Спорт
Интер нема пари за плати, ја одложил ратата за Хакими

Италијанскиот весник „Ла република“ тврди дека Интер се наоѓа во големи проблеми со ликвидноста и дека затоа е потребен влез на нови инвеститори, бидејќи се преговара со играчите за одложување на нивните плати, а исто така не е исплатена ниту ратата за трансферот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид од 10 милиони евра.
Според правилата на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Интер до 16 февруари мора да ги исплати платите за јули и август, и може да биде казнет со поени доколку тоа не се случи. Директорот Бепе Марота ги убедувал играчите дека сите обврски ќе бидат исполнети и побарал за разбирање.
Овие вести доаѓаат по големиот број на шпекулации околу желбата на кинеските газди „Сунинг“ да го продадат клубот или барем да најдат нов малцински сопственик кој би внел капитал во тимот. Британската „БЦ партнерс“ беше најзаинтересирана за влез во италијанскиот гигант, но наместо како малцински сопственик, тие би сакале да станат нов сопственик на клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Инсиње со два гола, Наполи рутински до победа над Болоња

Наполи стигна до 3:1 победа над Болоња благодарение на двата гола на капитенот Лоренцо Инсиње за да ја продолжи битката за топ 4 пласман и Лига на шампиони следната сезона.
Тимот на Џенаро Гатузо дојде во водство уште во осмата минута преку Инсиње, пред Нигериецот Виктор Осимен, кој влезе во 54. минута во 65. минута да го постигне својот прв гол за Наполи по пауза од четири месеци за 2:0. Роберто Соријано во 73. минута се закани со камбек на Болоња, но само три минути подоцна Инсиње да стави точка на натпреварот.
Со завршената работа, Инсиње во 79. минута излезе од игра, и шанса да го одигра финишот доби македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.
Наполи се шести на табелата со 47 поени, два помалку од петтопласираната Аталанта и три зад четвртопласираната Рома, додека Болоња на Синиша Михајловиќ се на 12. место со 28 поени.
Спорт
Кејн и Бејл ги „растурија“ Кристал палас!

Тотенхем стигна до импресивна 4:1 победа над Кристал палас за трет триумф во низа на тимот на Жозе Мурињо за доближување на само два поени од топ 4 пласман во Премиер лигата, откако Хери Кејн и Герет Бејл имаа вистинско шоу во северен Лондон.
Кејн прво му асистираше на Бејл во 25. минута за водство на Тотенхем, но Кристијан Бентеке со убав гол со глава израмни на истекот на првото полувреме. Во второто полувреме, во 49. минута, Кејн повторно му асистираше на Бејл за Велшанецот да го постигне својот шести гол во последните шест меча, за потоа Кејн самиот двапати да се запише во листата на стрелците во 52. и 76. минута.
Тотенхем сега се шести со 45 поени, еден зад Евертон на петтото место и два зад Челси, додека Палас се на 13. место со 34 поени.
Спорт
„Ѓаволите“ се лек за Манчестер сити – ставија крај на низата од 21 победа!

Манчестер јунајтед можеби веќе ја загуби трката за премиерлигашката титула со „гласниот градски сосед“ Манчестер сити, но тоа не ги спречи да стигнат до 2:0 победа на „Етихад“ и така да стават крај на славната низа од 21 победа едноподруго на тимот на Пеп Гвардиола.
И покрај победата, разликата останува 10 поени во предност на Сити на 10 кола пред крајот на сезоната и тешко е да се очекува дека тимот на Гвардиола сега ќе влезе во криза, сепак, победата е „слатка“ за Јунајтед, кои во последните три меча одиграа три разочарувачки 0:0 ремија. Пред овој меч, Сити имаа 21 победа во низа во сите натпреварувања, од кои 15 во Премиер лигата, со вкупна гол разлика од 55:8.
Шокот за Сити дојде рано, откако уште во втората минута, Антони Марсијал беше соборен во шестнаесетникот, а Бруно Фернандеш беше сигурен од белата точка и покрај тоа што Едерсон беше многу блиску до топката. По ова, Сити „притиснаа“, но не успеаја да го пробијат голот на Дин Хендерсон, по што во 50. минута, Лук Шо успеа повторно да го совлада Едерсон за 0:2.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“