Спорт
Инсиње се враќа во Италија, Лацио сериозно заинтересиран за неговите услуги

Поранешниот италијански репрезентативец, Лоренцо Инсиње не е задоволен од животот во Канада. крилниот напаѓач размислува да се врати во Италија.
Инсиње пред 18 месеци го напушти Наполи и како слободен играч во летото 2022 година се пресели во Торонто. Главниот мотив тогаш беа парите, Торонто му понуди годишна плата од 7.000.000 евра.
Парите беа причината за преселба во Канада, но како што сега стојат работите поради парите тој ќе се врати во Италија.
Инсиње не е задоволен од тоа високите дановци во Канада.
Наводно, голем интерес за Инсиње покажува Лацио. На клупата на овој тим седи поранешниот тренер на Инсиље во Наполи, Маурицио Сари.
Инсиње во Торонто одигра 31 натпревар и постигна 10 голови. Претходно целата кариера ја мина во Наполи, од 2010 до 2022 година одигра 434 натпревари и постигна 122 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Навивачите на Динамо во притвор ќе останат уште најмалку шест месеци
Навивачите на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб ќе останат во грчките затвори уште најмалку шест месеци, објави денеска Вечерњи лист, повикувајќи се на изјавите на адвокатите.
Првата група навивачи, во понеделникот , дадоа изјава пред судот во Атина.
„Следната одлука што ја чекаме е кој ќе излезе од истражен притвор и кој ќе одговара и кој ќе оди на судење, а кој на слобода“, рече адвокатот.
Дотогаш ќе помине најмалку половина од максималниот истражен рок од 18 месеци, наведува Вечерњи лист.
Вкупно 102 хрватски навивачи се во затворите ширум Грција, каде што беа уапсени во август поради нереди ден пред натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите против АЕК, во кој беше убиен навивач на грчкиот клуб.
Грчкиот адвокат на мнозинството навивачи на Динамо, Атанасиос Каименакис, некогашен член на навивачката група на Панатинаикос „Гејт 13“, по завршувањето на распитот на неговите клиенти изјави дека за 60 од 90-те што тој ги застапува нема материјални докази, нема видеа, нема примероци од ДНК врз основа на кои се задржани во истражен затвор.
„Нашата одбрана е цврста, апелирам до семејствата на моите клиенти да останат смирени. Кога ги посетив Бед Блу Бојс во затворите, чуварите ми рекоа дека се крајно дисциплинирани и добро се однесуваат. Многу сум горд на нив“, изјави Каимеакис.
Меѓутоа, кога навивачите беа донесени во судот од полициската станица, тие извикуваа пцовки кон луѓето што беа собрани пред судот, пренесе Хина.
Неофицијално се дознава дека читањето на приговорите би можело да трае околу 15 дена, на што ќе работат бројни преведувачи. Пред судијата ќе се појават уште 44 членови на Бед Блу Бојс, додека останатите ќе дадат изјави во среда.
Спорт
Финалето на ЛШ продадено на Абу Даби за 2,4 милијарди евра

Финалето на Лигата на шампионите во 2030 година ќе се игра во Абу Даби како дел од новиот шестгодишен договор на УЕФА со Обединетите Арапски Емирати, тврди шпански „ОК Диарио“. За ова задоволство ОАЕ ќе издвојат 2,4 милијарди евра.
Овој договор меѓу УЕФА и ОАЕ е одговор на судската одлука поврзана со проектот наречен Суперлига, кој се очекува наскоро во Луксембург.
„УЕФА знае дека на 21 декември може да ја изгуби тужбата пред Судот на Европската унија поврзана со Суперлигата и се договори со Абу Даби да ја спонзорира Лигата на шампионите. Тие сакаат да ја направат поатрактивна за клубовите и да избегнат дезертерство во Суперлигата“, изјави добро информираниот шпански новинар Едуардо Инда во емисијата „Ел Чирингито“. Одлуката треба да биде официјална на 7 февруари, пред ждрепката на Лигата на нации.
УЕФА, пишуваат Шпанците, ќе ги продаде правата за сите свои натпреварувања, вклучително и женски фудбал и мал фудбал, за подрачјето на Блискиот Исток. Главен човек во преговорите од страната на УЕФА е Џорџо Маркети, кој се консултира со Извршниот одбор за да се осигура дека сè ќе помине во најдобар ред.
Договорот вклучува договор за покривање на правата за ТВ преноси на сите клупски натпреварувања на УЕФА. Абу Даби ќе биде задолжен за обезбедување на стадиони, сместување и транспорт за различните финалиња на УЕФА, кои ќе се одржат во Емиратите.
Главен настап во овој проект ќе биде финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2029/2030, за кое веќе е извесно дека ќе се одржи во Абу Даби, додава шпанскиот извор.
Со овој пакт, УЕФА има намера да ја обезбеди својата економска исплатливост во иднина без страв од тоа што потенцијалната Суперлига може да им понуди на клубовите.
Шпанците додаваат дека Чеферин на крајот им се поклонол на петродоларите во страв од формирање на нова Суперлига, за што најмногу се залага претседателот на Реал, Флорентино Перез.
Спорт
Манчестер јунајтед им забрани пристап на четворица познати новинари

Манчестер јунајтед им забрани пристап на четворица познати новинари на денешната прес-конференција на тренерот Ерик Тен Хаг. Забрана за влез на прес-конференцијата добија Каве Солхекол (Скај Спортс), Семјуел Лакхерст (Манчестер ивнинг њуз), Дејвид Мекдонел (Мирор) и Роб Досон (ЕСПН).
„Презедовме акција против неколку новински куќи. Не затоа што објавуваат стории што не ни се допаѓаат, туку затоа што тоа го прават без претходно да не контактираат и на тој начин да ни дадат можност да коментираме, оспориме или контекстуализираме. Веруваме дека на овој начин браниме важен принцип и дека тоа ќе доведе до ресетирање на начинот на кој работиме заедно“, ја објасни клубот својата одлука.
Англиските медиуми неодамна пишуваа дека Тен Хаг ја губи контролата над соблекувалната и дека на играчите не им се допаѓаат методите на тренерот.