Спорт
Иванишевиќ: Желба ми е Новак да стане најдобар на сите времиња!
Поранешниот хрватски тенисер, Горан Иванишевиќ смета дека АТП купот многу му помогнал на неговиот ученик, Новак Ѓоковиќ на стартот на новата сезона.
„Триумфот на АТП купот многу му помогна на Новак да ја подигне формата. Србија освои титула благодарение на Лајовиќ и Троицки, но Новак беше неверојатен. Му беше потребна таа позитивна енергија, го подигна нивото на игра и доби самодоверба“ – вели Иванишевиќ.
Хрватот, според многумина, е најзаслужен за подобрениот сервис на српскиот тенисер.
„Ми рече дека сака да го унапреди сервисот, пред се вториот сервис. Сега редовно бележи брзини од 180 до 190 километри на час. Сега повеќе верува во својот сервис“ – вели Иванишевиќ.
Тој потенцира дека има само една желба кога станува збор за работата со Ѓоковиќ.
„Имам само една желба, да останам доволно долго со Новак, да дочекам да стане најдобар тенисер на сите времиња. Она што го покажа последните 9 години сугерира токму на тоа“ – вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чави се предомисли, останува на клупата на Барселона
Чави Ернандез и наредната сезона ќе ја предводи екипата на Барселона.
Клупските челници од стадионот „Камп Ноу“ и Чави имаа средба во текот на денот и се договориле нивната соработка да продолжи.
Договорот бил постигнат во вилата на претседателот Џоан Лапорта.
Чави пред неколку месеци најави дека ќе си замине на крајот на сезоната, но се предомисли.
Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот потпишал нов едногодишен договор и дека во клубот со кој имаше многу успеси како играч ќе остане до 30 јуни 2025.
Барселона моментално е на второто место во Ла Лига, со 11 бодови помалку од лидерот Реал.
Спорт
Претседателот на Ла Лига јавно кажа дека е навивач на Реал
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас отворено призна дека навива за Реал Мадрид во интервју за „Експансион“. Овој факт е познат од поодамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Овој детал Тебас го откри додека го коментираше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал.
„Прво и основно, сето ова го кажувам како навивач на Реал Мадрид. Тоа е неверојатен трансфер, Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Не можам да кажам дека е најдобар бидејќи мислам дека Белингам е најдобар, и зад него е Винисиус“, рече тој и потоа додаде:
„Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, затоа мора да бидеме среќни бидејќи таков играч доаѓа во нашата лига. Знам како Реал Мадрид планира да го обезбеди неговиот потпис, и покрај загриженоста и нестрпливоста на медиумите. Тоа го направија во добар момент.”
Да потсетиме, Мбапе на лето доаѓа во Реал Мадрид како слободен играч, откако ќе му заврши договорот со ПСЖ.
Спорт
(Видео) Кобајаши леташе 291 метар
Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши постави неофицијален светски рекорд во Исланд прелетувајќи 291 метар, што е за 37,5 метри подобро од официјалниот светски рекорд.
Рекордот Кобајаши го постави на специјално изградена скокалница во ски-центарот Хлидарфјал.
Кобајаши ги помести границите со летови од 256, 259 и 282 метри во двата дена од пробното натпреварување, а во средата го постави конечниот рекорд од 291 метар. Осум секунди бил во воздух и достигнал најголема брзина од 107,5 километри на час.
„Долго сонував за овој скок, отсекогаш сум сакал да летам подалеку од сите други и сакам да ги поместам границите“, изјави Кобајаши по најдолгиот лет во историјата.
Според соопштението за печатот на Ред Бул, специјалната скокалница е целосно изградена од снег. Врвот на залетиштето е на 1115 метри, а зоната на слетување завршува 360 метри подолу и има наклон од 36 степени.
Јапонецот во кариерата има 32 победи во Светскиот куп, два пати беше севкупен победник, има златен и сребрен медал од Олимписките игри во 2022 година, а три пати ја освојуваше и Новогодишната турнеја.
𝟐𝟗𝟏 𝐌𝐄𝐓𝐑𝐎́𝐖 ❗️
Ryoyu Kobayashi udowodnił, że niemożliwe nie istnieje ❗️#skijumpingfamily pic.twitter.com/Or7frTerSh
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) April 24, 2024