Спорт
Италијанскиот амбасадор на гости во ФФМ, пред фудбалската пресметка во Палермо (ФОТО)
Во пресрет на плејоф натпреварот во Палермо меѓу Италија и Македонија за пласман на Светското првенство во Катар, гостин во „Куќа на фудбалот“ беше амбасадорот на Италија во нашата држава, Андреа Силвестри.
Заедно со раководството на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски ги споделија своите очекувања од важниот натпревар на 24. март и имајќи в предвид дека Македонија и Италија се пријателски земји, дадоа збор на финалниот бараж натпревар да навиваат за една од двете репрезентации.
Италијанската амбасада и амбасадорот Андреа Силвестри на ФФМ и подарија фотографии од репортажатата „За Првпат“ на фотографот Матео де Мајда и новинарот Козимо Биѕари направени од повеќе места во Македонија во времето пред историскиот прв настап на македонската репрезентација на ЕВРО 2020. Фотографиите со различни мотиви од македонскиот клупски фудбал и навивачките групи сега ќе бидат дел од „Куќа на фудбалот“.
„Очекувам отворен натпревар. Ќе биде предизвик за двете репрезентации. Мечот на 24. март во Палермо е голем спорски момент, но и момент на пријателство меѓу двете земји. Нека победи подобриот“, рече амбасадот на Италија, Андреа Силвестри.
„Самиот факт дека играме против Италија е доволен мотив за нас. Ние не се плашиме кога играме против големи селекции. Италија е Европски првак, фаворит на овој меч, но во фудбалот се е можно. Верувам во фер натпревар. Ние ќе продолжиме да сонуваме за големи работи“, рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Фотографии од репортажата беа изложени во галерии ширум нашата земја, во градовите Скопје, Кавадарци, Струмица и Прилеп, а истите беа објавени во многу медиуми ширум светотот, вклучително и Њујорк Тајмс, Фајненшал Тајмс, Дер Шпигел. Репортажата „За првпат“ беше направена со поддршка на Музејот на современа фотографија во Милано, магазинот Ундичи и ФФМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.