Спорт
Илузионистот Ури Гелер тврди дека тој го предизвикал промашувањето на Томас Милер
Во една од најбизарните приказни од Евро 2020, познатиот изралеско-британски илузионист Ури Гелер тврди дека тој е одговорен за промашувањето на Томас Милер против Англија откривајќи дека викнал „Еден, два, три, сврти“ пред асот на Баерн Минхен да ја пропушти најдобрата шанса на мечот.
При 1:0 за Англија, Милер беше во совршена позиција да го казни лошиот потег на Рахим Стерлинг истрчувајќи сам пред голманот Џордан Пикфорд, но за малку беше непрецизен.
„Нема сомнеж во мојот ум дека јас бев одговорен за промашувањето на Милер. Се подготвував да излезам на сцена, бев зад завесата, а мојот помошник ја имаше апликацијата на Евро на телефонот и го гледав мечот. Кога видов дека Англија победи, излегов на сцената и сите аплаудираа“, вели Гелер.
74-годишниот Гелер и во минатото тврдеше дека е одговорен за некои големи фудбалски моменти – на Евро 1996 година, додека леташе со хеликоптер над „Вембли“, тврди дека го предизвикал промашувањето од пенал на Гери Мекалистер против Англија со телекинеза. Тој исто така тврдеше дека помогнал Рединг да избегне испаѓање во 2002 кога на фановите на клубот им порача да гледаат во неговите очи и да повторуваат: „Победи, Рединг, победи“. Тие остварија реми и останаа во лигата.
@Guymowbray “It’s Thomas Muller, England’s nemesis. NOT THIS TIME!” #Eng #ger #IconicCommentary @BBCSport ??#EURO2020 pic.twitter.com/mD1xaJs5az
— Tom Duffy (@Duffs_7) June 29, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.