Спорт
Хамилтон ќе стартува како последен во Турција?

Интересната завршница на една од најинтересните Формула 1-сезони во последните две децении може да стане уште понеизвесна откако Мерцедес потврди дека веројатно ќе го сменат моторот на Луис Хамилтон овој викенд на Турското ГП, што ќе значи дека ќе стартува последен, како што стартуваше неговиот ривал од Ред бул, Макс Ферстапен, на претходната трка во Русија.
Хамилтон има водство од само 2 поена пред Ферстапен, а возачите смеат да користат само три мотори во текот на сезоната и секоја наредната замена ќе донесе казни на стартот на следната трка.
Шефот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека е многу веројатно да се смени и четврти пат моторот на Британецот.
„Тоа е голема можност. Каде и како ќе се случи, уште не сме одлучиле. Подобро да стартуваш од последното место отколку да не завршиш трка поради проблеми со моторот“, изјави Волф.
До крајот на сезоната има уште седум трки – Турција, САД, Мексико, Бразил, Катар, Саудиска Арабија и Абу Даби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лесна победа на Јунајтед во ФА купот

Во последниот натпревар од ФА Купот во саботата, Манчестер Јунајтед го совлада Ридинг на „Олд Трафорд“ со 3:1.
Сите четири гола беа постигнати во вториот дел, а интересно е што стрелци на сите голови за „црвените ѓаволи“ ги постигнаа Бразилците.
Касемиро за само три минути постигна два гола. Тој најпрвин ја затресе мрежата на гостите во 55. минута на асистенција на Антони, а во 58. минута зголеми на 2:0 по додавањето на Фред.
Во 66. минута Фред го постигна третиот гол за домашните, а стрелец на почесниот гол за за Ридинг беше Мбенге во 72. минута.
Гостите во последните половина час играа со десетмина, бидејќи ветеранот Енди Керол доби два жолти картони.
Спорт
Лесна победа за Аталанта – Сампдорија на пат кон Серија Б

Фудбалерите на Сампдорија доживеаја нов пораз во Серија А. Тимот на Дејан Станковиќ загуби во Бергамо од Аталната со 2:0.
На Сампдорија и пресудија Меле со голот во финишот на првиот дел и Лукман во 55.минута. Ова е четврти пораз во низа за екипата од Џенова. Аталанта на последните седум натпревари постигнува најмалку два гола.
Аталанта скокна на четвртото место, со 38 бода, додека Сампдорија е на ретпоследното место со са о девет бода.
Спорт
Го одржа ветувањето – Лесор стана српски кум
Ден по првата победа, во третата сезонска пресметка со Црвенз зведа (79:78), кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор, го одржа ветувањето и им беше кум на Дамир и Јована.
Пред неколку недели, во преполната „Штарк“ арена во Белград, Дамир ја запросу Јована. Тогаш го побараа Лесор за кум, а францускиот центар во саботата го исполни своето ветување.
Инаку, Лесор игра одлично оваа сезона и е еден од најдобрите играчи, според индексот на корисност во Евролигата.
Пре неколико седмица, Дамир је на паркету препуне Арене запросио Јовану на утакмици @PartizanBC!
Она је том приликом питала @ThiasLsf да јој буде кум на венчању! Јуче је победио, а данас је испоштовао традицију!
Честитке Јовани и Дамиру, а дубок наклон Матијасу 🖤🤍#partizan pic.twitter.com/BPHWAQ3cit
— Partizan.net (@PartizanNet) January 28, 2023