Спорт
Играчите барале, челниците одбиле Џеко да биде капитен

Рома во недела ќе го пречека тимот на Удинезе. Во стартната постава на „волчицата“, треба да биде и Един Џеко. Репрезентативецот на БиХ, речиси еден месец, поради расправијата со тренерот Фонсека, беше закован за клупата.
Џеко ќе започне во стартната постава, но нема да го предводи тимот со капитенската лента на раката.
„Газета дело Спорт“, пипува дека играчите побарале Џеко да остане капитен, меѓутоа челниците го одбиле нивното барање. Новиот капитен, Лоренцо Пелегрини, инсистирал лентата да му биде вратена на Џеко, но и неговото барање било одбиено.
Џеко, во зимскиот преоден рок се наоѓаше пред трансфер во Интер, меѓутоа од Милано во последен момент ја одбиле размената Џеко за Алексис Санчез.
Един Џеко, за Рома, одиграл 243 натпревари, постигнал 114 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гризман ќе ја напушти Барселона?

Фудбалскиот клуб Барселона, шест дена пред изборите, го тресе скандалот со аферата „Барсагејт“, во која претпладнево беа уапсени високи клупски функционери, меѓу кои е и поранешниот претседател Џосеп Марија Бартомеу.
Според шпанските медиуми, Меси го чека исходот на претседателските избори, за да ја донесе одлуката околу својата иднина, меѓутоа тие тврдат дека тој ќе замине поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа кубот.
Истите овие извори, тврдат, дека во јуни, покрај Меси клубот ќе го напушти и вториот најплатен играч во тимот, Антоан Гризман.
Гризман, во јуни 2019 година, за сума од 120 милиони евра, го напушти Атлетико и се пресели во Барселона. На „Ноу Камп“ тој не ги оправда очекувањата.
Барселона наводно ќе прифати понуда од 60 милиони евра за францускиот репрезентативец. Интерес за Гризман покажале ПСЖ и Манчестер јунајтед.
Спорт
Уапсен поранешниот претседател на Барселона

Полицијата, претпладнево, извршила рација во официјалните простории на фудбалскиот клуб Барселона. Шпанските медиуми објавија дека се уапсени поранешни челници на клубот, меѓу кои е и екс-претседателот Џосеп Марија Бартомеу.
Според овие извори, рацијата е поврзана со аферата „Барсагејт“. Истрагата е покрената под сомнение дека Бартомеу профитирал од бизнис зделките кои ги правел клубот.
Наводно тој плаќал на социјалните мрежи да ја рушат репутацијата на одредени поединци. Конкретно, Бартомеу на фирмата „13VEntures“ и плаќал шест пати повеќе во однос на пазарната вредност.
Поради таа афера, полицијата веќе изврши една рација во јуни минатата година.
Покрај Бартомеу, денес биле уапсени Оскар Грау и Роман Гомес Понти.
Спорт
Петронас Јамаха го претстави новиот мотор

Екипата на Петронас Јамаха го претстави моторот за новата сезона, во Мото ГП шампионатот. Сезонава за Петронас Јамаха ќе возат Валентино Роси и Франко Морбидели.
Претстојната сезона ќе биде трета за тимот од Малезија, во кралската класа во Мото ГП шампионатот. Во односот на претходните две години, измени има во боите, главната боја, тиркизната остана, а на остантиот дел од мотоциклот доминира црната боја.
Минатата сезона, Петронас имаше подобри резултати од фабричката Јамаха. Морбидели и Фабио Квартараро забележаа шест победи. Морбидели го освои второто место во генералниот пласман.
На Морбидели оваа сезона му се приклучи неговиот ментор, легендарниот Валентоно Роси. „Докторот“, прв пат по пауза од 20 години ќе вози за приватен тим.
Новата сезона во Мото ГП шампионатот ќе започне од Катар на 28.март.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран