Спорт
Хокеарските дресови со СССР го налутија експремиерот на Финска

Поранешниот фински премиер, Александер Стуб ја нападна одлуката на Русија да игра со дресови во чест на Советскиот Сојуз на мечот со неговата татковина.
Русија и Финска играа во „Канал 1 купот“ во Москва во текот на викендот, каде што Финците стигнаа до 3:2 победа по продолженијата, во дуел кој е загревање за Олимпијадата во Пекинг и за СП во Финска во мај, и каде што двете репрезентации ќе се меѓу фаворитите за медал.
Наместо хокејот, најмногу интерес донесе одлуката на Русите да носат „ретро“ дресови од советската ера за да се одбележи 75-годишнината од спортот во Русија. Стуб, кој беше премиер од 2014 до 2015 година, не е задоволен.
„Изненаден сум и разочаран што Русија можеше да игра со СССР-дресови на мечот со Финска. Таа комбинација на букви и режимот кој стоеше симболизира авторативен империјализам и донесе до смрт на милиони невини луѓе. Ова е навредлив потег, и нема врска што Финска победи. Значи многу што земји од хокеарското семејство беа брутално анектирани од тие букви“, вели Стуб.
Заключительный матч на Кубке Первого канала сыграем в белой форме ?
⠀
Прообразом стал комплект, в котором сборная СССР выступала в 1964-1968 годах. В этот период команда не знала поражений на чемпионатах мира и завоевала два Олимпийских золота – в Инсбруке-1964 и Гренобле-1968! pic.twitter.com/AtNZudxv3q— Хоккей России (@russiahockey) December 19, 2021
I am surprised and disappointed that Russia was allowed to wear CCCP-shirts in an EHT match against Finland. That letter combination and the regime that stood behind it symbolises authoritarian imperialism and killed millions of innocent people people in the process. 1/2
— Alexander Stubb (@alexstubb) December 19, 2021
Насладимся же красотой шайбы Войнова в замедленной съёмке#RUSFIN #россиявмоемсердце pic.twitter.com/AnkXLxrdZ8
— Хоккей России (@russiahockey) December 19, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Голем кикс за Лајпциг против Мајнц, Унион Берлин се поблиску до Лигата на шампионите,

Мајнц го направи најголемото изненадување попладнево во Бундес лигата. Во 26.коло, Мајнц победи во Лајпциг со 3:0. Баер Леверкузен убедливо победи на гостувањето кај Шалке, Херта освои важен бод на гостувањето во Фрајбург, а Волвфбург во 96.минута се спаси од пораз против Аугсбург.
Лајпциг полека губи чекор во борбата за место во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Марко Розе од клупата беше изненадувачки поразен од Мајнц на домашен терен – 0:3.
Гостите поведоа веќе во деветтата минута, прецизен беше Ингвартсен. Мајнц не застана тука, гостите одиграа уште подобро и преку Ажорк во 57. и Кор десет минути подоцна го потврдија триумфот доближувајќи ги до седмото место и пласманот во Европа.
Киксот Лајпциг го искористи Унион Берлин кој славеше убедлив триумф против Штутгарт – 3:0 на домашен терен. Швабите дадоа отпор во првото полувреме, но во вториот дел веќе немаа сили.
Унион Берлин поведоа преку Бекер во 51. минута, Беренс го удвои водството во 65. минута, а три минути подоцна автогол си постигна Харагучи. Унион сега има шест бода повеќе од петтопласираниот Лајпциг.
Шанса да се одлепи од тимот на Марко Розе имаше и Фрајбург, но на домашен терен одигра само нерешено против Херта – 1:1. Домашните поведоа преку Гриф во 52. минута, но беа шокирани со голот на Нганкам во 77. минута.
Волфсбург пред своите гледачи избегна пораз од Аугсбург – 2:2. Трагичар беше Арнолд, кој најпрвин си постигна автогол во втората минута, а потоа промаши пенал во 21. минута.
Казната стигна многу брзо, Бериша ја удвои предноста на гостите. До крајот на мечот Волфсбург успеа да го намали резултатот преку Валдшмит кој беше прецизен во 83. минута, а во шестата минута од судиското надополнување израмни Нмеча.
Леверкузен се прошета низ Гелзенкирхен, славејќи со убедливи 3:0. Баер ги постигна сите три гола во преостанатиот дел од натпреварот, Фримпонг во 50., Виртц во 61. и Азмун во 90+2. минута.
Спорт
Ферстапен: Ако продолжи вака, ќе ја напуштам Формула 1

Макс Ферстапен ќе стартува прв на трката за ГН на Австралија, која се вози во Мелбурн во недела во 7 часот по средно-европско време. По завршувањето на квалификациите, Ферстапен јавно го искажа незадоволството од предлозите кои доаѓаат од челниците на Формула 1.
Стефано Доменикали, предводникот на најбрзиот караван, зборуваше пред австралиското ГП за тоа како би сакал да го зголеми бројот на натпреварувачки делници секој викенд со откажување од слободни тренинзи и зголемување на бројот на „спринт“ трки кои моментално се шест.
Холанѓанецот, актуелниот светски шампион, жестоко го критикуваше ваквиот предлог.
„Се надевам дека нема да има такви промени, бидејќи тогаш нема да бидам тука уште долго. Тоа нема смисла и воопшто не ми се допаѓаат тие идеи. Ако така ни го трупат распоредот, викендите ќе станат преинтензивни, а ние секако веќе носиме огромен товар“, изјави Верстапен и додаде:
„Јасно ми е дека во интерес на Формула 1 е нешто да се случува во текот на викендот, но мислам дека мора да го задржиме форматот според кој само сабота и недела се вози за нешто. Следуваат сезони каде што ќе имаме 24 или 25 трки во календарот, и ако вметнат уште мали трки како оваа, нема да ми биде гајле. Нема да уживам во тоа“.
Првата од шесте спринтерски трки, кои се возат една третина од должината на нормалната трка, ќе се вози на крајот на месецот во Баку. Резултатот од таа трка ќе послужи како квалификации за главната трка. Покрај тоа што сака да го зголеми бројот на спринтерски трки, Формула 1 сака да воведе квалификации за спринт трките кои би се возеле само еден круг.
„Во спринтерските трки целта е чист опстанок и нема смисла да се ризикува со дефект на болидот на таа трка. Повеќе би сакал да го одржувам во одлична состојба за главната трка. Тие спринтерски трки не се во ДНК на Формула 1. Поентата на овој спорт е издржливоста на долгата неделна трка“, заклучи Верстапен.
Спорт
Алекс Маркез на пол-позицијата во Аргентина

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, ќе стартува од пол-позицијата на ГН на Аргентина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.
Помладиот од браќата Маркез ја освои првата пол-позиција во кралската класа на патеката „Термас де Рио Ондо“, со време од 1:43.881 минути во круг, откако мораше да го мине првиот дел од квалификациите. Интересно е што на стартот од сезоната, минатата недела во Португалија, триумф во квалификациите оствари Марк Маркез, кој поради повреда на раката ја пропушта втората трка во сезоната.
Најблиску до Шпанецот беше Марко Бецеки од тимот Валентино Роси, ВР46, кој заостануваше 172 илјадитинки. Првиот ред на страртот го комплетираше бранителот на титулата Франческо Бањаја.
Франко Морбидели го предводи вториот ред на стартот. Во него се уште и возачот на Априлиј, Маверик Вињалес, и Жоан Зарко на Прамак Дукати.
Место меѓу најдобрите десет обезбедија Лука Марини од ВР46, Хорхе Мартин на вториот Прамак Дукати, минатогодишниот победник Алеиш Еспаргаро на Априлија и Фабио Квартаро на Јамаха.
Вечерва во Аргентина ќе се вози спринт траката од 20 часот, а утре од 19 часот на програмата е трката за Големата награда на Аргентина.