Спорт
Јан Рајт во делириум кога неговиот внук го постигна својот прв гол

Легендата на Арсенал, Јан Рајт не можеше да ја скрие радоста откако неговиот внук Д’Марџо Рајт-Филипс го постигна својот прв професионален гол по само една минута од мечот помеѓу Стоук и Фулам во Чемпионшип.
Младиот Рајт-Филипс, синот на поранешното крило на Манчестер сити и Челси, Шон, дебитираше за Стоук сити против Лејтон ориент во ФА купот, и иако неговите Стоук загубија со 3:2, постигна гол по само една минута игра.
Јан Рајт ја сподели својата реакција на Твитер, а откако му кажаа дека Фулам израмниле, одговори кратко: „Не ми е грижа“.
🥰🥰🥰🥰🥰🥰🥰 https://t.co/rpAQ8gB28M pic.twitter.com/794DqNapk6
— Ian Wright (@IanWright0) January 22, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Суарез: Ми рекоа дека немам квалитет за Барселона
Луис Суарез, пред две години буквално беше избркан од Барселона, клуб чии дрес го носеше од 2014 година. За шест сезони Уругваецот се стекна со статус на клупска легенда.
Речиси две години по заминувањето од Камп Ноу, Суарез рече дека овој потег имал влијание врз неговата кариера. Уругваецот откри и каква порака добил од челниците на Блауграна, кога му било кажано дека треба да го напушти клубот.
„Моето заминување од Барселона ми ја одбележа кариерата и ме натера да продолжам да се докажувам. Ми рекоа дека не сум на потребното ниво за да продолжам во Барса. Бев фрустриран, но потоа реков: „Морам да продолжам да ја докажувам мојата вредност“, изјави Суарез за „Барса универзал“.
Уругваецот дефинитивно на најдобар можен начин им одговори на Каталонците, кој веднаш со Атлетико Мадрид ја освои титулата на Шпанија. Тој беше клучен играч на „јорганџиите“, постигна 21 гол во Ла Лига.
Но, исклучителната форма од минатата сезона не продолжи оваа година.
Сега се чини дека Диего Симеоне решил да се ослободи од Луис Суарез, а фудбалерот добил неколку понуди од Јужна Америка и Саудиска Арабија, но тој ги одбил.
Се споменува дека за неговите услуги е заинтересирана Астон Вила, а најмногу Стивен Џерард, тренерот на овој клуб, пренесуваат медиумите на Островот.
Суарез и Џерард беа колеги во Ливерпул, а оттаму постои многу добар однос меѓу двајцата што би го олеснил трансферот на напаѓачот во Астон Вила.
Спорт
Дебакл на Мајами во Бостон

Кошаркарите на Бостон славеа против Мајами со 102:82 во натпреварот број четири од финалната серија на Истокот. Така успеаја да израмнат во серијата на 2:2 и да внесат дополнителна драма, за разлика од Западот каде Голден Стејт е во убедливо водство против Далас.
Селтикси, н почетокот најавија во кој правец ќе се движи натпреварот. Тие имаа предност од 26:4. Во тие први 12 минути Мајами промаши буквално од сите позиции, а потоа навистина немаше на што да се надева.
Во тимот на Мајами буквално сите потфрлија, па Џими Батлер, најдобриот играч на тимот, за 28 минути успеа да постигне само шест поени.
Колку беа лоши говори податокот дека Бам Адебајо застана на девет, Кајл Лаури на три, а Струс и Пи Џеј Такер не постигнаа ниту еден поен.
Данкан Робинсон додаде 14, Кејлеб Мартин 12, а најдобар беше Виктор Оладипо со 23 поени.
Кај победниците се истакна Џејсон Тејтум со 21 поен и осум скока, Пејтон Причард додаде 14, Дерик Вајт 13, а Џејлин Браун и Роберт Вилијамс по 12. За Бостон не играше Маркус Смарт, кој во раната фаза го повреди зглобот.
Следниот, петти натпревар се игра ноќта меѓу среда и четврток од 02.30 часот по средноевропско време, а домаќин е тимот на Мајами.
Спорт
Ѓоковиќ-експрес во првиот вечерен меч во историјата на Ролан Гарос

Актуелниот шампион и светски број 1, Новак Ѓоковиќ ја имаше честа прв да игра во вечерен меч на Ролан Гарос, но тие кои ги платија скапите билети на „Филип Шартие“ на крајот не добија многу за парите, откако Србинот го декласираше Јапонецот Јошихито Нишиока во три лесни сета со 6:3/6:1/6:0.
Во првиот гренд слем меч по фијаското со депортирање од Австралија во јануари, Ѓоковиќ имаше „мака“ само во првиот сет, кој го освои за 51 минута, а паузата поради дождот и затворањето на покривот, како да го наполни со енергија за во вториот сет да му дозволи на 99-рангираниот противник само еден гем, и потоа лесно да го комплетира мечот.
Следен за Ѓоковиќ ќе биде подобриот од мечот помеѓу Словакот Алекс Молчан и Аргентинецот Федерико Корија, но потоа ждрепката станува далеку потешка за него – веќе во четврт-финалето би не чекало пресметка со 13-кратниот шампион од Париз, Рафа Надал, а во потенцијалното полуфинале би бил уште еден Шпанец, младиот талент Карлос Алкараз.