Контакт

Спорт

Ханси Флик го обвини судијата за поразот од Атлетико

Објавено пред

Барселона, синоќа беше поразена од Атлетико Мадрид (0:2) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а по завршувањето на натпреварот, Ханси Флик се жалеше на судијата Иштван Ковач.

Атлетико победи на „Камп Ноу“ со головите на Хулијан Алварез и Александер Серлот, а клучен момент на натпреварот се случи во 44-та минута кога Пау Кубарси доби црвен картон.

За Флик, но и за оние на кои Барселона им е во срцето, спорен е и моментот од 54-та минута. Дали Атлетико влезе во играта преку голманот Мусо или Пубил неправилно постаи кога ја фати топката со рака за да ја изведе топката.

„Е*ено, не разбирам која е целта на ВАР? Како е можно целосно да ја игнорираа таа ситуација со Мусо и Пубил. Пубил ја запре топката со рака пред сите? Зошто ВАР не се огласи кога главниот судија веќе одлучи дека не сака да го види тоа? Тоа беше чист пенал за нас и уште еден жолт картон за Пубил“, рече Флик по натпреварот.

Тренерот на Барселона се осврна и на црвениот картон за Кубарси, кој го доби бидејќи беше последен играч во одбраната.

„Моето лично мислење е дека контактот на Кубарси со Симеоне не беше доволно силен за да доведе до таков театрален пад, и верувам дека тоа не беше директен црвен картон“, вели Флик, а потоа се осврнува на натпреварот.

„Изгубивме со 0-2, иако создадовме неколку фантастични шанси. Мислам дека имаме шанса да го свртиме резултатот во реваншот. Атлетико има многу опасна напаѓачка линија и многу е тешко да се одбрани од нив. Сепак, мислам дека имавме шанси да ги победиме и верувам дека имаме шанса да го свртиме резултатот.“

Foto/ Depositphotos



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Рој Кин: Керик не е тренер за Манчестер Јунајтед

Објавено пред

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, го критикуваше Мајкл Карик по поразот од Лидс.

Иако резултатот беше во сенка на судиските одлуки, Рој Кин жестоко ја критикуваше играта Јунајтед и вели дека била под просекот.

Кин досега беше еден од најголемите критичари на Мајкл Карик, синоќешниот пораз му овозможи повтороно да „удри“ по тренерот.

„Како што реков претходно и ќе продолжам да велам – Карик не е вистинскиот човек за оваа работа. Луѓето мислат дека сум премногу строг, го кажувам сето ова од некои други причини, но што повеќе треба да се случи за да го да видат тоа? Имаа 24 дена да се подготват за натпреварот на „Олд Трафорд“ против Лидс, и она беше нивната игра? Средниот ред не постоеше, особено во првото полувреме, играа без енергија и интензитет. Кога толку лошо ќе го започнете натпреварот, потешко е да го подигнете тимот и да се опоравите подоцна. Јунајтед не изгледаше како тим кој знае што да прави и да одговори на тоа. И кога го кажувам гласно го кажувам тоа, луѓето велат дека сум негативен. Овој клуб бара стандарди, а тие стандарди под Мајкл Керик се далеку.“

Јунајтед е сè уште трет на табелата со 55 бода, колку што има и Астон Вила, додека Ливерпул сега има само три помалку.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Газдата на Наполи сака радикални промени во фудбалот

Објавено пред

Аурелио Де Лаурентис, 76-годишниот контроверзен сопственик на Наполи, во интервју за „Њујорк тајмс“, презентираше радикални идеи за модернизација на фудбалот.

Според Де лаурентис, фокусот треба да биде на младите генерации.

„Фудбалот ќе ја изгуби помладата генерација. Натпреварите се предолги, децата немаат концентрација за 90 минути фудбал“, рече Лаурентис и додаде:

„Замислете ја таа глупава пауза од 15 минути на полувремето! Дали мислите дека мојот шестгодишен внук, кој знае сè за фудбалот од PlayStation, ќе се врати по 15 минути? Никогаш. Ќе избега од нас. Ќе оди во својата соба да игра ФИФА.“

Неговото решение е драстично.

„Би го скратил полувремето од 45 минути на 25 минути“, рече тој, истакнувајќи дека ќе се мери само времето кога топката е во игра, што би ставило крај на „крадењето на времето“.

„Не можеш да се тркалаш по теренот како глумец. Ахххх! Нема шанси! Што друго би направил? Би ги укинал црвените и жолтите картони. Наместо тоа, излегуваш пет минути за жолт картон и 20 минути за црвен.“

Целта на сите промени е поатрактивна игра со повеќе голови.

„Има премалку голови, играта не е спектакуларна. Мора да има повеќе, а за да ги имаме, мора да ги промениме правилата. Не можеш да поништиш гол поради неколку милиметри. Тоа правило за офсајд мора да се промени, доста е. Новите генерации се наше злато. Ако не ги задоволиме – ќе умреме“, заклучи Де Лаурентис.

Прикажи повеќе...

Спорт

Карлос Кеирош ја презеде Гана

Објавено пред

Фудбалската асоцијација на Гана објави дека го назначила португалскиот тренер Карлос Кеирош за нов селектор на сениорската репрезентација.

Кеироз (73) ќе го замени Ото Адо на клупата на Гана, кој беше отпуштен пред две недели по лошите резултати на пријателските натпревари со Германија и Австрија.

„Го прифатив овој предизвик со големо чувство на одговорност. Фудбалот ми овозможи предизвици, лекции и незаборавни патувања низ светот во текот на целиот мој живот. Гана е талентирана нација, која има гордост и фудбалска душа. Сите ќе работиме заедно за да ги исполниме очекувањата на една голема фудбалска нација“, рече Кеироз.

За време на својата кариера, тој беше главен тренер во Реал Мадрид и помошник на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед.

Се чини дека Гана не можеше да избере поискусен тренер. Зборуваме за човек кој промени, верувале или не, дури 12 различни селекторски работни места во својата кариера. Во два мандати ги предводеше Португалија и Иран.

Тој работи како селектор од 1991 година, кога ја тренираше Португалија. Потоа, тој ги предводеше Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Јужна Африка, повторно Португалија, Иран, Колумбија, повторно Иран, Катар, Оман и сега Гана.

На претстојното Светско првенство, Гана ќе игра во групата Л против Англија, Хрватска и Панама.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Меџити: Започнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од...

Македонија13 минути

(Видео) Мицкоски нема никакви очекувања за Груевски, но ако се врати веднаш ќе оди во затвор

Веднаш откога ќе се појави во земјава Никола Груевски ќе биде упатен на издржување на затворската казна, рече денес премиерот...

Македонија24 минути

Вежбата „Блесок 26“ ќе се изведува на повеќе локации во државата

По повод отпочнувањето на активностите за вежбата „БЛЕСОК 26“ (Б-26), која ќе се изведува на повеќе локации во државата во...

Црна хроника36 минути

Паднало од електричен тротинет: тешко повредено 12-годишно девојче од Богданци

Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска...

Црна хроника41 минута

19-годишник го претепал внукот од сестра

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Штип. Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Имено...

Црна хроника44 минути

Се заканувал со пиштол: уапсен скопјанец

Вчера во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода...

Македонија52 минути

Ѓорѓиевски демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега ги обвинува вработените во „ЈСП Скопје“ дека со своите тужби го „блокираат“ претпријатието, велат од Левица

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега обвинувајќи ги вработените во ЈСП Скопје...

Економија1 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Спорт1 час

Рој Кин: Керик не е тренер за Манчестер Јунајтед

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, го критикуваше Мајкл Карик по поразот од Лидс. Иако резултатот беше во сенка на...