Спорт
Интер го доби дербито на Италија, се израмни со Милан!

Интер стигна до 2:0 победа над Јувентус во славното „Дерби Д’Италија“ за да се израмни со Милан на челото на табелата и да ги покаже шампионските амбиции, а со вториот пораз во пет меча, во Торино сигурно ќе се поставуваат многу прашања за тренерот Андреа Пирло.
Првиот гол на мечот го постигна поранешниот фудбалер на Јуве, Артуро Видал во 12-тата минута, откако пред стартот на мечот предизвика мала контроверза со (случајното) бакнување на грбот на противникот при прегратката со Џорџо Кјелини.
Тимот на Антонио Конте во 52. минута стигна до 2:0 водство преку Николо Барела по супер-брзиот контра напад на домаќините, а во подобрувањето на играта на Јуве не помогна ниту тројната замена која ја направи Пирло во 58. минута, внесувајќи ги Кулушевски, Меккени и Бернардески на местото на Рабио, Ремзи и Фработа.
Со големата победа, „нераѕурите“, кои последните денови се мета на интензивни шпекулации околу можната продажба на клубот, се искачија на второто место на табелата со 40 поени, колку што има и градскиот ривал Милан, кој утре гостува кај Каљари. Јуве, пак, со натпревар помалку се само петти со 33 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ефес со неверојатна слатка одмазда против ЦСКА

Ниту моќната ЦСКА Москва не успеа да ги сопре Анадолу Ефес, откако шест кошаркари имаа двоцифрен број на поени за фантастична 100:70 победа, со која се одмаздија за поразот од првиот меч во Русија, кога „Армејците“ победија со 100:65, што беше најлош пораз во модерната Евролига.
Василије Мициќ ги предводеше Ефес со 21 поен, 8 асистенции и 6 скока за шеста победа во низа за турскиот клуб. Сертаџ Санли додаде 14 поени, Крис Синглтон 12, додека Родриге Бобоа, Шејн Ларкин и Крунослав Симон завршија со 11 поени.
Само Торнике Шенгелија (14 поени) и Јоханес Фоигтман (10 поени) беа двоцифрени за „Армејците“ кои пристигнаа во Истанбул со две победи на гости кај Олимпијакос и Макаби.
ЕВРОЛИГА, 28.КОЛО
Зенит Санкт Петерсбург – Реал Мадрид 71:75 (13:24, 16:14, 29:14, 13:23)
Анадолу Ефес – ЦСКА Москва 100:70 (31:13, 24:15, 20:17, 25:25)
Спорт
Тотенхем и Евертон со минимални победи кај „давениците“

Тотенхем и Евертон ја продолжија битката за место кое води во европските купови, откако стигнаа до минимални победи над противници кои грчевито се борат за опстанок во Премиер лигата – Тотенхем кај лондонските соседи Фулам победија со 0:1, а Евертон со идентичен резултат славеше кај Вест Бромвич Албион.
На „Крејвен котиџ“ препородениот Деле Али во 19. минута од мечот упати удар, кој од нозете на Абдул-Насир Адарбиојо заврши во голот. Фулам постигнаа гол во 62. минута од мечот, кој беше поништен поради играње со рака, и се обидуваа грчевито до последните моменти да стигнат до израмнување. Ова е победа на Жозе Мурињо над својот поранешен играч во Челси, Скот Паркер.
На „Хоторнс“ пак, Ришарлисон со гол во 65. минута донесе нови три поени за Евертон на Карло Анчелоти, и ги намали шансите на Вест Бром да останат во елитата.
По 29. кола, Евертон се искачи на четвртото место на табелата со 46 поени, Тотенхем се осми со четири поени помалку. На дното пак, Фулам остануваат 18-ти со 23 поени, три под зоната за испаѓање, додека ВБА се 19-ти со само 17 поени.
Спорт
Гвардиола му „спушти“ на Рио: Му кажав на Меси да напаѓа каде што си ти!

Легендарниот дефанзивец на Манчестер јунајтед Рио Фердинанд во посебна емисија на „БТ спорт“ го нагости менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по што се потсетија на легендарните мечеви меѓу Барселона на Пеп и Јунајтед, кога Барса доминираше и во две финалиња во 2009 и 2011 година ги совладаа „ѓаволите“, првпат со 2:0, вторпат со 3:1.
Одговорите кои ги доби Рио, не беа тие кои ги посакуваше, но барем добро се насмеа.
„Беше чест да се игра против Манчестер јунајтед во финалето на ЛШ. Секако, победивме! Тоа се прекрасни моменти кои ќе ги паметам цел живот. Му кажав на Меси: ‘Лео, напаѓај од страната каде што е Рио’! Тој ме послуша и победивме. Сериозно, имавме многу среќа. Во првите 15 минути можевме да примиме два гола“, вели Гвардиола.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер