Спорт
Интер броеше до 6 против Кротоне, Лаутаро незадржлив

Милански Интер со меч од соништата на отворањето на 2021-та. Предмалку на „Џузепе Меаца“ пулените на Антонио Конте го торпедираа составот на Кротоне со 6-2 во рамки на 15 коло во Серија А.
„Нероазурите“ со трите бода по убедливата победа стигнаа најмногу поради хет-трикот на Аргентинецот Лаутаро Мартинез со што барем накратко се искачија на врвот на табелата пред Милан.
А почетокот на мечот не наговестуваше ваков епилог.
Уште во 12 минута гостите поведоа со 0-1. Стрелец Занелато.
Првиот од трите гола Лаутаро Мартинез го постигна во 20 минута, за 1-1.
Во 31 со автоголот на гостинскиот играч Мароне, Интер дојде до предност од 2-1, но за 2-2 до полувремето се погрижи Големиќ од пенал во 36 минута.
Експлозија во нападот за фудбалерите во „сино-црни“ дресови во вториот дел.
Предност од 3-2 донесе повторно Мартинез во 57 минута, а Лукаку погоди за 4-2 во 64 минута.
Аргентинскиот ас по третпат во листата на стрелците се запиша во 78 минута за 5-2, а конечниот резултат го постави Хакими на 3 минути пред крајот на мечот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ ќе го добие најголемиот договор во историјата на кошарката

Најдобриот играч на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, наредната сезона ќе го потпише најголемиот договор во историјата на НБА лигата.
Еден од најдобрите центри во светот на кошарката, во 2018 година потпиша петгодишен договор, за максимална сума од 148.000.000 долари.
Со она што го прикажува на трените во НБА лигата, на 25-годишниот српски репрезентативец му порасна и цената.
Новинарот на ЕСПН, Боби Макс, пишува дека летото во 2022 година, Јокиќ ќе добие „супер-макс договор“, договор кој би бил најголем во историјата на кошарката.
Услов да добие таков договор е Јокиќ да биде избран во една од трите најдобри петорки во НБА лигата, оваа година.
Исто така, покрај Јокиќ, „супер-макс договор“ би можел да добие и неговиот голем конкурент од Филаделфија Севентисиксерс, Џоел Ембид.
Во НБА лигата, во моментов, „супер-макс договори“ имаат Јанис Адетокумбо (228.000.000 долари), Расел Вестбрук (207.000.000) и Руди Гобер (200.000.000).
Спорт
Атлетико се најсилни на празниот „Ванда Метрополитано“

Коронавирусот ги „избрка“ навивачите од трибините. На некои тимови не им претставува проблем, што ги играат домашните натпревари, пред празни трибини. Таков пример е лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид.
Според истражувањето на Институтот за спортска историја и статистика (ЦИЕС), Атлетико, сезонава, на домашен терен победиле на 86,7 отсто од натпреварите. Ниту еден клуб, во најсилните пет национални шампионите во Европа, нема ваков учинок.
Блиску до Атлетико е градскиот ривал Реал. Играчите на Зинедин Зидан победиле на 85,7 отсто од натпреварите на домашен терен. Следуваат Баерн Минхен (83,3%) и Манчестер сити (81,3%), само уште два клуба забележале успешност од повеќе од 70 отсто на домашен терен: ПСЖ (72,7%) и Ливерпул (71,4%).
Апсолутни рекордери се Гразгов Ренџерс (Шкотска) и Боде (Норвешка), кои победиле на сите домашни мечеви оваа сезона. Од друга страна ниту една победа на домашен терен не забележале Депортиво Мунисипал (Перу), Вегалта Сендај (Јапонија), Далјен Про (Кина), Зоб Ахан (Иран), Келн (Германија), Дижон (Франција), Лингби (Данска), Ал Јармук (Кувајт) и Ал Итихад (Египет).
Погледнете ја комплетната листа на ЦИЕС.
Спорт
Кирјос: Ѓоковиќ е нашиот Леброн Џејмс

Се случи и тоа. Ник Кирјос има позитивен коментар за Новак Ѓоковиќ. Кирјос, кој минатата недела го нарече Ѓоковиќ „будала“, во интервју за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен, рекол дека „Ѓоковиќ е нашиот Леброн Џејмс“.
Кирјос, во интервјуто истакнал дека се чувствува сигурно во пресрет на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен. Тој рекол дека Ѓоковиќ мора да се однесува одговорно, бидејќи е пример за останатите играчи.
„Мислам дека е важно да се повикаат играчите на одговорно однесување, особено тоа треба да важи за оној кој е лидер на нашиот спорт“, рекол Кирјос.
„Технички, Ѓоковиќ е нашиот Леброн Џејмс, мора да им дава пример на останатите тенисери. Едноставно не беше вистинското време да го прави она што тој го правеше во екот на пандемијата. Сите ние правиме грешки и за нив треба да одговараме. Мораме да бидеме одговорни. Ние сме колеги, се натпреваруваме едни против други, но никој друг не го прозва за она што го правеше со својот турнир“, заклучил Кирјос.
Првиот Гренд слем во сезоната ќе започне на 8.февруари.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот