Спорт
Индиректно ги обвини Пјаниќ и Манџукиќ за поразот од Реал во 2017 (видео)
Биографската книга „Јас, Џорџо“ на капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини, секојдневно предизвикува бурни реакции во италијанската и светската јавност. По критиката за Марио Балотели и Фелипе Мело, кога откри дека од дното на душата го мрази Интер, Кјелини пишува и за поразот од Реал во финалето во Лигата на шампионите во 2017 година.
Титулата во Лигата на шампионите е она за што сонува не само Кјелини туку и сите во Јувентус, особено играчите, кои години се дел од тимот.
Во финалето во 2017 година Јувентус на полувремето имаше 1:1, а на крајот Реал го прегази и со вкупни 4:1 ја освои титулата.
Индиректно, Кјелини ги обвинува Миралем Пјаниќ и Марио Манџукиќ за поразот во финалето.
„Нема што да се каже за тоа финале. Ништо посебно не се случи на полувремето. Бевме екстремно уморни. Изгубувме поради премореност. Манџукиќ лежеше на подот, Пјаниќ не можеше да оди. Мислевме дека по 1:1 ќе се вратиме, но во второто полувреме се драматично застана. За нас, финалињата секогаш доаѓаат премногу доцна“.
Манџукиќ го постигна единствениот гол на тој натпревар, а многумина се согласни дека одбраната е виновна за поразот, особено партнерот на Кјелини, Леонардо Бонучи.
Кјелини: Мело беше јаболко на раздорот, а Балотели заслужи шлаканица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.