Спорт
И Наполи ќе се трка за потписот на Дибала

Наместо брзо и едноставно решение, трансферот на Паоло Дибала полека се претвора во „шпанска серија“. Аргентинецот е слободен играч откако му заврши договорот со Јувентус. Се чинеше дека тој ќе се пресели во Интер, но се уште нема напредок во преговорите. Поради тоа се појави други клубови кои би сакале да го донесат Дибала.
Прво, интерес покажа Милан, потоа Монца, Манчестер јунајтед го обнови интересот, а во трката, како што тврдат медиумите во Италија се вклучил и Наполи.
Наполи веќе остана без Лоренцо Инсиње, клубот ќе го напушти и ветеранот Дрис Мертенс, а доколку стигне понуда од 100 милиони евра Наполи ќе го продаде Виктор Осимен. Во едно такво сценарио, клубот би имал доволно пари да ги исполни финансиските барања на Дибала.
Фудбалерот бара годишна плата од седум милиони евра, плус одредени бонуси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија наредната сезона нема да има тим во Лигата на шампионите

facebook.com/hceurofarmpelister
Македонија наредната сезона, како што сега стојат работите нема да има клуб во фазата по групи во ракометната Лига на шампиони. Лошите резултати на македонските клубови на европската сцена во изминатите неколку сезони, придонесоа Македонија на листата на ЕХФ да назадува пет места, од осмото на 13-тото.
Дирекнто место во Лигата на шампионите обезбедуваат само клубови од земјите кои се меѓу првите осум на ЕХФ листата. Постои шанса македонски клуб да добие специјална покана од ЕХФ, но со оглед на резултатите, тоа наредната сезона веројатно нема да се случи.
Реално е Македонија наредната сеозна да учествува со две екипи во Лига Европа. Извесно е дека шампионот веднаш ќе обезбеди пласман во фазата по групи, додека вице-првако ќе мора да игра едно квалификациско коло.
Спорт
Вардар повторно загуби, Шкендија го доби Работнички, само бод за Шкупи во Гостивар

facebook.com/FKVardarSkopje
Попладнево се одигра комплетното 16.коло во Првата македонска фудбалска лига. Шкендија во дербито го победи Работнички, Шкупи ремизираше во Гостивар, а актуелниот шампион Струга ТЛ му го нанесе 10.пораз на Вардар. Минимална победа забележа Македонија ЃП против Силекс, Тиквеш во Охрид славеше бедливо во дуелот со Воска спорт, додека Брегалница во последните секунди освои бод кај АП Брера.
Шкендија го искористи нерешениот резултат на Шкупи во Гостивар и со трите бода се изедначи на врвот на табелата со Шкупи. Двата тима имаат по 32 бода.
Во Тетово, Шкендија со головите на Шала и Цинари го совлада Работнички.
Вардар немаше никакви шанси против актуелниот првак Струга ТЛ. Стружани експресно на стартот постигнаа два гола, Милосавиќ намали на 1:2, а во 62.минута Кампаоре ја потврди победата на фаворитот. Вардар е закован на дното со 11 бода, додека Струга има два бода помалку од Шкупи и Шкендија.
Тиквеш го искористи поразот на Работнички и се искачи на петтото место со победата над Воска спорт. Тимот од Охрид од финишот на првиот дел играше со фудбалер помалку. Тиквеш имаше предност во првото полувреме, а победата ја потврди во последните 15 минути со два гола.
АП Брера во судискоот надополнување остана без целиот плен прптив Брегалница. Вебстер погоди во 94 минута за 1:1.
Брера, Гостивар и Работнички имаат по 20 бода.
Резултати:
Шкендија-Работнички 2:0
(Шала 59, Тотре 90+2)
АП Брера-Брегалница 1:1
(Цветаноски 44 – Вебстер 90+4)
Вардар-Струга ТЛ 1:3
(Милосавиќ 32 – Згуро 6, Таири 8, Кампаоре 62)
Воска-Тиквеш 0:3
(Ивановски 27, 80, Спахиу 76)
Македонија ЃП-Силекс 1:0
(Фазли 83)
Гостивар-Шкупи 0:0
Табела:
Спорт
Вечерва и третиот син на Зизу би можел да дебитира за Реал

Реал Мадрид, вечерва ќе го пречека Наполи во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ во минатото коло обезбеди пласман во осминафиналето, додека Наполи тоа треба да го направи во наредните две средби. Едно е јасно доколку Наполи победи ќе обезбеди нокаут фаза.
Добра вест за Карло Анчелоти е што Реал не му гори под нозе, бидејќи има многу повредени играчи. Критична е ситуацијата во редот за врска, бидејќи Анчелоти не може да смета на Французите Камавинга и Чуамени,а веројатно ќе отсуствува и Модриќ.
Проблемите со повредите го принудија Анчелоти за вечерашниот дуел да повика неколку фудбалери од вториот тим, Реал Кастиља.
Меѓу 21 играч кои се во составот за настап има и неколку интересни имиња. Трет голман ќе биде 21-годишниот Лукас Кањизарес, синот на славниот Сантијаго, а за мечот е пријавен и Тео Зидан, синот на легендата на Реал Зинендин Зидан.
Тео е третиот син на Зизу поранешен играч и тренер на Реал. Тео е висок 196 сантиметри, информациите од Шпанија говорат дека игра добро сезонава за Реал Кастиља под водство на поранешниот соиграч на Зизу, Раул.
Доколку дебитира тој ќе биде четвртиот од семејстовот Зидан кој одиграл официјалн меч за Реал. Покрај славниот Зинедин, можност да настапат за првиот тим на реал во минатото добија браќата на Тео, Лука и Енцо.