Спорт
„Играчите на Јунајтед шетаат по теренот, заслужија ќотек“
Манчестер јунајте освои бод во дербито против Челзи (1:1), а легендарниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“, Гери Невил, во текот на телевизискиот пренос ги критикувал фудбалерите за она што го прикажаа.
„Манчестер Јунајтед е тип на тим кој секој гледач би сакал да го претепа во текот на натпреварот“, рече Невил во дерби пренос.
“Тие заслужуваат ќотек бидејќи на младите фудбалери им даваат лош пример околу трудот и работна етика. Тоа се вредностите на кои родителите и тренерите ги учат децата. Срамота е како играчите на Јунајтед се однесуваат и шетаат на теренот. Јасно е дека Јунајтед нема да биде шампион. но фудбалерите на Јунајтед барем можам да трчаат. Не треба да не залаже овој нерешен резултат, ова е за срамота“, рекол Невил.
„ Заработуваат богатство и шетаат по теренот. Срамота е ова. Само се надевам дека новиот тренер на Јунајтед Ерик тен Хаг го гледаше овој натпревар“, додаде поранешниот англиски репрезентативец.
Со ова реми Јунајтед најверојатно се прости од борбата за четврто место и пласман во Лигата на шампионите. Има пет бода помалку од четвртопласираниот Арсенал и дури два натпревари повеќе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Им посакувам се најдобро на моите браќа на Олимпијадата, јас не сум доволно добар“
Кошаркарот на Далас Кајри Ирвинг не се најде на списокот на репрезентацијата на САД за претстојните Олимписки игри во Париз.
Плејмејкерот на Маверикс изјави дека не е изненаден што не е меѓу 12-те избрани за олимпискиот турнир.
Ирвинг, освои злато со тимот на САД на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.
„Им посакувам се најдобро на моите браќа. Едноставно не бев доволно добар за овој тим“, рече Ирвинг.
„Процесот на изборот беше тежок. Но, повторно, немам ништо друго освен почит кон овие момци. Во овој момент од мојата кариера, мислам дека мојот фокус треба да биде на освојување на шампионатот“, додаде бекот на Далас.
Тимот на Стив Кер во Париз го сочинуваат Леброн Џејмс, Девин Букер, Џејсон Тејтум, Кави Ленард, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Бем Адебајо, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс и Кевин Дурент.
Спорт
Нема повеќе повторување на натпревари во ФА Купот
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), објави дека од следната сезона, во ФА купот нема да се преигруваат натпреварите кои ќе завршат без победник. Правилото, старо колку и самото натпреварување, од следната сезона ќе важи само во квалификациите. за повторување ќе важи само во квалификациите.
Укинувањето на повторувањата е само еден од неколкуте чекори договорени од ФА и Премиер лигата во следните шест години.
Во иднина сите натпревари од ФА Купот ќе се играат за викенди, со исклучок на четвртото коло, во кое натпреварите ќе се играат од петок до среда. Во четвртото и петтото коло од ФА Купот нема да се играат натпревари од Премиер лигата.
Финалето на ФА Купот ќе се одигра во претпоследниот викенд од сезоната во Премиер лигата. Тој ден нема да се играат натпревари од Премиер лигата. Во петок, на ден пред финалето на ФА Купот, нема да има натпревари од Премиер лигата.
Промените во ФА Купот ќе донесат поинаков вид посветеност на Премиер лигата. Прво, Премиер лигата ќе обезбеди дополнителни 33 милиони фунти за фудбалот, покрај 100-те милиони фунти што досега ги плаќаше на крајот од секоја сезона.
Покрај тоа, Премиер лигата ги задржува сите претходни обврски – на секои три години Премиер лигата исплаќа 1,6 милијарди фунти за сите нивоа во машка и женска конкуренција за да помогне во развојот на фудбалот.
Одлучено е и Комјунити Шилд натпреварот за сезоната 2024/25 да се одигра во сабота на 10 август. Една недела подоцна ќе започне сезоната во Премиер лигата.
Спорт
Лирој Сане има чудна повреда поради која не може да седи
Лирој Сане, во средата, беше еден од најдобрите играчи во тимот на Баерн, кој преку Арсенал избори пласман во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Германските медиуми пишуваат дека 28-годишниот фудбалер повреден го одиграл тој натпревар и дека планира да игра до крајот на сезоната.
Сане има чудба повреда поради која не може нормално да седи.
Како резултат на тоа, тој не поминува време со соиграчите пред и по тренинзите, а тешко му е и да патува.
Но, и покрај тоа, му порачал на тренерот Томас Тухел дека не размислува да прави пауза за да ја лечи повредата, особено не сега кога Баерн Минхен го очекува двомеч со Реал Мадрид.
Сане има повреда на срамната коска, односно на препоните, една од трите главни коски на карлицата. Германските медиуми пренесуваат дека Сане под блокада го одиграл реваншот од четвртфиналето со Арсенал, но дека по натпреварот имал сериозни болки.
Напуштајќи го стадионот, тој наводно им рекол на тренерот и соиграчите дека ќе продолжи да тренира и да игра како ништо да не се случило, особено што поради повреди мечот го пропуштија Серж Гнарби и Кингсли Коман.
Сезонава Сане има девет гола и 13 асистенции на 39 настапи во дресот на Баерн.