Контакт

Спорт

Иличиќ ќе игра против Наполи

Објавено пред

Јосип Иличиќ ќе биде во тимот на Аталанта на гостувањето во Неапол потврдил тренерот Џанпјеро Гасперини.

„Јосип ќе патува со нас, не знам дали ќе го започне мечот или ќе влезе подоцна. За нас ова се сјајни вести. Иличиќ не заборавил да игра фудбал“, рекол Гасперини.

Словенецот кон крајот на јули доби дозвола да го напушти клубот додека не ги реши личните проблеми. Медиумите открија дека Иличиќ се борел со депресијата, која била предизвикана од страшните сцени што ги видел низ Бергамо за време на пандемијата на коронавирусот.

Наполи и Аталанта својот натпревар денес ќе го започнат во 15 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

И со Пандев, Џенова го загуби дербито на дното од Парма

Објавено пред

Џенова очигледно ја чека тешка борба за опстанок во Серија А, откако ниту влегувањето на Горан Пандев не успеа да спречи 1:2 пораз на „Грифоне“ од Парма во дербито на два тима кои имаат лош старт на сезоната.

Џокер за тимот на Фабио Ливерани беше ветеранот Жервињо, кој постигна гол во 10. и 47. минута за 0:2 водство, по што Џенова одговори преку Узбекистанецот Елдор Шомуродов во 50. минута. Пандев влезе токму на местото на Шомуродов во 69. минута, но не успее да го спречи шестиот пораз во девет меча за неговиот тим.

Со трите поени, Парма „скокна“ на 16. место со 9 поени, додека Џенова останува на претпоследното место со 5 поени, три повеќе од фенерџијата Кротоне.

Прикажи повеќе...

Спорт

Србија се „рехабилитираше“ против Финска, Шпанците ја победија Романија со 53 разлика!

Објавено пред

Србија ја забележа втората победа во квалификациите за Евробаскетот 2022, победувајќи ја Финска со 75:66 за да дојдат на чекор до пласман на првенството.

Тимот на Игор Кокошков играше фантастично во одбраната на стартот на мечот, оставајќи ги Финците на само седум поени (17:7), за да отидат на одмор со 13 поени предност. Анѓушиќ со 19 поени беше најдобар за Србите, додека Максуни за Финците даде 15. Со 2-2 скор, на Србија и треба една победа во последните две кола од квалификациите, или пораз на Финска.

Италија, пак, во најинтересниот меч со 70:66 ја совладаа Русија за да останат совршени во квалификациите со 4-0 скор. Двата тима имаа по 15 поени во првата четвртина, пред Италијанците да се одвојат на пет поени предност, но не успеаја да направат поголема предност. Русите имаа напад при 69:66, но не го остварија. Амедео Теситори имаше 27 поени и 9 скока за „аѕурите“, додека Андреј Воронцевич уфрли 11 поени за „зборнаја“.

Во најбизарниот меч денеска, Шпанија со неверојатни 94:41 ја декласираше репрезентацијата на Романија, откако во втората четвртина им дозволија само 9 поени, а во последната 8, додека им уфрлија 36 поени.

ЕВРОБАСКЕТ 2022 КВАЛИФИКАЦИИ

Русија – Италија 66:70 (15:15, 16:21, 13:14, 22:20)

Швајцарија – Грузија 84:91 (24:27, 15:19, 15:19, 30:26)

Израел – Полска 78:72 (16:18, 25:14, 21:20, 16:20)

Украина – Австрија 70:67 (16:14, 13:16, 21:15, 20:22)

Србија – Финска 75:66 (17:7, 18:18, 20:20, 20:21)

Шпанија  – Романија 94:41 (27:12, 18:9, 13:12, 36:8)

Словенија – Унгарија, одложено

Прикажи повеќе...

Спорт

Фулам, конечно, даде гол од пенал и го шокира Лестер!

Објавено пред

Фулам, откако имаше неверојатни три промашени пенали на почетокот на премиерлигашката сезона 2020/2021, конечно, погоди од белата точка за да стигне до изненадувачка 2:1 победа кај Лестер, само втора во 2020.

Адемола Лукман прв ја стресе мрежата на Каспер Шмајхел во 30. минута од мечот, за осум минути подоцна да биде досуден пенал за Фулам, четврт во новата сезона, откако претходните три ги промашија Лукман, Александар Митровиќ и Иван Кавалиеро. Но, Португалецот Кавалиеро повторно покажа храброст застанувајќи на белата точка и постигнувајќи гол за 0:2.

По ова, темпото на игра падна и Лестер залудно се обидуваше да се пробие до голот на тимот на Скот Паркер пред во 86. минута Џејми Варди да му асистира на младиот Харви Барнс за 1:2.

Со победата Фулам излегува од зоната за испаѓање на 17. место со шест поени, а Лестер остануваа четврти со 18 поени, сега три помалку од лидерите Тотенхем и Ливерпул.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Утре блокади пред Владата и пред МНР

Ова се историски моменти. Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската...

Регион3 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија4 часа

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Свет5 часа

Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19

Експертите предупредуваат дека пандемијата би можела да доведе до криза на менталното здравје кај луѓето. Масовната невработеност, физичката дистанца и...

Македонија9 часа

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија10 часа

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа10 часа

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија10 часа

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија10 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија11 час

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Свет12 часа

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет...

Македонија12 часа

Граѓански здруженија бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина....

Македонија12 часа

Дачиќ: Заев знае дека неговите изјави не се точни, но му треба согласност од Софија за ЕУ

Претседателот на српското Националното собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае оти...

Регион12 часа

Во Словенија 51 починат од коронавирус и 428 нови случаи

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 428 нови случаи на коронавирус од 1.880 тестирани, а починале 51 лице....

Регион13 часа

„Франс прес“: Здравствените системи на Балканот се преоптоварени поради коронавирусот

Недоволниот број на кревети и лекари и масовниот пораст на инфекции со коронавирус ги доведоа болниците на Балканот на работ...

Македонија14 часа

Воено-медицински персонал ќе се распореди во ковид-центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на...

Регион15 часа

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион15 часа

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет15 часа

(Видео) Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија15 часа

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Досие