Контакт

Спорт

Јокиќ блесна за триумф над Вашингтон, Индијана го победи Голден Стејт

Објавено пред

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го одигра натпреварот на сезоната во победата на Денвер над Вашингтон од 141:128. За 33 минути на паркетот имаше ефект од 43 поени, 14 скока, осум асистенции и пет украдени топки.

Боунс Хајланд додаде 23 поени за победничката екипа, а Арон Гордон имаше еден помалку.



Во осмиот последовен пораз на Вашингтон, Кајл Кузма беше најдобар со 24 поени, додека поранешниот играч на Нагетс, Вил Бартон, постигна два поени помалку.

Кливленд успеа да слави на гости против Далас со 90:105. Донован Мичел со 34 поени го предводеше гостинскиот тим до победа, а Лука Дончиќ беше стрелец на 30 поени во составот на Далас Маверикс.

Индијана Пејсерс им зеде мерка на Голден Стејт Вориорс победувајќи со 125:119. Тајрес Халибартон уфрли 29 поени во победничкиот тим, додека Стеф Кари беше најефикасен на мечот со 38 кошеви и по седум скокови и асистенции.

Резултати: Индијана – Голден Стејт 125:119, Орландо – Атланта 135:124, Шарлот – Детроит 134:141 (прод.), Чикаго – Њујорк 120:128 (прод.), Торонто – Сакраменто 123:124, Оклахома – Торонто 108:110, Сан Антонио – Портланд 112:128, Далас – Кливленд 90:105, Денвер – Вашингтон 141:128, Клиперс – Минесота 99:88.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Сензација – Реал елиминиран во 1/4 финалето од АЦБ лигата

Објавено пред

Тенерифе ја приреди најголемата сензација во европската кошарка оваа сезона. Тимот од Канарските Острови го елиминираше Реал Мадрид, а конечниот резултат од третиот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот на АЦБ лигата во „Висинк Центарот“ беше 95:107 (24:23, 21:26, 28:21, 22:37).

Иронично е што тимот на италијанскиот тренер Серхио Скариоло стигна многу подалеку во Евролигата, односно до финалето, а последен пат „кралскиот клуб“ беше елиминиран во четвртфиналето од плејофот на шпанското првенство во 2008 година, кога Реал загуби од Уникаха.

Тенерифе победи поради значително подобриот шут за три поени – 13/28 наспроти 5/31 на Реал.

Секако, искуството беше одлучувачки фактор – кошаркарска легенда во репрезентативните натпреварувања, 37-годишниот Австралиец Пати Милс постигна 29 поени, додека 43-годишниот Бразилец Марселињо Уертас имаше 23 поени.

Кевин Јебо, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, значително му помогна на тандемот ветерани со 22 поени и седум скока.

Тенерифе немаше играч под 29 години во маестралната игра против Реал. Ако нешто можеше да се издвои како светла точка за Реал во овој дебакл, тоа би била играта на Марио Хезоња. Хрватскиот репрезентативец шутираше 8/9 за двојки, 1/5 за тројки и 3/4 од линијата за слободни фрлања, постигна за 22 поени.

Речиси е сигурно дека ова е последниот натпревар што го одигра 38-годишниот Серхио Љуљ. Тој помина шест минути и 14 секунди на теренот, промаши еден шут за два и еден фаул.
Последната сезона во која Реал не освои ниту еден трофеј и во фудбал и во кошарка беше пред 16 години.

Прикажи повеќе...

Спорт

Алварез го одбил Арсенал, ќе остане во Мадрид

Објавено пред

Плановите на Арсенал да доведе голема ѕвезда во летниот преоден рок, барем засега нема да се остварат. Хулијан Алварез, напаѓач означен како приоритет од страна на менаџерот, Микел Артета, одбил да се пресели во Лондон.

Според, новинарот на „СЕР Депортивос“, Педро Фулана, Арсенал е единствениот клуб подготвен да даде конкретна понуда до Атлетико за 26-годишниот напаѓач. Сепак, договорот не е можен бидејќи Алварез немал намера да се враќа во Премиер лигата.

Со оглед на тоа што интересот на Барселона престана поради финансиски проблеми, се чини дека освојувачот на Светското првенство е задоволен што останува во Шпанија под водство на Диего Симеоне и нема намера да бара трансфер.

Фулана објасни во програмата на „СЕР Депортивос“, дека целата операција со неколку заинтересирани клубови „целосно запрела“. Тој нагласи дека иако Арсенал е единствениот тим што нуди реална опција, одбивањето на играчот дури и да размисли за трансфер во голема мера го прави невозможен неговиот трансфер.

Во Атлетико, од друга страна, се целосно мирни и покрај шпекулациите во медиумите и активно градат тим за следната сезона околу Алварез, кој постигна 20 гола минатата сезона.

Шпанскиот клуб даде приоритет на засилувањата во одбраната и средниот ред. Нивните цели се дефанзивецот на Челзи, Марк Кукуреља, а ја следат и ситуацијата околу Бернардо Силва. Амбициозните планови на клубот зависат од задржување на клучни играчи како Алварез, чија иднина е обезбедена со договор што важи до јуни 2030 година.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) (Не)пријателски натпревар меѓу Португалија и Чиле

Објавено пред

Португалија го победи Чиле со 2:1, во пријателски меч одигра во Лисабон.

Натпреварот го обележа она што се случи во финишот на првото полувреме, кога судијата подели два црвени картони.

Физички се пресметаа чилеанскиот дефанзивец Иван Роман и португалската ѕвезда Рафаел Леао. Рамон заврши на земја откако Леао го турна во лицето со рака, по што другите играчи ја смирија ситуацијата.

Судијата им покажа на Рамон и на Лео директни црвени картони по кратка мешаница. Одлуката предизвика протести од двете страни, а публиката го испрати судијата со свирежи. Екипите влегоа во второто полувреме со десет играчи.

Ова е претпоследниот пријателски натпревар на Португалија пред Светското првенство, каде што е во група со Колумбија, Узбекистан и ДР Конго. Чиле не се квалификуваше за Мундијалот.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Сензација – Реал елиминиран во 1/4 финалето од АЦБ лигата

Тенерифе ја приреди најголемата сензација во европската кошарка оваа сезона. Тимот од Канарските Острови го елиминираше Реал Мадрид, а конечниот...

Спорт3 часа

Алварез го одбил Арсенал, ќе остане во Мадрид

Плановите на Арсенал да доведе голема ѕвезда во летниот преоден рок, барем засега нема да се остварат. Хулијан Алварез, напаѓач...

Спорт3 часа

(Видео) (Не)пријателски натпревар меѓу Португалија и Чиле

Португалија го победи Чиле со 2:1, во пријателски меч одигра во Лисабон. Натпреварот го обележа она што се случи во...

Спорт3 часа

Спектакуларни квалификации во Монте Карло – Кими на пол позицијата пред Ферстапен, Леклер заврши во ѕидот

Андреа Кими Антонели ја освои пол-позицијата пред утрешниот старт на Големата награда на Монако, поставувајќи време за 43 илјадитинки побрзо...

Спорт4 часа

19-годишната Мира Андреева го освои Ролан Гарос

Мира Андреева е шампионка на Ролан Гарос. Русинката стигна до својата прва Гренд слем титула откако ја победи со 6:3,...

Македонија4 часа

Родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда за починатите деца

По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите...

Македонија5 часа

Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула

Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската...

Свет6 часа

Американски лекар заразен со ебола пуштен од болница

Американски лекар, кој се заразил со ебола додека работел на хуманитарна мисија во Конго, е отпуштен од болница во Германија...

Македонија6 часа

(Фотогалерија) 12 нови детски песни премиерно изведени денес на првиот фестивал „Киселко“ во Кисела Вода

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“, во организација на Општина...