Контакт

Спорт

Интер ја одреди цената за Лукаку

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Интер во летниот преоден рок ќе мора да продаде еден или двајца од своите најдобри играчи. „Кориере дело спорт“ тврди дека Интер веќе ја одредил цената за Ромелу Лукаку.

Финансиската криза жестоко ја погоди компанијата „Сунинг“, во чија сопственост се наоѓа Интер. Поради тоа, „Сунинг“, бара партнери на кои би им продал дел од акциите на клубот. Покра тоа, новиот партнер би морал да вложи од одредена сума пари.

Додека тоа не се случи, Интер финансиските проблеми ќе ги решава со продажба на фудбалерите, кои на пазарот имаат најголема вредност.

„Кориере дело спорт“ тврди дека Лукаку ќе го напушти клубот доколку некој издвои 120 милиони евра. Се шпекулура дека интерес за Лукаку покажуваат Манчестер сити и Барселона.

Лукаку во Интер пристигна во 2019 година од Манчестер јунајтед за 80 милиони евра. Белгиецот има одиграно 85 натпревари, на кои постигнал 59 гола.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Фановите на Ливерпул со камења по автобусот на Реал Мадрид

Објавено пред

Фудбалерите на Реал Мадрид имале „мала незгода“ при пристигнувањето на „Енфилд“, откако груп навивачи на Ливерпул со камења удрила по автобусот, кршејќи едно стакло.

За среќа, нема повредени во инцидентот.

Реал го доби првиот меч во Мадрид со 3:1 и е поблиску до пресметка со Челси во полуфиналето на елитното европско натпреварување.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хамилтон пред Имола откри зошто Аиртон Сена е најдобриот

Објавено пред

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон во интервју за италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“ пред трката овој викенд во Имола, патеката на која животот го загуби легендарниот Аиртон Сена, уште еднаш зборуваше за почитувањето кон својот тркачки идол.

„Кого почитувам најмногу од возачите? Дефинитивно Аиртон Сена, поради начинот на кој возеше и колку беше важен со совјот карактер. Неговото влијание беше огромно. Немав среќа да го запознаам, но љубовта која ја имаат луѓето кон него е видлива. Секако, почитувам и други возачи, како Михаел Шумахер, кој покажа неверојатна поврзаност со својот тим. Знам колку е тешко тоа да се постигне“, вели Хамилтон.

36-годишниот ветеран исто ги кажа своите идоли од други спортови.

„Кога бев млад, Мухамед Али беше мојот крал. Како спортист, активист и како голема личност. Тој беше најинтелигентниот и затоа знаеше да зборува. Серена Вилијамс исто така ја почитувам како една од најголемите спортистки во историјата, како и Тајгер Вудс“, додава Англичанецот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ во одбрана на својот татко по нападите кон Федерер

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ не сакаше да ги осуди коментарите кои неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ ги упати кон швајцарскиот ривал Роџер Федерер, нарекувајќи го „одличен тенисер, но лош човек“.

„Пред 15 години, Федерер го нападна мојот син кога тој имаше 18 или 19 години. Знаев дека некој е подобар од него. Кажав дека Федерер е голем шампион, но не е добар човек“, изјави постариот Ѓоковиќ.

По камбекот со победа на Мастерсот во Монте Карло, Ѓоковиќ вели дека не се согласува секогаш со изјавите на неговиот татко, но дека секогаш стои зад него.

„Го сакам, тој ми е најголемата поддршка. Не можам да контролирам што кажува, бидејќи секој има право да го каже своето мислење и не се согласувам со сите работи кои ги кажува. Тој е страствен човек и сака да ме заштити, така што секогаш сум зад него“, вели Новак.

Таткото на Ѓоковиќ: Сакаме Федерер да игра уште 5-6 години за да губи од Новак

Таткото на Ѓоковиќ се жали: Како е возможно Федерер 15 пати да биде најфер играч!

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион2 часа

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија4 часа

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија6 часа

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија7 часа

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија8 часа

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија8 часа

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија10 часа

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија11 час

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион11 час

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа12 часа

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ12 часа

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија13 часа

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа14 часа

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Македонија1 ден

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија1 ден

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Македонија1 ден

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија1 ден

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Македонија1 ден

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија1 ден

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Досие