Спорт
Ибрахимовиќ ќе го преземе бизнисот на Мино Рајола?

Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ, кој има договор со Милан до крајот на оваа сезона, би можел да ја заврши кариерата и да го преземе бизнисот на Мино Рајола. Еден од најдобрите фудбалски агенти почина вчера во клиника во Милано по тешко боледување, а беше голем пријател и фудбалски агент на Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот е скршен од болка по смрртта на Мино Рајола и ветил дека ќе ја продолжи неговата успешна работа. Ибрахимовиќ, како што откриваат италијанските медиуми, треба да ја преземе менаџерската агенција на Раиола заедно со братучедот на Мино, Винченцо Раиола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мхтаријан се сели во Интер

Најдобриот ерменски фудбалер Хенрик Мхтаријан по истекот на договорот ќе ја напушти Рома и ќе се пресели во редовите на Интер, дознава „Газета дело Спорт“.
Ерменецот, синоќа во Тирана, одигра само 15 минути против Феенорд. Теренот го напушти поради повреда. Неговиот договор со Рома истекува на 30 јуни.
„Газета дело Спорт“, тврди дека Мхтаријан ќе потпише двегодишен договор.
Пред Рома, Мхтаријан играше за Арсенал и Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, на европската сцена се афирмираше во Шахтјор.
Мхтаријан е единствениот играч кој стигна до два евротрофеи со два различни клуба под водство на Жозе Мурињо. Со Јунајтед ја освои Лигата на Европа, додека синоќа со Рома го освои трофејот во Конференциската лига.
Спорт
Трка во Мото ГП откажана поради „геополитичка ситуација“

Меѓународната мото федерација (ФИМ) потврди дека трката за Големата награда на Финска е откажана. Трката беше откажана поради доцнење на работите на патеката и геополитичката ситуација предизвикана од руската војна во Украина, јавува агенцијата Анадолија (АА).
„Ризиците кои ги носи моменталната геополитичка ситуација во регионот, како и работата на патеката „Кими ринг“, за жал, не натераа да ја откажеме Големата награда на Финска во 2022 година. Сегашните услови доведоа до одложувања и ја загрозија работата на новата патека“, се вели во соопштението на ФИМ.
Од ФИМ истакнаа дека во календарот за оваа сезона ќе има 20 трки. Траката за Големата награда на Финска требаше да се вози на 10 јули.
Спорт
Ибрахимовиќ: Пиев апчиња, од болки шест месеци не спиев

Златан Ибрахимовиќ се огласи на социјалните мрежи по успешната операција на предните вкрстени лигаменти и откри шокантни детали за повредата и состојбата на неговото колено во текот на оваа сезона.
Според прогнозите, Швеѓанецот ќе паузира околу осум месеци, па останува да се види дали потоа ќе може да ја продолжи кариерата со оглед на тоа дека тогаш ќе наполни 42 години.
„Во изминатите шест месеци играв без лигаменти на левото колено. Имам оток шест месеци, можев да тренирам со тимот само 10 пати. примив повеќе од 20 инјекции, земав лекови против болки секој ден. Едвај можев да спијам од болки. Никогаш не сум страдал толку многу на теренот и надвор од него. Нешто што е невозможно го овозможив, имав само една цел на ум, да ги направам соиграчите и тренерите шампиони на Италија, бидејќи тоа го ветиц. Денеска имам нови лигаменти и уште еден трофеј“, изјави Ибрахимовиќ.
Милан по пауза од 11 години повторно е шампион на Италија. Интересно и таа титула Милан ја освои со Ибрахимовиќ во тимот.