Спорт
Јокиќ 38 поени, Денвер го победи Портланд – Милвоки го декласира Мајами
Денвер Нагетс го израмни резултатот во серијата со Портланд Трејлблејзерс, а Милвоки Бакс ја искористи предноста на домашниот терен и сега води против Мајами Хит со 2:0.
Денвер, предводен од Никола Јокиќ, славеше победа 128:109 против Портланд. Победникот беше решен во третиот пероиод кога разликата се искачи на 20 поени за Денвер.
Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар, постигна 38 поени, на кои придодаде осум скока и пет асистенции. Уште петмина кошаркари на Денвер постигнаа двоцифрен број поени.
Јокиќ и тимската игра ја неутрализираа бруталната партија на Демијан Лилард од 42 поена и 10 асистенции.
Третиот натпревар се игра на 28 мај.
Милвоки Бакс го декласираа финалистите од минатата сезона, Мајами Хит, со 132:98. Победникот беше познат по првиот период, во кој Бакс постигна 46, а прими само 20 поени.
Јанис Адетокумбо постигна шест тројки од седум обиди, натпреварот го заврши со 31 поен, 13 скока и шест асистенции. Шест тројки од исто толку обиди постигна Крис Мидлтон, Џру Холидај забележа 11 поени и 15 асистенции, а Брајан Форбс постигна 22 поена.
Двејн Демонд со 19 поени и Горан Драгиќ со 17 поени се единствените чиј настап кај Мајами вреди да се забележи, другите, вклучувајќи го и Џими Батлер, беа далеку под своите стандарди.
Серијата сега се сели во Мајами, третиот меч се игра на 28 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Милик му обезбеди финале во Купот на Јувентус
Фудбалерите на Јувентус загубија од Лацио во Рим со 2:1, во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. И покрај поразот Јувентус се пласира во своето 22. финале во Купот. Пресуди првиот меч кој Јувентус го доб со 2:0.
Лацио многу подобро го започна натпреварот, веќе во 12. минута поведе. Валентин Тати Кастеланос погоди на асистенција на Луис Алберто.
До крајот на првото полувреме немаше промена на резултатот.
Кастељанос погоди и во 49. минута, а асистент уште еднаш беше Луис Алберто – 2:0.
Се чинеше дека дуелот ќе оди во продолженија, но Јувентус успеа да се извлече во финишот.
Акрадиуш Милик, во 83.минута, во првиот контакт со топката намали на 2:1. Полјакот влезе на теренот на местото на Влаховиќ.
Јувентус во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта.
Тимот од Фиренца успеа да слави на првиот натпревар со 1:0, реваншот е утре во Бергамо.
Финалето е на програмата на 15.мај.
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Челси
Арсенал го декласира Челси во заостанатиот натпревар од 29.коло во Премиер лигата. во градската пресметка со 5:0. „Тобџиите“ дојдоа до 77 бода, први се на табелата, имаат три бода повеќе од Ливерпул и три од Манчестер сити, но црвените имаат еден, а „граѓаните“ два натпревари помалку.
Арсенал во градската пресметка ги декласира „сините“ во второто полувреме. Првиот дел заврши со 1:0, со голот што го постигна Торсар во четвртата минута.
Во вториот дел се случи канонада кон глот на Челси. Вајт погоди во 52 минута, потоа Хаверц постигна два гола во 57. и 65.минута, а серијата ја заврши Вајт во 70.минута.
Спорт
Брејк на Макаби во Атина
Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.
Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.
Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).
Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.
Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.
Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.
Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.