Спорт
Италијанска драма во Мелбурн – Фоњини го победи Карузо

Драма на италијански начин. Вака може да се опише мечот помеѓу Фабио Фоњини и Салваторе Карузо, одигран во второто коло на Австралија опен Победникот беше решен во супер тај-брејкот, во петтиот сет, а на крајот драмата беше зачинета со вербална расправија помеѓу тенисерите.
Фабио Фоњини го победи Салваторе Карузо со 4/6, 6/2, 2/6, 6/3, 7/6 (14:12). Мечот траеше три часа и 47 минути.
Во првите четири сета воопшто немаше драма, во тие сетови, еден или два брејка беа доволни да се освои сетот.
За разлика од првите четири, петтиот понуди буквално се, особено тај-брејкот. Карузо успеа да поведе со 5:1, Фоњини се врати со четири поени во низа, потоа и да поведе со 8:7, а пропушти и две меч топки на 10:9 и 12:11, додека Каурзо имаше меч топка при резултат 11:10.
Италијанската пресметка на крајот доби и шестти сет. Откако се поздравија на мрежата Фоњини и Карузо започнаа жестока расправија, на италијански начин, мавтаа со рацете, викаа еден на друг, поради што луѓето од организацијата влегоа на теренот и ги раздвоија.
Фоњини во наредната рунда ќе игра против најдобриот Австралиски тенисер Алекс Де Минор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Златан се повреди, нема да игра против Манчестер јунајтед

Ветеранот на Милан, Златан Ибрахимовиќ има повреда на десниот бутен мускул и ќе пропушти четири важни натпревари на „росонерите“, вклучувајќи ја пресметката со својот поранешен клуб Манчестер јунајтед.
Ибрахимовиќ беше заменет при вчерашната 2:1 победа над Рома и прегледите покажаа дека има повреда на левиот адуктор, по што ќе паузира најмалку 10 дена, пропуштајќи ги мечевите со Јунајтед во осминафиналето на Лига Европа и дуелите од Серија А, Верона, Удинезе и можеби Наполи.
Со ова, Златан ќе може на мир да отпатува на музичкиот фестивал Санремо, каде што ќе биде посебен гостин и како што е најавено ќе пее во дует со тренерот на Болоња и негов близок пријател, Синиша Михајловиќ.
Спорт
Гвардиола: Баерн Минхен, а не Сити се најдобриот клуб на светот

Пеп Гвардиола смета дека европските и светски шампиони Баерн Минхен се најдобриот клуб на светот и покрај тоа што неговите Манчестер сити имаат 20 победи едноподруго.
Ова го тврдеше менаџерот на Вест хем, Дејвид Мојс, по 2:1 поразот од Сити на „Етихад“ во саботата, кога Сити поставија рекордни 20 победи во низа, но Гвардиола смета дека Ливерпул, како актуелни шампион се најдобри во Европа, додека Баерн се најдобри на светот.
„Најдобар тим во Европа и во светот се Баерн Минхен, бидејќи освоија се што можеше. Тие се најдобри. Во Англија, шампионите се Ливерпул бидејќи се најдобри. Ако сакате да ја земета таа круна, тогаш треба да ја освоите. Во март никој не е шампион. Мора да играме добро, но и да признаеме дека последните неколку месеци беа одлични за нас“, вели Гвардиола.
Баерн во моментов се носители на шест титули – Бундеслига, Лига на шампиони, Светско клупско првенство, УЕФА Суперкуп, ДФБ куп и Германски суперкуп. Барселона, тогаш под водство на Гвардиола, беше единствен клуб кој имаше шест титули во исто време во 2009 година (Ла Лига, Копа дел реј, Суперкопа Еспања, ЛШ, УЕФА Суперкуп и Светско клупско првенство).
Спорт
Калиниќ МВП за февруари

Крилниот кошаркар на Валенсија, Никола Калинќ, го обележа месец февруари, во Еверолигата. Калиниќ го предводеше својот тим до три победи, со просечен индекс на успешност 21,3.
Валенсија, во овој период играше со три од четирите првопласирани екипи на табелата: ЦСКА; Реал и Зенит.
Во победите на ЦСКА 105:103, Зенит 91:62 Реал 89:78, Калиниќ забележа просек од 15,7 поени и 5,7 асистенции.
На табелата во Евролигата, Валенсија се наоѓа на деветтото место со 14 победи и 12 порази.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран