Спорт
Исландскиот селектор: Дојдовме во Скопје за да ви ја расипеме забавата

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот ја има последната пречка во квалификациите а пласман на Мундијалот во Катар идната година. Избраниците на Благоја Милевски сами одлучуваат за својата судбина, па со победа против селекцијата на Исланд која нема никакви шанси за пласман на СП, Македонија ќе игра во баражот за пласан на Мундијалот.
На денешната прес-конференција во Скопје, селекторот на „рибарите“ Арнар Видарсон растоварен од притисокот за позитивен резултат вели дека фудбалерите од Исланд во Скопје дошле за да и ја расипат забавата на Македонија.
„Знаеме дека за Македонија ова е многу важен меч. Но, ние секогаш сме мотивирани кога играме против Македонија, затоа што сакаме секогаш да се покажеме во добро издание против селекција кога играла на Европско првенство. Ви посакуваме среќа утре, но ние сме тука за да ви ја расипеме забавата. Сигурен сум дека сите во нашиот тим се мотивирани. Секој квалификациска натпревар за нас е важен, посебно сега кога формираме нов тим на млади играчи. Не е воопшто прашање дали имаме шанси за успех, туку единствено е важно да одиграме максимално. Според мене, шансите на утрешниот натпревар се исти, затоа што Македонија има квалитети, но има и свои недостатоци кои ние ќе се обидеме да ги искористиме“, изјави селекторот Видарсон.
Натпреварот на арената „Тодор Проески“ почнува утре во 18 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул го поставија Шмадке како нов спортски директор

Ливерпул го потврдија именувањето на Јерг Шмадке како нов спортси директор, кој ќе го предводи „ремонтот“ на тимот ова лето по неуспешната сезона во која „црвените“ не успеаја да влезат во Лигата на шампиони.
Германецот Шмадке помина повеќе од четири години на иста позиција во Волфсбург пред да си замине на стартот на годината, а работеше и во Келн, Хановер и Алеманија Ахен. Тој ќе почне со работа на 1 јули и ќе го замени Џулијан Ворд, кој заминува по една деценија на „Енфилд“, но само 12 месеци на оваа позиција.
Ливерпул завршија петти во Премиерлигата, и нема да играат во ЛШ првпат од 2016/17.
Спорт
Хоселу е на чекор до трансфер во Реал
Реал Мадрид е многу блиску до потпис со нов напаѓач. Станува збор за 33.годишниот центарфор на Еспањол, Хоселу. Тој треба да пристигне на позајмица, пишува „Марка“, а Реал само ќе ја преземе обврската да му ја исплаќа платата. Постои можност и по позајмицата да остане играч на Реал. Тој наводно ќе ја активира клаузулата во договорот со која ќе може да си замине доколку клубот испадне, што ќе се случи на крајот од сезоната.
Хоселу е искусен напаѓач кој пред 12 години играше за Реал Мадрид, односно неговиот друг тим Кастиља. За првиот тим има одиграно еден натпревар во сезоната 2011/2012.
Потоа смени многу клубови, играше за Хофенхајм, Ајнтрахт Франкфурт, Хановер, Стоук Сити, Депортиво, Њукасл, Алавес, пред минатото лето да пристигне во Еспањол.
Тој е во фантастична форма оваа сезона. Постигна 17 гола во сите натпреварувања и пред крајот на сезоната се наоѓа на третото место на листата на најдобри стрелци во Примера. Пред него се само Левандовски и Бензема.
Спорт
Покетино почна со чистката – Челси нема да го откупи договорот на Феликс

Маурисо Покетино, новиот тренер на Челси, започна со чистката во соблекувалната. Аргентинецот, вчера потпиша две годишен договор, а денес го известил Жоао Феликс дека неговиот договор нема да биде откупен од Атлетико Мадрид.
Жоао Феликс, во јануари, се пресели на позајмица во Челси. „Сините“ за него на Атлетико му платија 11 милиони евра. Феликс неколку пати изјави дека сака да остане на „Стенфорд Бриџ“. Покетино нема да му ја исполни желбата.
Феликс за Челси одигра 20 натпревари и постигна четири гола.
„Челзи не извести дека Покетино не го сака Феликс и дека нема да го откупат неговиот договор. По истекот на позајмицата, тој ќе се врати во Атлетико, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Во моментов немаме планови за него”, им откри во вторникот на шпанските новинари, пртседателот на Атлетико, Енрике Серезо.
Жоао Феликс е првата „жртва“ во ерата на Покетино во Челси. Се очекува во преодникот рок клубот да го напуштат Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијеш, Калиду Кулибали, Мејсон Маунт, Нголо Канте…