Спорт
Икарди и се заканил на Ванда Нара – Откажи се од разводот или ќе го раскинам договорoт со ПСЖ

Мауро Икарди и Ванда Нара ги полнат страниците во жолтитот печат. Сопругата на Икарди го напушти Париз, се врати во Милано, откако ја откри аферата која сопругот ја имал со актерката Еухенија Суарез.
Икарди, во неделата, побарал дозвола од клубот да не тренира и заминал во Милано за да го спаси бракот. Тој објави заедничка фотографија, но ден подоцна Ванда Нара, објави фотографија на која покажува дека повеќе не ја носи бурмата.
Ванда Нара и покрај обидите на фудбалерот сака да се разведе од него. Медиумите тврдат дека доколку дојде до постапката за развод, тие ќе треба да поделат 60.000.000 евра.
Икарди, од друга страна не се откажува, смислил план како да си ја врати назад сопругата. Планот е поврзан со парите. Радиото Монте Карло, тврди дека тој бил подготвен да го раскине договорот со ПСЖ, доколку сопругата не се откаже од разводот.
Ванда Нара е менаџерот на Икарди, таа го договори неговиот трансфер во ПСЖ, на договорот стои нејзиниот потпис. Во случај фудбалерот да го раскине договорот, Ванда ќе мора да му плати обесштетување од неколку милиони евра на клубот.
Маури Икарди во ПСЖ има годишна плата од 12.000.000 евра, неговиот договор истекува во јуни 2023 година.
?⚽️ | NEW: Mauro Icardi has threatened to leave PSG if his wife Wanda Nara doesn’t return to him
Via @RMCsport
— Football For All (@FootballlForAll) October 19, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хоселу е на чекор до трансфер во Реал
Реал Мадрид е многу блиску до потпис со нов напаѓач. Станува збор за 33.годишниот центарфор на Еспањол, Хоселу. Тој треба да пристигне на позајмица, пишува „Марка“, а Реал само ќе ја преземе обврската да му ја исплаќа платата. Постои можност и по позајмицата да остане играч на Реал. Тој наводно ќе ја активира клаузулата во договорот со која ќе може да си замине доколку клубот испадне, што ќе се случи на крајот од сезоната.
Хоселу е искусен напаѓач кој пред 12 години играше за Реал Мадрид, односно неговиот друг тим Кастиља. За првиот тим има одиграно еден натпревар во сезоната 2011/2012.
Потоа смени многу клубови, играше за Хофенхајм, Ајнтрахт Франкфурт, Хановер, Стоук Сити, Депортиво, Њукасл, Алавес, пред минатото лето да пристигне во Еспањол.
Тој е во фантастична форма оваа сезона. Постигна 17 гола во сите натпреварувања и пред крајот на сезоната се наоѓа на третото место на листата на најдобри стрелци во Примера. Пред него се само Левандовски и Бензема.
Спорт
Покетино почна со чистката – Челси нема да го откупи договорот на Феликс

Маурисо Покетино, новиот тренер на Челси, започна со чистката во соблекувалната. Аргентинецот, вчера потпиша две годишен договор, а денес го известил Жоао Феликс дека неговиот договор нема да биде откупен од Атлетико Мадрид.
Жоао Феликс, во јануари, се пресели на позајмица во Челси. „Сините“ за него на Атлетико му платија 11 милиони евра. Феликс неколку пати изјави дека сака да остане на „Стенфорд Бриџ“. Покетино нема да му ја исполни желбата.
Феликс за Челси одигра 20 натпревари и постигна четири гола.
„Челзи не извести дека Покетино не го сака Феликс и дека нема да го откупат неговиот договор. По истекот на позајмицата, тој ќе се врати во Атлетико, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Во моментов немаме планови за него”, им откри во вторникот на шпанските новинари, пртседателот на Атлетико, Енрике Серезо.
Жоао Феликс е првата „жртва“ во ерата на Покетино во Челси. Се очекува во преодникот рок клубот да го напуштат Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијеш, Калиду Кулибали, Мејсон Маунт, Нголо Канте…
Спорт
Де Лаурентис подготвил богата понуда за тренерот на Порто

Лучано Спалети ја освои Серија А со Наполи, го врати шампионскиот пехар во градот под Везув по 33 години и потоа го напушти клубот.
Италијанските медиуми, тврдат дека Спалети се скарал со газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Од другра страна, Де Лаурентус изјави дека Спалети самиот решил да го напушти клубот. Ова можеби е вистината, бидејќи Спалети откри дека заминува на едно годишен одмор.
Неколку тренерски имиња се поврзуваат со Наполи. Италијанските медиуми пренесоа дека Де Лаурентис за тренер го сака поранешниот шпански селектор, Луис Енрике, но изгледа вистината е поинаква.
Првиот човек на Наполи ќе се обиде да го донесе во клубот Жержо Консеисао, тренерот на Порто.
За да го убеди да ја прифати понудата, Де Лаурентис бил подготвен на Португалецот да му понуди шест милиони евра годишна плата. Доколку прифати, Консеисао ќе биде меѓу тренерите со најголема плата во Серија А.