Спорт
Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон

Калин Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон. Македонскиот тенисер во три сета загуби од Шпанецот Педро Роденас 6/3, 6/7, 4/6. Мечот траеше 121 минута.
Ивановски, со пресврт го загуби четвртфиналето. Го доби првиот сет со 6/3, потоа успеа да се врати во вториот сет по водството на противникот ос 1:5, но не успеа во тај-брејкот. Во 13.гем, Ивановски испушти водство од 3:0 и 5:2.
Во третиот сет клучниот брејк Шпанецот го направи во седмиот гем. Претходно Роденас направи брејк во третиот гем, а Ивановски загубениот сервис го врати во шестиот гем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мората е понуден на „Олд Трафорд“

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората би можел да го засили Манчестер Јунајтед. Тој има договор со Атлетико Мадрид до крајот на јуни 2023 година, но ниту во престојната сезона нема да игра за составот на Диего Симеоне. Претходно беше позајмен во Јувентус, но сега Атлетико сака комплетно да го продаде.
Напаѓачот е понуден на „Олд Трафорд“, а „црвените ѓаволи“ бараат напаѓач. Претходно, Болоња ја одби понудата од Јунајтед за Марко Арнаутовиќ.
Мората изминатите две сезони играше како позајмен играч во Јувентус, но и „старата дама“ не сакаше да го откупи неговиот договор.
Спорт
Вернер е нов играч на Лајпциг – „Тимо се врати дома“

Напаѓачот на Челси, Тимо Вернер, официјално се врати во Лајпциг, потврдија двата клуба. По две сезони на „Стемфорд бриџ“, Германецот ќе се врати во Ред Бул, каде што помина четири многу успешни години помеѓу 2016 и 2020 година.
Трансферот е комплетиран, а според последните информации Лајпциг ќе плати 20 милиони евра за Вернер плус бонуси со кои сумата може да достигне и 30 милиони.
Договорот на напаѓачот е на четири години.
Непосредно пред двата клуба официјално да ја објават веста, Вернер објави писмо со кое се збогуваше со Челси и навивачите на тимот. Иако можеби не ги оправда целосно очекувањата, 26-годишниот напаѓач го напушта „Стемфорд бриџ“ како освојувач на трофејот во Лигата на шампионите.
Спорт
Ерик тен Хаг се насочи кон Коди Гакпо

Манчестер Јунајтед продолжува со очајната потрага по напаѓач и сега од „Олд Трафорд“ размислуваат за трансфер на Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен, пренесуваат медиумите на Островот. Гакпо минатата сезона забележа 12 гола и имаше 13 асистенции во првенството на Холандија, а неговите квалитети му се добро познати на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, кој до пред само два месеци беше на чело на Ајакс.
„Црвените ѓаволи“ активно бараат уште еден напаѓач, кој ќе биде конкуренција на Кристијано Роналдо, чија иднина останува нејасна иако изгледа е сè поверојатно дека ќе остане на „Олд Трафорд“ и на Антони Марсијал, кој допрва треба да импресионира откако минатата сезона беше и на позајмица.
Последните денови активно се зборуваше за интерес за 33-годишниот Марко Арнаутовиќ, но Болоња веќе ја одби понудата и децидни се дека не сакаат да се разделат со играчот.
Очекувањата се дека во наредните денови „црвените ѓаволи“ ќе успеат да ја завршат зделката за ангажман на Адриен Рабио од Јувентус.