Спорт
Интер го продава Шкриниар оваа зима

Италијанскиот калчолигаш Интер е подготвен да го продаде дефанзивецот Милан Шкриниар до крајот на зимскиот преоден рок. Како што пренесува италијанскиот медоиум „Газета дело Спорт“, челниците на Интер се многу незадоволни од тоа како игра 27-годишниот Словак во последно време, а сето тоа кулминираше на последниот меч против Емполи кога стоперот доби црвен картон и Интер загуби со 0:1 на „ Џузепе Меаца“.
Затоа Интер не го сака Шкриниар и ќе се обиде да го продаде на парижаните до крајот на зимскиот преоден рок за 20.000.000 евра. Тоа е дури 30 милиони помалку од сумата што ја посакуваа минатото лето.
Сепак, на крајот на сезоната Шкриниар би го напуштил Милан бесплатно по шест години минати во дресот на „нероаѕурите“, а Интер сака барем нешто да заработи од неговата продажба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Проработе „српската“ врска во Јуве – Влаховиќ и Костиќ за лесна победа над Салернитана

Душан Влаховиќ постигна два гола и асистираше уште еден до својот сонародник Филип Костиќ за да ги предводи Јувентус до рутинска 3:0 победа на гостувањето кај Салернитана, прв триумф по три меча за „бјанконерите“ во ситуација на криза на клубот од Торино.
Влаховиќ прво во 26. минута од мечот беше прецизен од белата точка за водство на гостите, а во финишот на полувремето да му асистира на Костиќ за 0:2. И покрај обидите на Салернитана да се врати во игра со поголем посед на топката, Јувентус имаа повеќе шанси, за во 47. минута, Влаховиќ да ги постави конечните 0:3.
Со победата и трите поени, Јувентус се искачи на 10. место на табелата со 26 поени (по казната од 15 поени), додека Салернитана се на 16. место со 21 поен.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-42415”));
Спорт
Ал-Хилал го „уништи“ Фламенго за шокантно финале на Светското клупско првенство

Азискиот шампион Ал-Хилал од Саудиска Арабија направи вистинска сензација, победувајќи го шампионот од Копа Либертадорес, бразилскиот гигант Фламенго со 3:2 за пласман во финалето, каде што ги чека подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и египетскиот Ал-Ахли, кои играат утре.
Ал-Хилал стигнаа до водство по само четири минути игра, со гол од пенал на саудиската ѕвезда Салем Ал-Давсари, за Фламенго да израмни во 20. минута преку Педро, но надежите на Фламенго за финале се намалија кога во финишот на првото полувреме, Жерсон доби втор жолт картон за играње со рака во шестнаесетникот. Ал-Давсари повторно беше прецизен од белата точка за ново водство од 2:1.
Ал-Давсари потоа во 70. минута му асистираше на Аргентинецот Лусијано Вието за 3:1 водство, а бразилскиот клуб успеа да го направи финишот интересен со вториот гол на Педро во 91. минута.
Спорт
Пелистер потклекна во второто полувреме, пораз од данскиот Скандерборг

Еурофарм Пелистер го забележа четвртиот пораз во седмото коло на Европската на ЕХФ, откако на гостувањето во Данска, загуби со 24:22 (11:11) од Скандерборг по катастрофалниот почеток на второто полувреме.
Македонскиот претставник во европските купови, одигра одлично прво полувреме во кое беше израмнет со фаворизираниот противник, за на почетокот на второто полувреме да падне во криза и да дозволи домаќините да направат предност од дури 7 гола. Задоцнетиот добар финиш на крајот не беше доволен да се надополни разликата.
Пешевски и Радовиќ беа најефикасни за Пелистер со по четири гола, додека Атанасијевиќ додаде три, додека најдобар играч на битолскиот клуб беше дефинтивно голманот Лесјак со 12 одбрани. За победниците, Балинг имаше седум гола, а Теигрум шест гола.
Фото: РК Еурофарм Пелистер.