Спорт
Јокиќ по поразот: „Луѓето велеа дека не требаше да победиме“

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, се огласи по поразот од Оклахома Сити Тандер.
Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција од Оклахома Сити Тандер со резултат 112:105.
По болниот пораз, на прес-конференцијата се обрати в.д. тренерот на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, по што следеше и Џамал Мареј.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го предводеше Денвер во овој натпревар со 44 поени, 15 скока и 5 асистенции, а по средбата на конференцијата рече:
„Ништо, Гордон и Мареј имаа отворени шутеви, Портер исто така. Ја изгубивме топката, а имавме отворени шутеви. Не комунициравме добро во тие моменти. Мислам дека тоа е единственото нешто што ни треба. Добри шутеви, отворени“, рече Јокиќ.
„Топката влегуваше внатре. Јас постигнав пет тројки. Тие го направија она што обично го прават, а јас ги погодив кошевите. Нема да се откажеме. Играме пред нашите навивачи. Само вториот натпревар беше лесно решен, сите други беа напнати“.
На прашање колку сте фрустрирани, тој рече:
„Се случува. Луѓето велеа дека не требаше да го добиеме првиот натпревар, па победивме. Третиот беше ист… Вечерва водевме со 12 и не завршивме како што сакавме“
„Не уживам кога губиме. Мислам дека секој тесен натпревар е добар и уживам во него. Без разлика дали станува збор за плејофот или првиот натпревар од сезоната, секогаш играм исто. Се подготвувам исто“, рече српскиот центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Француз го засили Борнмут

Фудбалскиот клуб Борнмут, најде замена за одличниот Милош Керкез, кој ќе ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Францускиот лев бек Адриен Труфер потпиша петгодишен договор со „клубот од јужниот дел на Англија.
Труфер има 24 години и е роден во Белгија, но играше за сите помлади категории на Франција, а дебитираше за сениорската репрезентација во 2022 година.
Тој пристигнува од Рен, каде што беше стандарден во привот тим во изминатите пет сезони.
Salut, Adrien 🇫🇷👋
We're delighted to announce the signing of Adrien Truffert on a five-year deal from @staderennais 🍒 pic.twitter.com/dnqibKbFgN
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) June 16, 2025
Спорт
Ал Хилал не се откажува од Осимен, му нуди 50 милиони евра годишна плата

Ал Хилал не се откажува од ангажманот на Виктор Осимен. Нигериецот досега одби неколку понуди да се пресели во Саудиска Арабија. Последната понуда изнесуваше 30 милиони по сезона. За да го уебди Ал Хилал повторно ја зголеми понудата.
Виктор Осимен се врати во Наполи, откако минатата сезона ја мина на позајмица во Галатасарај. Осимен не е во добри односи со првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Јасно е дека ќе го нашушти клубот, проблем за Наполи е што никој сем Ал Хилал нема намера да издвои 75 милиони евра за Нигериецот.
Од Ал Хилал се упорни, ја зголемија понудата, сега на Осимен му нудат годишна плата од 50 милиони евра.
Дали ќе ја одбие и оваа понуда ќе биде познато во наредните денови.
Спорт
Педро го продолжи договорот со Лацио

Шпанскиот ветеран Педро Родригез и на 38-годишна возраст успеа да добие нов договор.
Челниците на фудбалскиот клуб Лацио имааат целосна доверба во искусниот крилен напаѓач кој ќе остане на „Олимпико“ до јуни 2026 година.
Победникот на Европското и Светското првенство со Шпанија е во Лацио од 2021 година, има постигнато 34 гола на 176 натпревари.
Пред Лацио, тој помина една сезона во градскиот ривал Рома, пет години во Челзи и седум во Барселона.