Контакт

Спорт

Иниеста: Барселона се однесуваат грдо кон Валверде

Објавено пред

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста вели дека каталонскиот клуб се однесува „малку грдо“ кон тренерот Ернесто Валверде, по шпекулациите дека клубот е во потрага на неговата замена, со Чави како прв кандидат.

Шпекулациите се зголемија откако Барселона загуби со 3:2 од Атлетико Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, по што директорите на клубот отидоа во Катар да го убедуваат Чави да се согласи на договор. Валверде освои две титули во Шпанија, и Иниеста вели дека разочарува недостатокот на доверба во тренерот.

„Однесувањето на Барса е малку грдо. Морате да го почитувате сопствениот тренер и ваквите работи најмногу болат. Односите на претседателот Жосеп Марија Бартомеу и навивачите остануваат добри, но се надевам дека ситуацијата ќе се реши бргу, бидејќи ова не е убаво за клубот, за тренерот и за навивачите. Дали е Чави подготвен? Тоа најдобро може да го одговори самиот тој“, вели Иниеста во интервју за „Онда серо“.

Чави и Куман ја одбиле Барса?



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Гомез рекордер во Лига Европа, постигна гол од 56 метри

Објавено пред

Фудбалерот на Омонија, Хорди Гомез (35), го постигна единствениот гол за својот тим во поразот од ПСВ (1:2), во второто коло во Лига Европа.

Ветеранот од Шпанија, постигна спектакуларен гол во 29 минута од натпреварот. Топката пред да заврши во голот на ПСВ патуваше 56 метри.

Статистичарите пресметале дека Гомес постигнал гол од најголема далечина во историјата на лига Европа. Тој го урна рекордот на Кемар Рофе, кој минатата недела погоди од пола терен за триумф на Ренџерс над Стандард.

Хорди Гомез во Омонија пристигна во 2018 година, претходно шест сезони го носел дресот на Виган. Во кариерата играч и во Еспањол, Сандерленд, Блекбурн, Рајо Ваљекано и Левски од Софија.



Прикажи повеќе...

Спорт

Вајт: Мислам дека Хабиб ќе ја прекине пензијата

Објавено пред

Хабиб Нурмагомедов, по победата над Џастин Гејџи, објави крај на кариерата. Против Гејџи борецот од Дагестан ја забележа 29 победа во исто толку борби.

„Кога од УФЦ ме повикаа за оваа борба, три дена разговарав со мајка ми и ветив дека ова ќе биде мојата последна борба. Ветив и ветувањето треба да го исполнам. Ова беше мојата последна борба“, изјави Нурмагомедов по борбата.

Сепак, првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, верува дека Нурмагомедов ќе се врати во октагонот.

„Јас разговaрав со него. Кога заврши борбата, беше преплавен од емоциите. Имам чувство дека ќе сака да има 30:0 во кариерата“, рекол Вајт.

„Татко му сакаше синот да ја заврши кариерата со 30:0. Мислам дека Хабиб ќе сака да му ја исполни желбата“, открил Вајт.

Таткото на Хабиб Нурмагомедов почина во јули.

Прикажи повеќе...

Спорт

Фенер со голема победа во Израел

Објавено пред

Фенербахче успеа да слави на гости со 75:65 кај Макаби Тел Авив за конечно да се врати на победите во Евролигата по три порази во низа.

Макаби имаше одличен старт на мечот, поведувајќи со 13:4, но Фенер успеа да стигне на само 3 поени негатива на полувреме, пред тимот на Игор Кокошков да се стабилизира и да стигне до убедлива победа. Али Диксон беше најдобар со 17 поени, Нандо де Коло додаде 13 за Фенер, додека Вилбекин беше најдобар кај Макаби со 23 поени.

Лузерската серија (овојпат од два меча) ја прекинаа и Реал Мадрид, по 100:82 победа над Баерн Минхен, кои пак „паднаа“ првпат по три победи во низа. Џејси Керол имаше 19 поени за Реал, Треј Томпкинс додаде 16 поени и 6 скока, додека за германскиот тим најдобар беше Вејд Болдвин со 18 поени и 4 асистенции.

ЕВРОЛИГА, 6.КОЛО

ЦСКА Москва – Валенсија 84:75 (17:16, 27:19, 18:23, 22:17)

Асвел Лион – Жалгирис Каунас 74:83 (23:13, 27:28, 10:16, 14:26)

Макаби Тел Авив – Фенербахче 65:75 (22:18, 16:17, 16:21, 11:19)

Реал Мадрид – Баерн Минхен 100:88 (27:17, 22:28, 21:16, 30:21)

Зенит Санкт Петерсбург – Панатинаикос, одложено

Прикажи повеќе...

Најново

Регион36 минути

Во Хрватска 2.772 новозаразени со коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаи на зараза со коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија1 час

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно2 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа2 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа3 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа3 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет15 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија16 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија17 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет18 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија20 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија21 час

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија21 час

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија22 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија24 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија1 ден

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет1 ден

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија1 ден

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија1 ден

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет1 ден

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Досие