Контакт

Спорт

Хетафе: УЕФА не извести дека ќе играме со Интер

Објавено пред

Претседтелот на Хетафе Анхел Торес изјавил дека сезоната во Лига Европа ќе продолжи во август. Во Лига Европа на програмата се осмина-финалните натпревари. Хетафе во оваа фаза за противник го има Интер.

„УЕФА не извести дека сигурно ќе се одиграат осмина-финалните натпревари “, истакнал Торес и дополнил.

„Кога сме ние во прашање, на 2 или 3 август ќе го одиграме дуелот во Милано, а реваншот на нашиот стадион ќе биде на 6 или 7 август. Доколку поради коронавирусот нема да може да се игра на некој од стадионите тогаш ќе играме на неутрален терен“.

Покрај Хетафе и Интер својот прв осмина-финален натпревар не го одиграа Рома и Севилја.

На останатите дуели, први од осмина-финалето се постигнаа следните резултати: Башакшехир-Копенхаген 1:0, Олимпијакос-Вулверхемптон 1:1, Ренџерс-Баер Леверкузен 1:3, Волфсбург-Шахтјор 1:2, Ајнтрахт-Базел 0:3 и ЛАСК-Манчестер Јунајтед 0:5.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јамајчанскиот боб-тим тренираше со туркање на „Мини Купер“ (галерија)

Објавено пред

Јамајчанскиот боб-тим, кој беше овековечен во славниот холивудски филм „Cool Runnings“ од 1993 година, повторно е на насловните страници во Велика Британија, откако тренираше за зимската олимпијада туркајќи „Мини Купер“ на улиците на Питерборо.

29-годишниот Шанвејн Стивенс и 27-годишниот Нимрој Таргот се во изолација поради корона вирусот од март и мораа да најдат инвентивен начин да останат во форма – го туркаа автомобилот на свршеницата на Шанвејн, Ејми за да остсанат во форма.

„По карантинот моравме да направиме нешто. Затоа го туркаме автомобилот на мојата свршеница нагоре и надолу, а тренираме и во градината. Автомобилот има слична тежина како боб-санката, така што не е толку чудно. Знам дека во филмот немаа вистинска опрема и затоа и ние импровизираме“, вели Стивенс.

Стивенс е дел од боб-четвороседот на Јамајка од 2017 година, и слично како во филмот тие не успеаја да се квалификуваат на Олимпијадата во Пјонгчанг во 2018 за само едно место, иако не го напуштаат сонот и се надеваат дека ќе обезбедат место на Олимпијадата во Кина во 2022 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

На денешен ден Џеси Овенс постави четири светски рекорди за 45 минути

Објавено пред

Џеси Овенс е сигурно едно од најлегендарните имиња во историјата на светската атлетика, и неговиот успех од 25 мај 1935 година речиси сигурно ќе остане вечен – човекот постави четири светски рекорди за само 45 минути.

Тогаш 21-годишниот Овенс, студент на Охајо стејт универзитетот на Биг тен шампионатот постави три нови светски рекорди и израмни четврти пред 5.000 луѓе на теренот на Универзитетот на Мичиген.

Овенс истрча 100 јарди за 9.4 секунди, израмнувајќи го светскиот рекорд, скокна 8.13 метри во далечина, истрча 220 јарди за 20.3 секунди рушејќи го рекордот од 20.60 кој траеше девет години, и потоа истрча 220 јарди со пречки со 22.6 секунди, рушејќи го рекордот од 23.00 поставен во 1924 година. И тоа се од 15.15 часот до 16.00 часот!

Прикажи повеќе...

Спорт

Каква корона? „Лудница“ на нелегален меч во Франција (видео)

Објавено пред

Француските власти биле шокирани кога 400-тина фанови ги прекршиле правилата за полициски час за да присуствуваат на нелегален меч во Стразбур, кој во неделата заврши со влетување на публиката на теренот.

Во мечот во источна Франција во близината на Стразбур помеѓу Нојхоф и Хотпјер се случило влегување на теренот откако се постигнал гол, иако во Франција се забранети собири од над 10 луѓе.

Снимките кои се појавија од мечот јасно покажуваат дека нема мерки за социјално дистанцирање, откако лудо го прославуваа голот. Полицијата била присутна и се обидела да го прекине мечот, но едноставно немала доволно присуство за да ги спречат. Пред мечот, локалните власти се обиделе да ги отстранат сите голови на локалните тренери, но тие на стадионот „Пако-Матео“ биле оставени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет1 час

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа2 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет2 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет3 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа3 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија7 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија8 часа

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет9 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион9 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија10 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија10 часа

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија11 час

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион11 час

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Свет23 часа

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Европа1 ден

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа1 ден

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет1 ден

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија1 ден

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт1 ден

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Досие