Спорт
И Червар незадоволен од Египет: Како да одиме во војна!

Откако норвешката ѕвезда Сандер Сагосен се пожали на условите на Светското првенство во Египет, споредувајќи ја атмосферата со „Дивиот запад“ и хрватскиот селектор Лино Червар изрази незадоволство од ситуацијата во Египет, откако нивниот физиотерапевт објави фотографија со теренско возило со војници пред нивниот автобус.
„Што да ви кажам за организацијата. Кога одиме на тренинг, гледам шест оклопни возила, како да одиме во војна. Никогаш не сум бил на големо натпреварување на кое мораш толку да се снаоѓаш. Постојано има страв дека нешто ќе се случи. Но, дечките се прилагодуваат и едвај чекаат да почнат натпреварите“, вели Червар пред мечот со Јапонија.
Златко Хорват, пак, не ги потврди зборовите на Сагосен дека се работи за „Див запад“.
„Кај нас засега работите се добри. Има некои мали проблеми, но ние сме во летувалиште, каде што можеш да се прошеташ. Најголем проблем е патот до салата, но и на тоа ќе се навикнеме“, додава ракометарот на Металург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Големиот Шек го поздрави големиот Мвумби!

Готие Мвумби, огромниот пивот на ДР Конго, кој стана атракција на ракометниот Мундијал во Египет, доби порака од исто така огромната НБА легенда, Шекил О’Нил, и потврди дека има нов прекар: „Ел гиганте“.
26-годишниот Мвумби, кој постигна четири гола во дебито на Мундијалите против Аргентина, има 1.92 сантиметри и над 110 килограми и на Аргентинците им беше многу тешко да го сопрат. За неговата слава чу и Шекил О’Нил, кој објави приказна на неговата Инстаграм страница.
„Велат дека ти си Шек во ракометот, што се случува?“, го прашува Шек ракометарот.
Мвумби беше воодушевен од поздравот.
„Сонот кој остана реалност, нешто што навистина не ми се веруваше. Мојот идол Шек, мојата ѕвезда, благодарам за пораките и за поддршката. Не разбирам што се случува, но пораката е таа: живеј го својот живот и бори се за тоа што си“, напиша Мвумби.
El Gigante Gauthier Mvumbi – the @SHAQ of handball 🤩https://t.co/aVIh3C1PON#handball #Egypt2021 pic.twitter.com/5UxkN4QPZd
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 17, 2021
View this post on Instagram
Спорт
Инсиње и Наполи ја уништија Фиорентина

Наполи се искачи на третото место во Серија А, откако инспирирани од капитенот Лоренцо Инсиње, кој постигна два гола и имаше една асистенција, стигнаа до убедлива 6:0 победа над Фиорентина.
Инсиње го почна гол-шоуто уште во петтата минута, по што во пеколни десет минути во финишот на првото полувреме се случи катастрофа за Фиорентина – голови постигнаа Диего Деме (36.), Ирвинг Лозано на асистенција на Инсиње (38.) и Пјотр Зиелински (45.). Инсиње додаде гол од пенал во 72. минута, а од 73-тата минута шанса во тимот на Џенаро Гатузо доби и Елиф Елмас, пред во 89. минута Матео Политано да ги постави конечните 6:0.
Наполи сега се трети со 34 поени, три зад Интер и шест зад лидерот Милан, додека Фиорентина е на 14. место со 18 поени.
Спорт
Двојна победа на Басино во Крањска Гора

Марта Басино го освои вториот последователен велеслалом во два дена во словенечкиот ски-центар Крањска Гора за своја четврта победа во дисиплината оваа сезона.
Италијанката има неверојатен скор оваа сезона – две трки во велеслалом не ги заврши, но четирите кои ги заврши, ги заврши на првото место. Таа во неделата беше на второто место зад Микаела Шифрин по првото возење, но Американката направи големи грешки во вториот дел од патеката и на крајот заврши како шеста.
Второто место ја освои Швајцарката Мишел Гисин, додека место на подиумот имаше и за домашната надеж, Мета Хроват, за која ова е само трет подиум во кариерата. Во женскиот Светски куп следуваат брзинските трки во Кран Монтана, Швајцарија, каде што ќе се возат спуст и супер-џи.
Marta Bassino claims her fourth World Cup Giant Slalom win of the season ⛷🥇
What a weekend for the Italian in Kranjska Gora 👏 pic.twitter.com/ooufWXq1fT
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 17, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира