Контакт

Спорт

Иднината на Дешам ќе биде позната по завршувањето на ЕП

Објавено пред

Актуелните светски шампиони, фудбалерите на Франција, во осмина-финалето на ЕУРО 2020 доживеаја шокантна елиминација од Швајцарија. Французите испаднаа по изведувањето на пенали, и покрај тоа што во последните десет минути од регуларниот тек на натпреварот влегоа со предност од 3:1.

Елиминацијата на главниот фаворит веројатно ќе ја одреди и судбината на селекторот Дидие Дешам, кој очигледно ги испушти конците од своите раце. Француските медиуми шпекулираат дека Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор.

„Дидие мора да размисли, и јас морам да го направам истото. Ќе седнеме некаде, ќе поминеме заедно еден ден. Мораме да разбереме кој што сака“, рекол првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел Ле Грет за „Фигаро“.

„Дешам е човекот кој ни донесе толку многу радост, ни ја донесе титулата на Светското првенство во 2018 година. Ќе почекам, ќе бидам трпелив. Сакам да знам како тој се чувствува, дали е мотивиран. Истото важи и за мене“, рекол Ле Грет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Матео Меси го засени својот татко!

Објавено пред

Матео Меси Рокуцо, синот на легендата на Барселона, Лионел Меси, ги импресионира фудбалските фанови со својата контрола на топката и додавањето во снимката што ја сподели татко му.

Петгодишниот Матео, кој е втор син на Меси, привлече над 20 милиони прегледи на социјалните мрежи.

Внимавајте!

Прикажи повеќе...

Спорт

Конференциска лига – потоп на Хајдук и на Стеауа

Објавено пред

Хајдук успеа да прокоцка 2:0 водство од првиот натпревар и да загуби со 4:1 од казахстанскиот Тобол за уште една европска катастрофа на славниот клуб од Сплит.

Уште поиронично, по првите 45 минути немаше голови и времето работеше за Хајдук пред во 56. минута српскиот интернационалец Јованчиќ да го донесе Тобол во водство. Пет минути подоцна Сергеев зголеми на 2:0 пред тој да постигне уште еден гол за 3:0! Кровиновиќ имаше совршена шанса да ги врати во игра сплиќани со удар од белата точка, но неговиот обид го одбрани голманот Мокин.

Сахити, пак, успеа во судското надополнување да погоди од белата точка за 3:1, а бидејќи сега не важи правилото за гол во гости, се отиде на продолженија. Тагиберген на две минути пред крајот на второто продолжение го уништи Хајдук.

Во аут е и поранешниот европски шампион Стеауа Букурешт (сега со име ФЦСБ) откако со 2:1 загуби од Шатхјор Караганди од Казахстан, а потоа на пенали го загуби мечот. Во првиот меч ФЦСБ славеше со 1:0.

Контроверзниот газда на тимот, Џиџи Бекали, за романските медиуми веќе најави дека ќе отпушти двајца фудбалери – Вучур и Ондрашек.

Прикажи повеќе...

Спорт

Олимписката шампионка од Книн ги разгоре националистичките страсти

Објавено пред

Матеа Јелиќ, новокрунисаната хрватска олимписка шампионка во теквондо, предизвика бура реакции со своите изјави, но и со заканите што го доби.

23-годишната Јелиќ, која доаѓа од Книн, по освојувањето на златото, изјави дека сака да ја прослави титулата на годишнината на „Бура“, хрватската воена акција со која го освоија Книн и остатокот од Српска Краина по што беа протерани стотина илјади луѓе.

„Сакам дочекот да се спои со ‘Бура’. Во Хрватска се враќам на годишнината на тој настан, кој толку ми значи и би сакала да имам голема фешта“, изјави Јелиќ.

Оваа изјава предизвика многу контроверзии, особено во Србија, каде што уште се дел од бегалците од таа војна и таа на социјалните мрежи доби куп заканувачки пораки, кои ги сподели.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет4 часа

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија7 часа

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија8 часа

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија8 часа

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија9 часа

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија9 часа

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија10 часа

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Македонија10 часа

Заев: Западен Балкан не може да чека ЕУ да ги реши внатрешните проблеми за да оди напред

Со обраќања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и...

Економија11 час

Пониски сметки за граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на...

Македонија11 час

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е од 2023 да нема граници помеѓу нашите земји

Во Скопје денеска се одржува голем регионален Економски форум, како дел од иницијативата мини шенген, каде што учествуваaт и претседателот...

Свет13 часа

Најголемата австралиска сојузна држава пријави рекорден број на новозаразени

Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс пријави најголем дневен број луѓе заразени со коронавирус, само еден ден откако карантинот во...

Свет13 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтер се случи во близина на Алјаска, а издадено е предупредување за цунами...

Македонија15 часа

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој се очекува да учествуваат над 300 компании...

Македонија1 ден

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ1 ден

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет1 ден

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен1 ден

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија2 дена

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија2 дена

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Досие