше утврден уште во 19. минута, кога голманот на гостите, Јонас Омлин доби црвен картон за еден брутален старт на Килијан Мбапе. Токму Мбапе го отвори резултатот во 34. минута, пред во второто полувреме, „светците“ да ја искористат предноста од играч повеќе за да постигнат три гола за само три минути – Нејмар во 60-тата минута, Мауро Икарди во 61-та минута, и Мбапе уште еднаш во 63-тата минута.
Спорт
Не помогна ниту „чудото“ Халанд – убедлив пораз на Дортмунд во „Борусен дербито“

Ерлинг Халанд уште еднаш го покажа својот неверојатен талент за голови со два гола во шест минути, но тоа не помогна на Борусија Дортмунд која во „Борусен дербито“ загуби на гости кај Борусија Менхенгладбах со високи 4:2.
Мечот започна со поништен гол за Флоријан Нојхаус уште во втората минута, но Менхенглдабах поведе со голот на Нико Елведи девет минути подоцна. Тогаш на сцена стапи норвешкото чудо Халанд, кој во 22. и 28. минута постигна два гола за пресврт. Домаќините, сепак, брзо се созедоа и Швајцарецот Елведи во 32. минута осигура на одмор да се отиде со 2:2.
Рами Бенсебаини ги врати Гладбах во водство во 49. минута, пред во 78. минута, Маркус Турам да ги постави конечните 4:2. Менхенгладбах со победата ги прескокна Дортмунд на четвртото место на табелата со 31 поен, додека „милионерите“ се петти со 29 поени по двата порази во низа.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот