Спорт
Извлечени ждрепките за Светското првенство во кошарка 2027

Одржана е ждрепката за квалификациите за Светското првенство во кошарка 2027 година.
Во квалификациите ќе учествуваат 32 екипи, 24 учесници од Евробаскет 2025 и осум победници од претквалификациите. 12 европски екипи ќе одат на завршниот турнир во Катар.
Ждрепката се одржа во салата Алхазм во Доха, а ја водеше глобалниот амбасадор на ФИБА, Кармело Ентони.
Дуелите започнуваат во ноември оваа година, по што следат февруари и јуни 2026 година. Втората фаза започнува во август 2026 година, по што следат ноември 2026 година и февруари 2027 година.
Европски квалификации:
Група А: Шпанија, Грузија, победник од претквалификациите (Група А), второпласиран од претквалификациите (Група Д)
Група Б: Грција, Црна Гора, победник од претквалификациите (Група Б), Португалија
Група Ц: Србија, Турција, Босна и Херцеговина, второпласирани од квалификациите (Група А)
Група Д: Литванија, Италија, Велика Британија, Исланд
Група Е: Германија, победник во квалификациите од Група Д, Израел, Кипар
Група Ф: Латвија, Полска, победник од претквалификациите во Група Ц, второпласиран од претквалификациите во Група Ц
Група Г: Франција, Финска, Белгија, второпласирана од претквалификациите од Група Б
Група Х: Словенија, Чешка, Естонија, Шведска
Американски квалификации:
Група А: САД, Доминиканска Република, победник од претквалификациите Север, Никарагва
Група Б: Порторико, Канада, Бахами, второпласираниот претквалификациски тим Север
Група Ц: Бразил, Венецуела, Колумбија, победник од претквалификациите на југот
Група Д: Уругвај, Аргентина, Панама, второпласираниот Југ од претквалификациите
Азиски квалификации:
Група А: Австралија, Нов Зеланд, Филипини, Гуам
Група Б: Јапонија, Кина, Јужна Кореја, Кинески Тајпеј
Група Ц: Иран, Јордан, Сирија, Ирак
Група Д: Либан, Саудиска Арабија, Индија, Катар (Обезбедено учество како домаќини)
Африкански квалификации:
Група А: Јужен Судан, Зелен ’Рт, Камерун, Либан
Група Б: Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Конго, Мадагаскар
Група Ц: Тунис, Нигерија, Гвинеја, Руанда
Група Д: Ангола, Египет, Мали, Уганда
Првите пет ќе се квалификуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лукас Нмеча е првото засилување на Лидс

Повратникот во Премиер лигата на Англија, Лидс го обезбеди потписот на германскиот напаѓач Лукас Нмеча, кој со тоа ќе стане првото засилување на клубот за следната сезона.
Нмеча се враќа во англискиот фудбал, бидејќи ја започна својата кариера во Манчестер сити, за кого одигра само два првенствени натпревари, а по бројните позајмици се пресели во Волфбург, каде што ги помина претходните четири сезони.
Нмеча е член на германската репрезентација, а во Лидс доаѓа како слободен играч.
Тој со клубот од Јоркшир потпиша две годишен договор.
Спорт
Полонара се бори со леукемија

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара е болен со леукемија, објави неговиот клуб Виртус од Болоња.
Пред две години, Полонара беше опериран за отстранување на тумор на тестисите од кој се опорави, но сега го очекува уште една животна битка.
Му беше дијагностицирана миелоидна леукемија, што значи малигна болест на коскената срцевина.
„Ајде Аки, со тебе сме, те чекаме“, е пораката на неговиот клуб, чие соопштение го преведуваме во целост.
„Виртус ја информира јавноста дека Акиле Полонара во текот на изминатите недели поминал на специјалистички медицински прегледи, по што му е поставена дијагноза миелоидна леукемија. Полонара моментално е хоспитализиран во болницата „Св. Орсоло Малпиги“ во Болоња, каде што започнал со специфични терапии. Целото семејство Виртус е со Акиле и неговите најблиски и му посакува брзо закрепнување. Ајде Аки, сите сме со тебе и те чекаме“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот.
Спорт
Француз го засили Борнмут

Фудбалскиот клуб Борнмут, најде замена за одличниот Милош Керкез, кој ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Францускиот лев бек Адриен Труфер потпиша петгодишен договор со „клубот од јужниот дел на Англија.
Труфер има 24 години и е роден во Белгија, но играше за сите помлади категории на Франција, а дебитираше за сениорската репрезентација во 2022 година.
Тој пристигнува од Рен, каде што беше стандарден во привот тим во изминатите пет сезони.
Salut, Adrien 🇫🇷👋
We're delighted to announce the signing of Adrien Truffert on a five-year deal from @staderennais 🍒 pic.twitter.com/dnqibKbFgN
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) June 16, 2025